Месец: м.г

НовАсном на мета на Грција, забрани влез за претседателот на организацијата

Денеска на граничниот премин на Република Македонија со Европската Унија, Богородица кај Гевгелија, на македонскиот државјанин Сашо Маневски, активист за човекови права и претседател на македонската органиација НовАсном, му беше забранет влез на територијата на нашиот јужен сосед. 

Според Маневски, граничната полиција не му дала никакво образложение за причините освен да се обрати до Хеленската амбасада во Скопје.  

Маневски вели, ‘ Ова е срам за Европската Унија, срам за Елеснката репиблика без никаква причина да забраниш влез на еден обичен граѓанин кој сака добро соседски односи со Македонија. Го повикувам МНР и Господинот Министер Османи директно да интервенира во името на правдата и законот

САД не го Почитуваат Преспанскиот Договор

НовАсном внимателно го разгледа извештајот на Стејт Департментот и Министерството за Финансии на САД во врска со блокирање на имотот на Сашо Мијалков и Никола Груевски во САД, нивното назначување како лица кои биле инволвирани во корупција, мито и кршењето на законите поради што, се ставени на листата на санкции на американското Министерство за финансии.

Не навлегуваме детално во процесот на донесување на ваква одлуки и врз кој правен процес, администраторите во САД ја базираат нивната одлука, ниту пак имаме намера да ги браниме лицата Никола Груевски и Сашо Мијалков. Но она што загрижува е фактот дека Министерството за Финансии на САД во графата на националност, ја користи Северна Македонија за лицата Сашо Мијалков и Никола Груевски.

Ваквиот став на Министерството на Финансии на САД е спротивен од одредбата 3.б од Преспанскиот Договор каде што се вели дека „Националноста на Втората страна ќе биде Македонец/Граѓанин на Република Северна Македонија“.

Жалиме што САД не ги почитуваат договорите кои и самите ги поттикнувале и подржувале со што,  самите се ставаат во незавидно хипокритична ситауација која, очекувано, кај граѓаните влева недоврба во политиката која ја спроведуваат на овие простори. Како и да е, го подржуваме фактот што САД не ги почитуваат одредбите од Преспанскиот Договор зошто сметаме дека иститот не само што ќе го поништиме и укинеме, туку прашање е само на време, кога тоа ќе го направиме.

НовАсном се залага за вистински ефикасно и независно судство како најдобар начин да се врати довербата кај граѓаните кон институциите но и за перманентна борба против системската корупција што го „окова“ македонското општество. НовАсном се залага за правичен судски систем, за владеењето на правото и правната сигурност на граѓаните како темелна вредност што треба да го краси нашето општество и секој поединец во државата, без исклучок. 

Правото на самоопределување е основно човеково право втемелено во повелбата на ОН и од тоа право ние не се откажуваме се додека не си ги оствариме нашите национални цели.

Да Живее Република Македонија.

Чествување на Јане, Мелник Р. Бугарија

Денеска, забранети организации од Република Бугарија заедно со НовАсном го чествуваа денот на убивството на големиот Македонски Револуционер Јане Сандански овде во Мелник, Република Бугарија. Заедно имаме разбирање дека Македонската нација стои исправена со слични ако не и исти предизвици кои ги имаше Јане.

Јане се бореше за Македонија на Македонците — ние ја немаме Република Македонија, Јане сонуваше за Македонцитеда бидат признаени за она што се. Денеска во дел од Европската Унија основните човекови права на Македонците да го изучуваат својот јазик, да се собираат во културни, религиозни и политички движења им се скратува а серијата на пресуди за кршењето на нивните права пред судот за Човекови права во Стразбург се игнорира, а ЕК не го спроведува занонот на ЕУ и не ги казнува членките на ЕУ кои го кршат основното човеково право на Македонците во ЕУ.

