Месец: м.г

Не за заедница на албански општини

Организацијата НовАсном, смета дека, идејата за создавање на албански општини во Македонија е уште еден доказ, дека на предлагачите на оваа идеја не им е битен соживотот, мирот и иднината на Македонија туку, битна им е идејата за неформална федерализација на Македонија преку која ќе се реализира идејата за голема Албанија.
Сметаме дека, ова е пораз на прозападната политика во Македонија што ја води оваа одродничка власт и која е промотор на сите политички договори во Македонија, кои божем, идат во насока за зачувување на мирот и стабилноста а всушност, води до разнебитување на Македонија.

Наголемите македонски политички партии класифицирани како „Курто и Мурто“ партии, се само инструмент на реализација на големоалбанските апетити во Македонија на штета на македонските национални интереси. Со нивна помош се врши разнебитувањето на нашата држава.
Воедно, како аргумент за формирање на заедница на албански општини се користи минатиот лажен попис каде се вели дека албанците наводно биле 30% од популатцијата во Македонија. Истиот попис, имаше нелегитимна статистичка методологија, и беше одобрен од двете најголеми македонски политички партии во нашиот Парламент.
Во пописната анализа која за НовАсном ја изработи проф. д-р Благица Новковска, се заклучува, „Во заклучок може да се каже дека е направен пописен инжинеринг за договорени политички цели, спротивно на сите статистички принципи и меѓународни стандарди. Податоците произведени на таков начин не само што не можат да бидат употребени за прецизни анализи и креирање политики, туку можат да нанесат огромна штета со нивна употреба“.
НовАсном се залага за промена на уставниот поредок и враќање на името Република Македонија како и градење на правно општество каде што секој граѓанин на Република Македонија ќе има еднакви можности за просперитетен живот во здрава животна средина. Ги имаме решенијата како да се стигне до оваа цел а научната студија на професор Лабовиќ е добра основа за тоа.

Влада стокмена по предавнички терк

Ковачески, премиер кој никогаш не е избран на избори, ја стокми новата предавничка владина постава за да се обиде да направи уште едно предавство стокмено против македонските национални интереси а се со цел, да се задоволат западните геополитички интереси кои ги користат локалните албански политички марионети и да се задоволат големобугарските асимилаторски апетити, од друга страна.

Новото предавство кое го подготвува Ковачевски нема никакава врска со нашиот т.н. ‘Европски Пат’, туку, само ќе ја отвори уценувачката бугарска врата пошироко преку која ќе влезе нова лавина уцени од бугарска страна. Овие уцени се јавно и јасно искажани во  резолуцијата на Бугарскиот Парламент од 9 Октомври 2019. Ковачевски и целиот политички врв спремен за нови уставни измени треба да објасни како ќе се справи со бугарските уцени втемелени во оваа резолуција на Бугарскиот Парламент?

Дали е спремен да прифати дека ние сме Бугари до 1945 година и да ги шмиргла спомениците од НОБ зошто, на нив пишува, ‘бугарски фашискитчи окупатор’?

Како ќе се справи со идните бугарски уцени меѓу кои ќе биде и барањето Бугарите во Македонија да ја учат бугарската а не македонската историја?

Ова се само мал дел од многуте забелешки кои оваа влада не ги адресира ниту пак се предмет на анализа.

Оваа политика ја одвлекува целата политичка јавност во погрешна насока и не e насочена на решавање на суштинсктие проблеми во државата.

НовАсном категорично се спротиставува на секоја промена на Уставот кое не е насочена кон враќање на Уставното име Република Македонија.

Градењето на правна држава каде што секој граѓанин ќе има еднакви услови за нормален економски живот е нашата иднина. Сметаме дека добра подлога за овие решенија е научната студија на професорот Миодраг Лабовиќ со кое се даава добра основа за независни институтции и намалено учество на корупцијата и лоповлукот во нашата држава.