Автор: mkasnomadmn

Помошта на САД во судството, доказ дека не ни е потребна помош

НовАсном смета дека, лакрдијата со случувањата во Судскиот Совет како и писмото на амбасадорката на САД, Г-ѓа Аглер, упатено до нашите судски инстанци, е само една потврда дека САД, освен имањето пари, што ги фрлаат во македонскито судскиот систем, немаат визија и решенија како да ги решат проблемите во судството. Од друга страна, се потврдува по којзнае кој пат дека нашите политички т.н. елити, освен сервилност, послушност и поданост, секој закон ќе го прекршат за да се додворат до нашите стратешки партнери а при тоа задржувајќи си ја својата коруптивна позиција во општеството, без да се нудат решенија за истото. 

Фактот што САД признаваат дека имаат потрошено пола милјарди долари во разно-разни т.н. судски реформи а при тоа резултатот е никаков, потврдува дека нам, странците и нивните фушерски решенија, не ни се излез од нашево корумпирано судство. Напротив, САД со вакви писма упатени до Судскито Совет само сакаат да влијаат врз судски случаеви кои имаат политичка позадина и со тоа да ја обликуваат политичката реалност во Македонија. Целта на САД како и до сега, е моделирање на македонскиот политички блок според нивните потреби а при тоа оставајќи го албанскиот политички блок недопирлив, затоа што истиот е 100% сервилен кон нив.  

До сега, немаме осудено албански политичар за корупција во земјава, ниту пак амбасадата на САД има пратено писмо до судските власти на оваа тема.  

Испаѓа дека политичарите на ДУИ, кои владеат 20 години, се примерни анти коруптивни политичари со одличен анти коруптивни манири. 

НовАсном смета дека решенитето во судскиот систем во Македонија, треба да биде автохтоно и произлезено од наши домашни експерти кои добро ги познаваат добрите и лошите страни на македонското судство  а се со цел, да се достигне целосно независно судство отпорно на надворешни и внатрешни влијанија.

Македонија има одлични експерти кои можат да донесат соодветни, вистински и рационални законски решенија во судството, но се нема политичка воља истите да се ангажираат и решенијата да се имплементираат. Се замајува јавноста со т.н. европска агенда која ќе ни донесела подобро утре а при тоа се користи европското знаменце во парламентот да се носат коруптивни закони, случајот Бехтел и Анка земете го како пример.  

Предлозите на професорот Миодраг Лабовиќ презентирани во неговата научна студија, „Системско владеење на правото против системската корупција и организираниот криминал“,  за Судскиот совет се добра основа за вистински реформи во Судскиот совет. Ова подразбира менување на 3-5 членови од уставот како и законски измени од Законт за Судскиот совет.  Потребни ни се коренити и вистински праведни промени во судството, промени за кои сегашните политички елити не се подготвени да ги имплементираат. 

Денот на победата – потсетник да се забрани глорификацијата на нацизмот

Денес на денот на антифашистичката борба 9 Мај 2022, НовАсном со загриженост ги следи општествените текови во кои возвишувањето на нацистичките соработници е норма а запоставување на борците на анти фашизмот е тренд. 

Денеска, балистот и нацистички соработник Џемо Хаса си има име на улица во Гостивар и биста во с. Симница. Целата оваа глорификација на нацистичките соработници е покрената од домашната проевропска политичка т.н. елита која не води сметка за нашето болно минато и одобри овој  докажан соработник на нацизмот, да има свој белег во општествениот живот во Македонија.  

Никој од нашите борци и идеолози, кои се бореа и загинаа за АСНОМ-ска Македонија, не се бореа за да овој нацистички соработник има свое обележје во нашата татковина, во Македонија. Под закрилата на светла Европска перспектива и немање алтернативна визија за иднината на Македонија, актуелните домашни политичари со сета своја сила се обидуваат административно да го избришат македонскиот народ, со тоа што преговараат за алтернативен идентитет преку историската комисија, а сето ова под покровителство  на Европската Унија.  

Предлагаме со закон да се забрани глорификацијата на нацистичките соработници и употребата на нивните симболи. 

Од друга страна, по многу нешта овие времиња наликуваат како оние од пред 1944 година, времиња кога македонскиот народ  немаше своја држава, кога  сонот за самостојна Република Македонија беше сеприсутен и желбата да се живее слободно очигледна. Победата над фашизмот е наш светол симбол и потврда дека ова актуелно  политичко лудило , неприфатено  од македонскиот народ,  што се потврди и со референдумот на 30 Септември 2018 година, може повторно да се победи со сплотеност, одлучност, знаење и посветеност.  

Наша цел е повторно да бидеме победници и затоа ни е потребен НовАсном, за да изградиме нова иднина, нова држава, да изградиме правно општество  каде што секој човек ќе има еднакви можности за просперитетен живот во здрава животна средина. 

