Честит Денот на Победата

Почитувани,

Учителката на животот учи за победи, но учи и за порази. Маршираат победниците по ѕидините на Кремељ, како што маршираа и во Лондон и во Њу Јорк. Но поразените сакајќи да го скријат својот срам го измислија Денот на Европа. И овде како и во светот, поразените успеаа да им го наметнат својот пораз и својата фрустрација на победниците. Оние кои бегаа 1944, се вратија 2001 и со разни преговори, договори и изговори успејаа од победникот да направат поразен. Денес, кога маршираат победниците по ѕидините на Кремељ, не можеме а да не го поставиме прашањето, Дали сме и понатаму победници?

Честит Први Мај

На народот на Ленка и Рацин, на Тутуноберачите и Печалбарите му го честитаме од се срце денот на трудот.

Во годината на падот на УСАИД, потсетуваме дека творештвото на овој народ умеело да ги жигоса подеднакво кодшот и дембелот, измамникот и скржавецот. И денес, кога се сеќаваме на стихот на библијата – во потта своја ќе го печалиш својот леб – не можеме а да не го поставиме повторно прашањето. Како дојдовме до тоа, вредниот и чесниот да црвенеат пред децата и ближните, а измамникот и лукавиот да бидат препознати како врв на општествениот и стопанскиот успех?

Во името на трудот, во името на честа, во името на потта, го поздравуваме народот на трудбениците, на жетварите и на работниците.

Да ни живее трудот!

НовАсном одаде почит на Јане Сандански

Вчера, 27 Април, 2025, НовАсном положи цвеќе во Мелник на споменикот на Јане Сандански и покрај бројните бугарски провокации. Јане е нашата инспирација за нашата борба за ослободување од ропството наречено Северна и враќање на нашето достоинство и самопочит. Нема откажување од оваа наша Света Цел се додека не ја постигнеме истата. Следете не за да повторно бидеме победници…

Православен во НАТО??

НовАсном со вџашеност ја прими веста за анти-рускиот самит во престолнината на православна Романија на кој што се бара потполно збришување на руската држава од лицето на планетата земја. Подршката на безброј честопати најминорни ако не и фиктивни организации на малубројни етнички групи, а кој доаѓа од истакнати стратешки мислители од тип на Јануш Бугајски добива на овој начин тежина и легитимитет кои никако не ги заслужува. Апелираме во овиде денови на велигденска радост до братскиот православен романски народ да ги препознае и отфрли надворешните паразити. Во исто време, ја повикуваме македонската политичка класа да ги обнароди сите дипломатски контакти кои ги има со вакви парадипломатски структури.

https://www.freenationsrf.org/en

Без гаранции барај си друго чаре

Вчерашната изјава на еврокомесарката за проширување Марта Кос дека нема гаранции за нови условувања на нашиот пат кон ЕУ е уште една потврда за безидејната надворешна политика на Владата на Република Македонија.

Таа се темели на барањето гаранции за предвидливост на нашиот пат кон ЕУ наспроти можните идни уцени од страна на соседите. Главната досегашна надворешна политика координирано водена од Премиерот, Претседателот и Министерот за надворешни работи се состоеше од дипломатска офанзива за исправноста на нашите ставови, при тоа игрнорирајќи го начинот на носење одлуки во ЕУ, значењето на поимот гаранции и политичката воља на Македонскиот народ.

Да бараш гаранции за својот идентитет од страна на институциите на ЕУ или пак одредени членки е апсурдно затоа што не постојат гаранции во меѓународните односи. Истите не се издаваат од страна на унијата, ниту пак земјите членки практикуваат давање гаранции.

Ова барање го игнорира принципот на носење одлуки со консензус во Советот на Министри – тело кое првенствено носи политички одлуки, а второстепено – меродавни, базирани на исполнување на поглавјата во преговори со ЕУ.

Изјавата на Кос само ја потврди ваквата безидејна и погрешна надворешна политика заснована  на игнорирање на интересот на Македонскиот народ демократски изразен на референдумите на 8 Септември 1991 и 30 Септември 2018 година кои гласеа: не во ЕУ под името Северна Македонија.

