Месец: м.г

Охридскиот мора да падне!

Оградувањето на ДУИ од секакава одговорност за музејот во Сопот е еден блед обид на ДУИ да ја прикрие реалноста која веќе 22 години ја креираат и промовираат а тоа е етничка нетрпеливост и поделеност и одржување и промовирање на идејата за Голема Албанија. 

Потврда за оваа поделеност ја имаме секаде, од нелегалното веење на знамето на Република Албанија до неуставноста и имплементација на законот за јазици кој е гарант за поделеноста на нашето општество. Повеќе од очигледно е дека Охридскиот договор, воведен како модел за меѓуетнички соживот, не ја оствари својата функција. Напротив, за ДУИ, Охридскиот договор, кој првично требаше да се имплементира во најголемиот дел во локалната самоуправа, беше само попатна станица за негова понатамошна широка имплементација во државните институции и законите кои ги регулираат државните институции. Со тоа, се постигна она што Али Ахмети го потврди во Сопот, ‘Албанците да бидат господари на оваа земја’. 

Широката имплементација на Охридскиот рамковен договор низ институциите на нашата држава гарантира племенска поделеност и сервилност кон Албанците наспроти сите други. Овој начин на функционирање на нашата држава е во спротивност на сите модерни демократски принципи и воопшто не се применуваат во модерните демократии каде што владее демократската волја на манозинството. 

Охридскиот договор и негова широка имплементација гарантира владеење на малцинството врз мнозинството и во континуитет генерира фрустрација и недоверба кај не албанското население.  Време е ние Македонците да се обединиме за да го вратиме нашето вековно име, Република Македонија која ќе почива на асномските принципи ослободена од стегите на Охридскиот, Преспанскиот и Бугарскиот договор.