Чествување На Јане, Мелник, Р. Бугарија

Делегација на НовАсном денсека беше на поклон на споменикот на Јане Сандански во Мелник, Р. Бугарија каде што бевме дел од чествувањето на Јане Сандански со останатите македонски здруженија и органицазии од целиот свет. Членовите на НовАсном положија цвеќе пред споменикот и дадоа завет дека ќе го следиме патот на Јане се додека не ја оствариме нашата цел, Република Македонија. Денес, и те како се релевантни делата на Јане кои се наш светол пример како да се бориме за да ги оствариме нашите цели од кои нема да отстапиме. Изразуваме благодарност до организаторот на манифестацијата и на Г-дин Стојко Стојков кој беше дел од манифестацијтата. Престедателот на НовАсном, Сашо Маневски, одржа говор во кој ги запозна присутните со претставката која Македонскиот Клуб за Етничка толерантност ја поднесе против Бугарија во Европската Комисија. НовАсном се јавува као претставник на здружението. Идеме напред здружено…

Бугарија да плати 344 милиони долари воени репарации на Република Македонија

Организацијата НовАсном, смета дека нашиот источен сосед-Република Бугарија треба, на Република Македонија да и исплати воени репарации во износ од 334,266,670.00 милиони американски долари, за штетата нанесена за време на Втората светска војна кога, бугарската окупациска војска ја окупираше Македонија. Оттука, сметаме дека Република Македонија, треба да пристапи кон разгледување и формализирање на вакво барање и до нашиот источен сосед, час поскоро, официјално  да поднесе адекватно барање.

Како базична и појдовна сума ја земавме сумата од 25 милиони долари која Република Бугарија ја прифати да ги плати како репарации кон Југославија кога го потпиша Бледскиот Договор на 1 Август 1947 година во Блед, Република Словенија. Сумата од 334,266,677.00 милиони американски долари ја добивме од кога ги пресметавме инфлаторните трошоци од 1 Август 1947 па се до денеска и за тоа го користевме инлфаторниот калкулатор на Министертсвото за труд на САД.  

Паралелно на ова барање, Организацијата НовАсном предлага да се донесе закон кој строго ќе го утврди трошењето на овие сресдства во развојот на недоволно развиени подрачја и одредени инфрастуктурни проекти кои ќе бидат распределеи на следниов начин : 40% од парите да се користат за реновации на болничките центри и вработување во болничките центри  во источниот и јужниот регион, 30% од средствата да се искористат за изгрдадба на пречистителни станици во Битола, Охрид и Струмица и 30% од средствата да се користат за реновирање на школите низ Републиката.

На Борел око не му трепнуе за македонците во Егејска и Пиринска Македонија

НовАсном смета дека, додека Г-дин Борел во владата на РМ имаше прес конференција, каде што му беа поставени однапред нарачани три прашања, во Бугарија и Грција, членки на ЕУ, се кршат основните човекови права на македонците. При тоа, Г-дин Борел око не му трепнува за кршењето на основните човекови права на македонците во ЕУ зошто знае дека со себе го имаше сервилниот Премиер Ковачевски кој ја одигрува Бугарската агенда чија крајна цел е правно бришење на македонската нација. Една од првите чекори кон таа цел е внесување на Бугарите во нашиот устав.  

Вистинските прашања на кои Г-дин Борел треба да одговори пред македонската нација е до кога Европската Комисија ќе ги толерира Бугарија и Грција да во континуитет ги кршат законите на Евопа? Зошто Европската Комисија која има надлежности за санкции кон Грција и Бугарија ништо не превзема и не ги санкционира истите?  

Според ова, патот на оваа вештачка творба Северна, кон Европската Униа е пат кој води кон идентитетска бездна за Македонската нација, чији влез во ЕУ ќе биде и воедно правно исчезнување на Македонската нација. НовАсном  ја посакува Европската Дестинација каде што Македонците ќе бидат рамноправни со сите други нарои а не ние да бидеме нерамноправни меѓу рамноправните. 

НовАсном е изричито против ваквиот конципиран Европски пат и смета дека барањето на алтернативни развојни решенија каде што секој граѓанин на нашата држва ќе има исти економски можности е патот кон успехот. 

Не за заедница на албански општини

Организацијата НовАсном, смета дека, идејата за создавање на албански општини во Македонија е уште еден доказ, дека на предлагачите на оваа идеја не им е битен соживотот, мирот и иднината на Македонија туку, битна им е идејата за неформална федерализација на Македонија преку која ќе се реализира идејата за голема Албанија.
Сметаме дека, ова е пораз на прозападната политика во Македонија што ја води оваа одродничка власт и која е промотор на сите политички договори во Македонија, кои божем, идат во насока за зачувување на мирот и стабилноста а всушност, води до разнебитување на Македонија.