Кога на сево ова ќе ја додадеме изјавата на Министерот за Надворешни работи на Бугарија, Георг Георгиев, дека внесување на Бугарите во уставот не е единствениот услов за преговори, тогаш се комплетира сликата за нашата политичка елита, позиција и опозиција. Двете најголеми македонски партии  водат погрешна надворешна политика која резултира со подреденост и пониженост во однос на соседите на патот кон ЕУ. При тоа се запоставуваат важни потенцијални алтернативни економски развојни можности и развивање на структурни реформи во образованието, здравството и во државната администрација.

НовАсном смета дека барањето алтернативни економски решенија е дел од економскиот прогрес на Македонија имајќи го во предвид спориот раст на ЕУ. Македонскиот извоз на европскиот пазар во 2024 година е намален за повеќе од 5% во однос на претходната 2023 година.

Во тој контекст врвен приоритет треба да биде постигнување на договор за слободна трговија со Кина од каде што увезуваме повеќе од една милјарда евра годишно и тоа токму за производи за широка потрошувачка. Со укинување на царините на производите од Кина ќе се намалат цените на проиводите кои граѓаните ги користат најмногу. Оваа мерка е многу поефикасна од обидите за  ограничување на маржите или пак за замрзнување на цените на мало што владата очајно се обидува успешно да ја спроведе.  

Апел за мир

НовАсном со загриженост го набљудува процесот на вооружување на Европскиот Континент. Потсетуваме дека за прв пат после 1945 година, ѕвецкањето со оружјето на големо навлегува во Европските држави. Во тој поглед потсетуваме на трагичните последици на сите претходни милитаризации во последните неколку века. Ја поздравуваме акцијата на движењето, ‘Пет Ѕвезди‘ во Италија, кои први го кренаа гласот против ова лудило. Ја повикуваме македонската јавност да ја избере страната на мирот. Единствениот избор на малите правдољуби и слободољубиви народи.

Продолжување со не ефикасни економски мерки

НовАсном ги анализираше последните владини мерки во однос на потрошувачката кошничка и лимитирање на маржите и смета дека само преку оптимални пазарни услови и здрава конкуренција пазарот може да постигне најниски цени на производите што ги нуди. Тоа е есенцијата на пазарната економија која природно гарантира најмали цени на производите и услугите.

Во тој контекст последните владини мерки на лимитирање на бруто профитните маржи и  замрзнување на цените  на дел од прехрамбените производи, што се докажано не ефикасни економски мерки кои не резултираат со саканите ефекти, во исто време додатно ги оптоваруваат фирмите кои се опфатени од истите не ефикасни владини мерки.

Нашето тврдење, кое е истористи докажано и се учи во основите на макроекономијата, е поткрепено и со податоците од статистиката која вели дека минатата година инфлацијата беше на високо ниво од 4.4% и поред тоа што имаше две рунди на лимитирање на маржите на продуктите во малопродажба се со цел да се намали инфлацијата.

Како додатен негативен фактор кој ја прави владината мерка не ефективна е големиот увоз на храна во вредност од милјарда и шеесет и седум милиони евра годишно. Цената на оваа храна е увозна и владата не може да ја котролира увозната цена која во минатото беше извор на инфлацијата а со тоа ја прави владината мерка додатно не ефикасна.

Познати несакани ефекти на оваа не ефикасна владина мерка се и недостатокот на намирници во маркетите и ценовната варијација пред владината мерка да се имплементира кои највеќе го осеќа нашиот напатен народ. Зголемување на сивата економија во делот на производи на мало на сметка на намалениот промет на маркетите е уште еден не сакан ефект кој дирекнто го намалува полнењето на буџетот.

Главен фокус на борбата за еднакви пазарни услови кои гарантираат најниски пазарни цени е борбата против сивата економија и фокус на работата на државната пазарна инспекција кон зелените пазари и нивна задолжителна фискализација.  

Ослободувањето на царините на храната од увоз е уште едно ефективно решение за кое се залагаме. Со оваа мерка потенцијално ќе се намалат цените на храна која ја увезуваме во вредност од една милјарда евра на годишно ниво.

