Месец: м.г

Враќање на името е наша обврска, Честит 8 Септември

Денес, кога одбележуваме 31 година од спроведениот референдум во 1991, на кој,над 95 посто од македонскиот народ и македонските граѓани се изјаснија за самостојна и суверена држава- Република Македонија, организацијата НОВАСНОМ, гласно прашува: Дали независноста за која се определија граѓаните, требаше да има ваков лик и за која Македонија гласавме???  

Денеска, како резултат на погубните и самоуништувачки политики на оваа одродничка и ненародна власт на СДСМ, ние ја немаме Република Македонија, ја имаме Северна Македонија која сегашниве политички елити ја слават како да е Република Македонија. 

За потсетување, никој од нас ( 95 проценти од граѓаните) што излегоа на гласање на рефереднумот од 8 Септември 1991, не гласаше за гнасното име Северна. Овој став го потврдивме со неизлегувањето на референдумот на 31 Септемви 2018 година каде што јасно и гласно кажавме дека не сакаме да бидеме дел од НАТО и ЕУ како Северна Македонија. 

НОВАСНОМ смета дека денешното славење на независноста на Републиката е лицемерен, лажен и циничен потег на владејачкото мнозинство кое бескруполозно го гази основното човеково право на мнозинската воља на народот да го определи името на својата земја како што сака. Политиката на газење на достоинството и гордоста наша, е тренд кој и понатаму ќе продолжи, тоа е сега дел од Европскиот пат зацртан преку исполнување на понижувачкиот Преспански и деградирачки Бугарски договор. 

НОВАСНОМ смета дека оваа петтоколонашка власт, ќе дозволи македонскиот народ, чекорејќи на патот кон Европската Унија,  и понатаму да биде биде деградиран, понижен и ќе дозволи штетни договори со кои се менува македонскиот идентитет и засебност.

Организацијата НОВАСНОМ, смета дека тоа е апсолутно неприфатливо за нас Македонците и повикува на конечно единство на Македонскиот народ, како основен предуслов за зачувување на македонските национални интереси, македонскиот идентитет и македонскиот јазик како столб на Македонската засебност и држава.

Наша задача, цел и обврска е да го вратиме нашето достоинство, гордост и чест и да го вратиме нашето уставно име- Република Македонија, да изградиме правно и вистински демократско општество, каде секој граѓанин ќе има еднакви услови за просперитетен живот во здрава животна средина.

Македонски народе, нека е честит и вековит 8 септември, денот на независноста на Република Македонија.

Чуму сега референдум

Организацијата НОВАСНОМ, смета дека иницијатива за референдум со прашањето: „Дали сте за напуштање на важноста на Законот за ратификација за Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија, може да биде уште еден обид за делегитимирање на оваа ненародна власт предводена од СДСМ но истовремено, можно е да биде и ефтин политички самоубиствен чин на ВМРО-ДПМНЕ со кој, може, дополнително да се легитимитира Бугарскиот договор преку референдум и да се даде поддршка на предавничката владејачка политика на оваа однародена власт која, во минатото јасно покажа дека  нема слух за вољата на народот.  

Организацијата НОВАСНОМ потсетува дека на патот кон штетните договори со кои се менува македонскиот идентитет и засебност, оваа ненародна власт, покажа и докажа дека безмилосно не ја почитува вољата на Македонскиот народ а доказ за ова е непочитувањето на вољата на народот изразена на 30 Септември 2018 кога рековме НЕ за Северна во ЕУ и НАТО. После ова свежо и горко референдумско искуство, оправдано се прашуваме, колку ќе биде успешен референдумот знаејќи дека многу малку жители има во Републиката и тешко е да се достигне прагот за успешност за референдумот доколку владејачката гарнитура го бојкотира истиот. Оттука, организацијата НОВАСНОМ, е свесна за потребата од конечно единство на Македонскиот народ, како основен предуслов за успешен референдум и зачувување на македонските национални интереси, македонскиот идентитет и македонскиот јазик како столб на Македонската засебност и држава.

Но, ако не успее референдумот, опозицијата ќе го даде легитимитетот на ништовен договор кој не би требало да биде предмет на разгледување него под итно треба да се поништи. Во тој контекст, недозволиво е ВМРО ДПМНЕ да му биде само еден спотер на СДСМ и заедно во парламентот, да си го легализираат срамниот Бугарски договор создаден од Заев со кој, срамно се обезличува и понижува Македонскиот народ, јазикот, историјата и културата. 

Бугарскиот договор е ништовен сам по себе, спротивен е на ЈУС КОГНЕС правото и е спротивен од нашето основно човеково право на самоопределување, право втемелено во Обединетите нации. Во него има чисто ани-европски вредности и е во спротивно со многу одредници од Копенхашките критериуми, еден од столбовите на ЕУ. Истиот може да се поништи со една дипломатска нота од МНР до Бугарското МНР. 

Организацијата НОВАСНОМ, смета дека договор со Бугарија може да има, но само и само, на рамноправни партнерски односи со взаемно почитување на идентитеските, јазичните, културни и други разлики кои ги имаме со Бугарите. 

Организацијата НОВАСНОМ, смета дека во овој момент, најдобро решение е да се излезе на нови парламентарни избори а опозицијата да си го каже својот став со Бугарскиот договор, дали истиот треба да се поништи, ревидира или нешто трето?