Наголемите македонски политички партии класифицирани како „Курто и Мурто“ партии, се само инструмент на реализација на големоалбанските апетити во Македонија на штета на македонските национални интереси. Со нивна помош се врши разнебитувањето на нашата држава.
Воедно, како аргумент за формирање на заедница на албански општини се користи минатиот лажен попис каде се вели дека албанците наводно биле 30% од популатцијата во Македонија. Истиот попис, имаше нелегитимна статистичка методологија, и беше одобрен од двете најголеми македонски политички партии во нашиот Парламент.
Во пописната анализа која за НовАсном ја изработи проф. д-р Благица Новковска, се заклучува, „Во заклучок може да се каже дека е направен пописен инжинеринг за договорени политички цели, спротивно на сите статистички принципи и меѓународни стандарди. Податоците произведени на таков начин не само што не можат да бидат употребени за прецизни анализи и креирање политики, туку можат да нанесат огромна штета со нивна употреба“.
НовАсном се залага за промена на уставниот поредок и враќање на името Република Македонија како и градење на правно општество каде што секој граѓанин на Република Македонија ќе има еднакви можности за просперитетен живот во здрава животна средина. Ги имаме решенијата како да се стигне до оваа цел а научната студија на професор Лабовиќ е добра основа за тоа.

Влада стокмена по предавнички терк

Ковачески, премиер кој никогаш не е избран на избори, ја стокми новата предавничка владина постава за да се обиде да направи уште едно предавство стокмено против македонските национални интереси а се со цел, да се задоволат западните геополитички интереси кои ги користат локалните албански политички марионети и да се задоволат големобугарските асимилаторски апетити, од друга страна.

Новото предавство кое го подготвува Ковачевски нема никакава врска со нашиот т.н. ‘Европски Пат’, туку, само ќе ја отвори уценувачката бугарска врата пошироко преку која ќе влезе нова лавина уцени од бугарска страна. Овие уцени се јавно и јасно искажани во  резолуцијата на Бугарскиот Парламент од 9 Октомври 2019. Ковачевски и целиот политички врв спремен за нови уставни измени треба да објасни како ќе се справи со бугарските уцени втемелени во оваа резолуција на Бугарскиот Парламент?

Дали е спремен да прифати дека ние сме Бугари до 1945 година и да ги шмиргла спомениците од НОБ зошто, на нив пишува, ‘бугарски фашискитчи окупатор’?

Како ќе се справи со идните бугарски уцени меѓу кои ќе биде и барањето Бугарите во Македонија да ја учат бугарската а не македонската историја?

Ова се само мал дел од многуте забелешки кои оваа влада не ги адресира ниту пак се предмет на анализа.

Оваа политика ја одвлекува целата политичка јавност во погрешна насока и не e насочена на решавање на суштинсктие проблеми во државата.

НовАсном категорично се спротиставува на секоја промена на Уставот кое не е насочена кон враќање на Уставното име Република Македонија.

Градењето на правна држава каде што секој граѓанин ќе има еднакви услови за нормален економски живот е нашата иднина. Сметаме дека добра подлога за овие решенија е научната студија на професорот Миодраг Лабовиќ со кое се даава добра основа за независни институтции и намалено учество на корупцијата и лоповлукот во нашата држава.

Лицемерието на нашите Политичари Продолжува

Организацијата НовАсном со особено внимание ги следи настаните кои се одвиваат околу контроверзниот охриѓанец Христијан Пендиков, , кој постана „славен“ по кривичната пријава од полицијата за кокаин и секако, по неговата нелегална евакуација и транспорт до Бугарија а посебно, срамните реакцијата на Македонските владини претставници. 

Од целата оваа политичка гротеска се извлекуваат минимум три заклучоци:

Во име на Европската перспектива и т.н. добрососедски односи потенцијално се руши правната држава. Носење на криминалецот Пендиков во Бугарија автоматски, ги блокира или лимитира нашите истражни органи да си ја вршат својата работа. Оваа ситуација е непожелна, каде што нашите политичари задоволуваат туѓи политички апетити во име на Европската перспектива која води кон т.н. правна држава а при тоа рушејќи го нашиот правен систем. Апсурд. 

Дава еден мал приказ каква ќе биде идната бугарска политика кон нашиот т.н. Европски пат и доколку се дозволат Уставните Измени и вметнување на Бугарите во нашиот Устав. Целиот бугарски политички ешалон ја користи секоја можност за остварување на своите асимилаторски и нацистички политики насочени против Македонската нација за да можат да не уценуваат, доминираат во нивната политика против нас и нас да не стават во подредена положба.    