Со примена на овие две економски мерки ефектот врз цените ќе биде многу поголем него досегашните докажани не ефективни мерки.

Да се ослободиме од политичките и економски стеги

Последниот извештај на Светска Банка за глобалната економскa прогноза во делот на Западен Балкан е потврда и констатација на реалноста во која запднавме по менувањето на името на нашата држава. Имено, Светска банка предвидува најмал раст на економијата на Македонија од 3% споредбено со остатокот од земјите на Западен Балкан, како Србија 4.2% , Босна и Херцеговина 3.2%, Црна Гора 3.5%, и Албанија 3.5%. Ваквата катастрофална економска состојба е само продолжение на досегашните лоши економски резултати кои нашата економија ги постигна од кога станавме членка на НАТО.

НовАсном ги извади податоците за економскиот раст на Западен Балкан, Централна Европа, и Светската економија во годините од 2021-2023 од дата базата на Светската Банка каде што се гледа дека Македонската економија во овој три годишен период оствари убедливо најмал економски раст од мизерни 2.59% годишно! Заклучоците од досегашите и идните перформанси се следни:

Прво, Владата на Мицковски, и поред својот силен медиумски ПР во делот на економијата,  имплементира неефикасни економски мерки. Една од нив е лимитирање на маржите во малопродажбата и спората дистрибуција на Унгарскиот заем под несоодветни критериуми кои ќе резултираат со најнизок економски раст на Западен Балкан.

Второ. И покрај обидот да се направи разлика помеѓу бившата владеачка гарнитурана СДСМ и ДУИ и сегашната влада, во суштина нема разлика во економските политики. До крајот на 2025, кога ВМРО-ДПМНЕ ќе е на власт, година и пол, ќе имаме најмал економски раст во Западен Балкан баш како и до сега кога владееа СДСМ и ДУИ.

Трето. Македонците се историско излажани за нивната иднина од своите политички елити, разни НВО организации, лажните економски аналитичари и западни дипломати. Тие не уверуваа дека кога ќе влеземе во НАТО, ќе ни се отворат ЕУ вратите, ќе имаме поголем економски раст, поголеми инвестиции, владеење на правото итд… итд.

Четврто, смената на уставното име претставуваше инцијална каписла за нови политички уцени од страна на ЕУ членките како Франција, Бугарија и Грција. Се најдовме во неподносливo потчинета состојба во однос на Грција и Бугарија, кои политички не изолираа на патот кон ЕУ.

Логичен е заклучокот дека со промената на уставното име немаме ни политички ниту економски бенефиции туку само додатен економски товар. Само за пример: од буџетот за 2024 за одбраната издвојуваме 5.857%, од кои преку 100 милиони евра кои се трошат за набавка на скапа западна воена опрема и се полнат буџетите на нашите западни сојузници во време кога во Македонија немаме ни една современа депонија за отпад! Училиштата ни се во катастрофални услови, болниците кадровски и технички недоволно опремени, низок е опфатот и третманот на отпадните води со што се загадуваат реките и езерата со необработени фекалии.

НовАсном предлага логички економско-политички мерки кои имаат за цел враќање на достонинството на Македонците и зголемена економска активност која ќе резултира со поголем економски раст од досегашниот.

Прекин на Преспанскиот и Бугарскиот договор како услов за враќање на достоинството на Македонецот и создавање на нови предуслови за јакнење на духот и свеста дека ние можеме да си ја изградиме Република Македонија со сопствени капацитети користејќи ги сите економски погодности кои ни се нудат.

Потпишување на договор за слободна трговија со Кина од каде што потекнува околу 10% од нашиот увоз. Со тоа ќе ги намалиме цените на производи за широка потрошувачка и ќе го зголемиме стандардот на граѓаните.

Прекин на следењето на надворешна ЕУ политика со оглед дека таму владее дискриманција врз македонците од Грција и Бугарија, а таа дискриминација е спротивна со нашиот вредносен карактер на целото наше општество.

