Месец: м.г

На отварање на Македонскиот Клуб во Благоевград

Под силно полициско обезбедување, организацијата НовАсном денеска беше во Благоевград рамо до рамо со нашите пријатели и роднини од Пиринска Македонија на свеченото отварање на културниот клуб ‘Никола Вапцаров’.
Сашо Маневски заедно со неколку членови на организацијата оствари средби со претседателите и членовите на забранетите организации од Пиринска Македонија, вклучувајќи ги, ОМО Илинедн, ОМО Илинден – Пирин, Македонски клуб за етничка толераниција и други.
На средбата со нашите пријатели од Пиринска Македонија разговаравме за конкретната соработка која ја водиме се со цел подобрување и остварување на основните човекови права на Македонците во Пиринска Македонија.
“Нашата соработка трае и се повеќе ќе се продлабочува, во следниот период јавноста ќе дознае за конкретните чекори кои ги превземаме за подобрување на основните човекови права на Македонците во Република Бугарија и заштитата на вредностите на Европската Унија во Бугарија’, ова го изјави Престедателот на НовАсном Сашо Маневски.
Честито отварање на Клубот ‘Никола Вапцаров’, нека истиот клуб биде мост на културна соработка на сите граѓани во Република Бугарија.
Во исто време сакаме да се заблагодариме на Бил Николов од Македонското меѓународното движење за човекови права без кого ова отварање ќе беше неможно.

Служевме ручек на нашиот напатен народ

Организацијата НовАсном и се заблагодарува на Г-ѓа Благица Новковска, на нејзина иницијатива прифативме да донираме средства кои отидоа до Хуманитарната Организација Св. Спас од Драчево, која за нашиот напатен народ изготвува ручеци и ги дели на три пункта во Скопје, Драчево, Аеродром и Ѓорче Петров. Поред тоа Св. Спас дели пакети со храна до семејствата на кои тоа им е особено потребна и води грижлива евиденција да нема злоупотреби околу примателите на донациите. Г-ѓа Новковска изготви за НовАсном експертска анализа за лажираниот попис кој ќе биде наскоро достапен до јавноста. Благодариме.

Непокорот продолжува со наша помош

И поред декларацијата на советот на град Благоевград за забраната на Македонскиот културен клуб Никола Вапцаров од Благоевград, членовите на забранетото здружение Македонски клуб за етничка толеранција синоќа одржаа седница. На седницата присутните го разгледаа писмото добиено од Комисијата за заштита на дискриминација на Република Бугарија и се расправаше по истото.

Со тоа, членовите на клубот демонстрираа храброст, непокор и слободоумие и ќе продолжат со собирање во просториите на клубот Никола Вапцаров во Благоевград се до негово затворање, ако воопшто тоа се случи.

Правото на здружување е фундаментално право втемелено во Членот 2 од Договорот на ЕУ и е едно од темелните вредности на Европската Унија. Со вчерашната одлука на советот на Град Благоевград, се рушат темелните вредности на Европската Унија.

Еве го резултатот од потпишаниот договор за добрососедство со Република Бугарија, Бугарски одлуки со кои се рушат темелните вредности на Европската Унија која не реагира на истите.

Организацијата НовАсном целосно го подржува клубот Никола Вапцаров во неговите напори да Македонците од Бугарија се здружуваат во здруженија а со забранетата организација Македонски клуб за етничка толерација од Благоевград превзема конкретни чекори со кои ги промовира и брани европските темелни вредности. Во скоро време ќе бидете известени за конкретните чекори кои НовАсном ги превзема заедно со забранетото здружение Македонски клуб за етничка толераницја кои, доколку се следи правото на ЕУ, ќе имаат далекусежни можни последици врз Република Бугарија.

Предадени се идеалите на Борците на НОБ

Организацијата НОВАСНОМ, денеска, на 81 годишнината од  Денот на народното востание на македонскиот народ, оддава огромна почит кон сите востаници во борбата против фашизмот и фашистичкиот окупатор на македонската земја. Денеска, со огромен пиетет, оддаваме признание за македонските херои кои, ја започнаа борбата за слобода и ослободување на македонскиот народ и македонската земја од окупаторите фашистички. Тие, храбро се бореа и гинеа за самостојна Македонија, за самобитност и самостојност на македонскиот народ.

Организацијата НОВАСНОМ, смета дека, денеска, за жал дојде време, кога треба да кажеме дека заради оваа одродничка власт, предадени се нивните идеали и визии, нивната борба и жртви се погазени и дека Република Македонија ја ликвидираа, ја заменија со Северна, ја нагрдија, ја обезличија и им ги одзедоа правата и достоинството на Македонците. Денеска, пред Македонската нација, „висат“ истите пранги окупаторски, истите закани за целосно деградирање и девалвирање на достоинството на Македонците, за газење и бришење на историјата Македонска, демнат подли обиди за бугаризација, да се сотрат традициите, обичаите и културата Македонска. И сето тоа, со амин на оваа неспособна, одродничка и предавничка власт која мизерно и со свиткана кичма, молчешкум ја гледа агресијата за крај на постоењето на Македонците.

И затоа, организацијата НОВАСНОМ смета дека, дојде време кога гласно мора да кажеме дека борбата за ослободување на Македонија ПРОДОЛЖУВА. Оваа борба е новата револуција на сите нас-македонските патриоти, оваа борба е нашиот генерациски предизвик и крик на Македонците против преспанскиот договор, против т.н. „заедничка историја“ со Бугарија, против македонскиот јазик да бидне дијалект на бугарскиот. Оваа борба е за нашето вековно и уставно име Република Македонија и дека е ДОСТА од „бугарска демократија“, ДОСТА од бугарски клубови во Македонија, ДОСТА од дволичните игри на меѓународната заедница и од апетитите на нивните миленичиња Грција и Бугарија-најсиромашната земја во ЕУ. Оваа борба, значи ДОСТА за поделбите и КРАЈ за оваа марионетска и профашистичка власт. Оваа борба е нашиот Македонски восклик за живот и слобода, за бесмртност на македонизмот со кој и денес над Македонија се раѓа, ново сонце на слободата. 

Македонци, нека ни е честит 11 октомври, денот на непокорот и Ден на народното востание на македонскиот народ.

ДА ЖИВЕЕ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.

Вандализиран Македонскиот Клуб во Благоевград

Се уште неофицијално отворен, Македонскиот културен клуб Никола Вапцаров во Благоевград. вчера беше предмет на вандализам од страна на непознат сторител/и на кого му смета се што е Македонско во Република Бугарија. Како што ни јавија нашите пријатели од Здружението за заштита на основните индивидуални човекови права, во текот на вчерашниот ден беше извадена буквата М од насловот на Македонскиот културен клуб Никола Вапцаров.  

Овој чин на вандализам е напад на меѓуетничката толеранција во Европска Бугарија чија влада не ги осудувува ваквите акти на меѓуетничка нетрпеливост и со самото тоа се става на страната на чинителите на ваковиот вандалски чин.  

Од друга страна, нашата валада, мирно и кротко си молчи на агресивната етничка нетрпеливост манифестирана против Македонците во Бугарија, ефективно спроведувајќи го Бугарскиот Догвор, точката 11 алинеја 5 од истиот. Со тоа, владата на земјата чие име Северна го мразиме, се става на страната на тие што ја подгреваат етничката нетрпеливост во Бугарија.  

НовАсном смета дека негувањето на врските со нашите роднини и пријатели од Пиринска Македонија како и нивно помагање е единственото решение во услови кога нашиот идентитет е нападнат по сите основи од Република Бугарија.