Месец: м.г

Нов Асном ја осудува црната листа на Стејд Департментот на која од неодамна се најде и градоначалникот на општина Карпош, претседателски кандидат и лидер на партијата ГРОМ Г-дин Стевче Јакимовски и неговото потесно семејство. Со овој чин, Соединетите Американски држави директно се мешаат во политичките процеси во Македонија и се обидуваат да ги моделираат претстојните парламентари и претседателски избори во Република Македонија. Ваквиот начин на флагрантно и директно мешање во политиката во Македонија нема за цел спречување на корупцијата или пак декларативно владеење на правото. И поред црната листа на САД, корупцијата ќе цвета, судскиот систем и понатаму ќе служи на тесно партиските интереси а вработувањата во држаната администрација ќе бидат поткупниот влог за да се добијат изборните гласови.  

Имајќи во предвид дека живееме во загаден политички амбиент, претпоставка е дека секој политички функционер кој што е на официјална функција има сторено корумпиран акт или акти од потежок или полесен карактер. Во вакви услови,  секое ставање на функционери на црната листа на САД е само беден избор на подобни и неподобни корумпирани политичари со кои САД ќе соработува или не.  Црната листа на САД не е подложна на никаков правен праведен процес во кој лицата кои се поставени на истата имаат фер третман и можат да се бранат со аргументи. Листата е правена по таен, нетранспарентен и недемократски административен процес со криетриуми непознати на јавноста. Ова е спротивно од секое транспарентно демократско владеење на правото и правдината. 

Во последните две серии на именување лица кои се на црната листа, повеќето се македонци и има само еден албанец. Небаре албанските политичари во Македонија се кристално чисти пред законот.  Барем да го почитуваа Охридскиот договор, кој силно го подржуваа, и да се придржуваа кон формулата 25%. Пристрасноста на САД околу националностите кои се најдоа на последните црни листи е очигледна. 

НовАсном се залага за потполно владеење на правото за секој граѓанин без исклучок и сметаме дека нам ни требаат суштински, длабоки и темелни реформи кои ќе резултираат во градење на практично и вистинско еднакво општество за сите. Во таа насока, цениме дека решенијата за независни инситуции во судството, ЈО, државната администрација и Уставниот суд кои се содржани во научната студија на професорот Лабовиќ, се добра основа за менување на уставот на државата а при тоа и да се врати името Република Македонија.