Прекин на санкциите кон Русија со што ќе се зголемат приходите од извозот на овошје кој опадна и до 85% ! Зголемување на приходите од Тутунот, Машини и транспортни уреди. Оваа мерка е резултат на фактот дека и покрај санкциите повеќе земји членки на ЕУ активно тргуваат со Руската Федерација директно или преку трети земји.

Овие конкретни чекори се само првични чекори кон ослободување на политичките и економски стеги кои ни се наметнаа со Преспанскиот и Бугарскиот договор и безсмисленото следење на заедничката Европска Политика и истите се предуслов за поголем економски раст, поголем од досегашниот кој е најмал во регионов.

Престедателката Фон Дер Лајен ја подржува дискриминацијата врз македонците

Почитувана Претседателке Фон Дер Лајен, НовАсном  ви пожелуива пријатен престој во Македонија.

Ве молиме да ни одговорите, како да продолжиме на патот на нашата евроинтеграција имајки во предвид дека Европската Комисија се прогласува за ненадлежна да ја санкционира Република Бугарија за кршењето на Темелните вредности на ЕУ содржани во член 12 од Повелбата за Фундаменталните права на своите граѓаните?

Како да се интегрираме во ЕУ, кога во Република Бугарија и Грција постои дискриминација врз македонците која е подржана од самата Европса Комсија на чие чело сте вие?

Да потсетиме, НовАсном заедно со Македонскиот Клуб за Етничка Толеранција од Благоевград, поднесе претставка до Еворпската Комисија против забраната за регистрација на Пиринскиот клуб од страна на Бугарија. Во претствката, наведовме дека Бугарија ја крши темелната вредност на ЕУ содржана во Повелбата за Фундаменталните права на своите граѓани. Според членот 12, секој граѓанин на ЕУ има право да формира свои здруженија.

Република Бугарија го забранува формирањето на здружението, Македонски клуб за етничка толеранција, и има добиено пресуда против забраната на регистрација на клубот во Европскиот Суд за Човекови Права

Европската Комисија се прогласи за ненадлежна, со што зазеде дискриминаторски став кон македонците во Бугарија. Со ваквиот став, Европската Комисија ги крши основните човекови права на македонците во Бугарија.

Дискриминацијата против Македонците во ЕУ се озакони!

НовАсном заедно со забранетиот клуб од Република Бугарија, ‘Македонскиот Клуб за Етничка Толеранција‘ одржаа прес-конференција посветена на одлуката која ја донесе Судот за Правда од Лукембург, официјален суд на Европската Унија. Забранетиот клуб од Пиринска Македонија поднесе тужба против Европската Комисија на 19 Март 2024 за непочитувањето на фундаменталното европско право, правото на здружување и асоцијација. Тужбата беше подржана од македонската дијаспора во соработка со НовАсном.

‘Ова беше добар тест за правото во ЕУ. Судот за Правда се прогласи за ненадлежен. Со ова се покажа сета хипокризија во работата на Европската Комисија и Европската Унија, нејзините двојни стандарди, целата нејзина хипокризија и лажни вредности‘.

Целосен преглед на нашата прес конференција ќе ја имаме наскоро.

Анти бизнис мерки на Мицковски

НовАсном остро ја осудува анти бизнис одлуката на владата за ограничување на највисоката трговска маржа на училишен прибор кој не само што е задоцнет туку е во прилог на зголемување на трошоците и неизвесноста на работењето на сите компании кои се инволвирани во бизнисот на училишен прибор како и во насока на неуспешно зауздување на т.н. инфлација со помош на неуспешно докажани економски мерки, замрзнување на цените. Со оваа мерка, Владата на Мицковски се стави на иста линија како и неговиот претходник, премиерот Ковачевски кој минатата година ги ограничуваше цените на мало и го укинуваше ДДВ-то на одредени неопходни производи, за да ја намали инфлацијата. Резултатот од сето тоа беше, според последниот извештај на светска банка на страна 37, да Македонија, во исто време кога имаше мерки на замрзнување на цените, имаше втора по ред најголема инфлација во регионот.