Уште еднаш се потврди лицемерната политика на македонската Влада и претседателот Пендаровски, кој минатата година тврдеше дека Гоце Делчев имал бугарски корени и со тоа, само ја охрабруваше па дури и поттикнуваше екстремната бугарска политика према нас за да денеска, предлага забрана за влез во државата на бугарски политички претставници. Потпишувањето на договорот за пријателство со Бугарија е погрешна политика на нашата влада вклучуивајќи го и претседателот Пендаровски  и со тоа им дава ветар во грб на екстремните бугарски барања и политики да бидат норма.  НовАсном се залага за почитување на правната држава, законите и правниот поредок без исклучок а реформите кон вистинско постигнување на правна држава треба да бидат дел од политиките на владата без разлика дали тоа е дел од Европската агенда или не.

Тиранската Средба – Непријателски Чин

Органицијата НовАсном смета дека неодамнешната, втора Тиранска средба, впрочем како и првата, одржана пред пет години е, врвен непријателски чин кон Република Македонија и македонскиот народ. НовАсном категорично се спротиставува на секоја политика формулирана и креирана надвор од Република Македонија што, ги задира националните интереси на македонскиот народ но и на сите останати граѓани на Републиката.

Органицијата НовАсном смета дека, состанокот на албанските партии од Македонија кај премиерот Еди Рама во Тирана-Албанија, е во насока на јакнење на  меѓуетничкиот раздор и разгорување на етничка нетолеранција и недоверба помеѓу Македонците и Албанците во Македонија. Се сомневаме дали македонските партии, пред се СДСМ, имаат точен и искрен податок од албанските политички лидери пред се од коалициониот партнер ДУИ, што точно се разговарало за иднината на државата и какви тоа „визии“ биле на политичкото „мени“ на масата на Еди Рама. Токму поради тоа, расте недовербата кај Македонците кон Албанците

Истовремено прашуваме зошто македонските партии, сите до една, конечно веќе еднаш не седнат на заедничка маса и зошто, за македонската иднина да разговараат албанските партии во Тирана а не и македонските партии во татковината, во Република Македонија?  Зошто македонските партии, сите до една, не манифестираат единство за клучните суштински и стратешки прашања и зошто немаат македонски „братски“ дијалог за иднината на Република Македонија? И најважното прашање: Зошто македонските и албанските партии во Република Македонија, сите до една, не седнат на заедничка маса, дома-тука во Скопје, да разговараат за македонската иднина, заеднички да „стокмат“ агенда во која, заеднички ќе ги детерминираат македонските интереси и приоритети за успех на нашата заедничка иднина? Зошто, браќа Македонци, конечно веќе еднаш, заеднички и братски, не порачаме: И без Македонците, нема Македонија?

Организацијата НовАсном смета дека оваа ненародна и одродничка власт, ја обезличи Република Македонија и насилно и предавнички ја прифати срамната географска одредница, Северна. Повикуваме и сакаме мирољубив соживот, базиран на почитување на законите и основните човекови права на сите граѓани на Македонија, на зачувувањето на македонското достоинство и дигнитетот, зачувување на македонскиот јазик и македонскиот идентитет.

Ове е генерациски предизвик пред кој, заеднички и братски треба цврсто исправени да стоиме. Тоа е нашата праведна  борба против одродниците и сите оние кои неправедно ни го одзедоа најсветото и вековното. Тоа е нашата праведна  борба за слободна и независна македонска држава за нас и нашите идни генерации.

Прес Конференција за Македонските Медиуми

Денеска на Македонската Јавност ја презентиравме пријавата која ја поднесовме против Република Бугарија во Европската Комисија. На Прес – Конференцијата беа присутни членовите на забранетата организација, Македонски клуб за етничка толеранција од Благоевград, Г-дин Ангел Радонов, секретарот на организацијата Г- дин Ордан Грозданов и адвокатот што ја спреми претсавката Благоја Пандовски. НовАсном е инцијатор, организатор и координатор на претставката која е финансиски подржана од неколку македонски здруженија како Светскиот Македонски Конгрес од Канада, Македонскиот Меѓународен Комитет за Човекови Права од Канада, и македонските патриоти Симо Поповски од Лондон, Иљо Јанев од Брисел, и двајца анонимни донатори еден од Германија и еден од Австралија. Благодарност до сите кои помогнаа оваа пријава да постане реалност.

Од сега течат рокови кои Европската Комисија треба да ги запази за да покрене инцијатива кон Бугарија. Доколку Европската Комисија се сложи со нашето мислење, на Бугарија ќе им бидат скратени или прекинати Европските Фондови наменети кон нејзе. Но доколку Европската Комија ништо не превземе, тоа нам ни дава право да ја тужиме Европската Комисија пред судот за правда во Брисел, суд кој е дел од Европската Унија и има извршни ингеренции. Ние сме спремни за секоја варијанта знаејќи дека со нас е вистината, правдата и храброста.