Уште полошо, денеска политичката воља на Македонскиот народ изразена на референдумот од 8 Септември 1991 и 30 септември 2018 не се почитува и неговото основно право на самоопределување не се почитува. Затоа ја немаме Република Македонија

Ние од НовАсном се обрзуваме да го следиме патот  на Јане Сандански и да се избориме за нашите основни човекови права и правото на самоопределување, право втемелено во повелбата на Обединетите Нации. Од патот што го трасира Јане не се откажуваме и ги повикуваме сите патриоти да ни се придружат во нашата борба за да повторно бидеме победници.

Украинска Криза – Генеза на Конфликтот

Др. Драган Петровиќ од Белградскиот Институт за Меѓународна политика и привреда дава детален приказ за етничката, социолошка и политичка структура на Украина. Се извинуваме на гледачите поради технички проблем крајот на видеото завршува без одјава.

Пописот е Измама

Пописот од 2021 година е политички мотивирана измама со која се задоволуваат потребите на една етничка група на граѓани на сметка на македонскиот народ заедно со другите етнички заедници. Со тоа што пописот се изведе со помош на погрешна методологија, со недостаток на евиденција во форма на запис и со немање на двојна проверка на оние кои беа опфатени со пописот истиот беше препознаен како непријателски чин и како таков беше бојкотиран од страна на дел од Македонците.

Според тежината на овие недостатоци, самиот попис и резултатите произлезени од пописот за нив, како и за сите слободоумни граѓани на Македонија, може да се опишат како неверодостојни.

Според лажните податоци од Заводот за Статистика, податоците од 132,260 сограѓани не фигурираат никаде како нацоналност во ваква значанја статистичка операција базирана на национални бројки. Токму овие се Македонците кои во голем број не излегоа на пописот. Ова се должи на недовербата на Македонците кон политичката елита во Македонија, која ги запоставува националните интереси на Македонците со цел да остане на власт.

Понатаму, погрешната методологија доведе до тоа да броиме жители кои според податоците кои се пристапни на властите живеат надвор од државата. Ниедна држава во светот не ги брои иселените граѓани. Според Обединетите Нации и Еуростат, попис се спроведува само на постојаните жители на една држава. Ние имаме 63,731 Македонци кои не живеат во Македонија и фигурираат како т.н. нерезиденти. Тоа е уште една лажна бројка која е апсурдна. Имаме сомнеж дека албанските граѓани кои не се жители на Македонија се евидентирани како постојани жители во Македонија за да се зголеми бројката на македонски граѓани кои се изјасниваат како Албанци според својата етничка припадност.

Одлуката целокупниот попис да се спроведе дигитално со помош на така наречениот “Cloud”, доведе до ситуација во која немаме податоци во хартиена форма. Тоа е проблем имајќи во предвид дека не постои дигитална форма на заштита на податоци која штити 100% од хакерски напади, отварајќи можност за манипулација на податоците содржани на серверот. Во отсуство на хартиена форма за внесување на податоците, дигиталната форма е подложна на промени кои не можат лесно да се откријат и се по дефиниција недоволно веродостојни.

Друга загриженост е немањето двојна контрола, т.е. двојни попишувачи од различна етничка заедница, пред се од Македонската и Албанската заедница, како и не постоење на контрола на изјавите на граѓаните што се попишуваат. Тоа доведе да не може да се верификува бројот на Албанците во Македонија. Во овој попис попишувачите беа претставници од локалното население кои ги попишуваа своите сограѓани. Вака собраните податоци не подлежат на независна верификација и можат да служат како средство за обезбедување на лажна статистичка состојба а со тоа и статус кво на политичката сцена во Македонија во догледна иднина.

Поради многубројните пропусти, како и лажниот манипулативен пристап кон пописот, организацијата НовАсном го смета овој попис како нелегитимен и штетен за македонската држава и нејзините граѓани. НовАсном застанува на страната на разбудените Македонци и сите граѓани на Македонија кои не ги признаваат резултатите на овој лажиран и штетен попис.