Замрзнување на цените како неефикасно лоша економска политика се учи во пораните предмети по економија на факултетите за Бизнис и Економија. Со жалење константираме дека советите за имплементација на овие мерки кои му се дадени на премиерот Мицковски се пред се емотивни наместо објективни.

Аналитичкото фокусирање на увозните царински декларации на дел од производите и нивните маржи во малопродажба е утната работа од страна на владата. Главен фокус на анализа треба да биде секторот кој се занимава со училишен прибор, нивното ниво на профити, маржи и оперативно работење, споредба на истото со регионалниот, Балканскиот Регион, за да се даде една објективна споредбена оценка дали навистина имаме пре – високи маржи кои резултираат со високи цени на училишни прибори.

Наместо тоа, владата направила проста анализа на маржите на одредени училишни прибори, и врз база на својата емотивна состојба, демек еве високи се маржите, и во желба да се освојат што повеќе симпатии кај своите гласачи, имплементира анти бизнис политика во име на заштита на потрошувачкиот стандард на граѓанинот.

Чекор во погрешен правец е наметнување на маржите зошто се имало монопол и дуопол во секторот за училишен прибор. Ваквото наметнување на маржите влева несигурност и страв кај целокупната бизнис заедница знаејќи дека владата има начин негативно да влијае врз оперативното работење и ценовната политика на фримите кои имаат своја сопствена корпоративна филозофија на работа се со цел да опстанат на пазарот.

Наспроти тоа, владата треба да обезбеди благопријатни бизнис услови и имплементира про-бизнис мерки кои ќе привлечат што повеќе фирми за училишен прибор влезат во нашиот пазар. Со тоа ќе се зголеми конкуренцијата на пазарот, која сама по себе гарантира ниска цена на производите. Во таа насока потребен е еднаков владин и државен третман на сите пазарни играчи за да се дигне нивото на бизнис клима. Нешто што сега не е случај.

Осуда за изјавата на Амбасадорката Агелер

НовАсном најостро ја осудува изјавата на американската амбасадорка Г-ѓа Агелер дадена во мегафонот на Стејт Департментот, Радио Слободна Европа, за неможноста на раскинување на меѓународниот Преспански и Бугарски договор. Ја потсетуваме Амбасадорката Агелер дека САД во 2002 и 2019 година самоинцијативно истапија од два меѓународни договори, Анти-Балистички Догвор и Договрот за лимитирање на ракетите од среден дострел, што го имаа склучено со бившиот Советски Сојуз и неговиот наследник Русија  Со самоиницијативното истапување од овие два стратешки договори, САД ја влошија безбедносната состојба на Европскиот континент и воопшто во светот.  И кога ќе се земе во обзир одлуката на САД за ‘бесконечното‘ проширување на НАТО против интересите на Руската Федерација, геополитичкиот резултат е јасно видлив.

Амбасадорката Агелер нема никакво морално, етичко ниту пак било какво право, нас Македонците да ни кажува дали треба да ги подржиме двата предавнички договора, Преспанскиот и Бугарскиот. Ја потсетуваме амбсадорката Агелер дека со овие два предавнички договора, дискриминацијата која владее во Грција и Бугарија врз Македонците против нашата воља се внесе во нашата држава. За жал, САД јасно се става на страната на кршењето на основното човеково право на Македонецот, да си ја именува својата држава како што сака и јасно се става на страната на дискриминаторската политика против македонците и истата не наидува на никакви симпатии кај нашиот народ. 

Ние македонците нема никогаш да ги прифатиме двата дискриминаторско предавнички договри Бугарскиот и Преспанскиот се додека не си го вратиме нашето свето име Република Македонија Враќањето на името Републике Македонија ние Македонците ќе го постигнеме без разлика дали САД тоа го подржува или не и прашање е на време, кога тоа ќе го оствариме. Во тој контекст, наша врвна национална Македонска безалтернативна цел е враќање на името на нашата држава. 

Ја советуваме амбасадорката Агелер дека потребно е САД да се стават на страната на правдата, слободата и основното човеково право на македонецот да си ја  именува својата мила тактковина Република Македонија. Тоа е најдобар начин, Македонскиот народ, во вас да гледа, искрен и сакан пријател, амбасадорке.