Месец: м.г

Западот е нестабилен наш сојузник

НовАсном смета дека  пораката на американскиот сенатор Крис Марфи дадена при неговата посета на Република Македонија но и на амбасадорката на САД во Македонија, Анџела Агелер, се скандалозни и без преседан и дека всушност, ниту тие, ниту претседателот Бајден и неговата  администрацијата, немаат разбирање за чувствата на Македонските граѓани а уште помалку за Македонските национални интереси и идентитески проблеми што се јавија со Преспанскиот и Бугарскиот договор. Македонските граѓани оправдано се прашуваат каков е тој стратешки партнер кој се заканува и поставува ултиматуми и кој не ја препознава и почитува огромната посветеност на Македонија кон евроатланските интеграции и европскиот пат но и болните отстапки што се направени во таа насока. Зошто тие немаат сенс за валоризирање на тешките одлуки и политички отстапки што Македонија, на своја штета ги направи за напредување во евро-атлантските интеграции?

Сенаторот Марфи треба да знае, навистина да знае, дека нашиот пат кон ЕУ е премногу долг и дека нивните стратешко-пријателски „совети“, за уставните измени што треба Македонија да ги направи  до крајот на годинава, а кои ни ги наметнаа како обврска по ќејфот на нашиот источен сосед-најсиромашната членка на ЕУ, до срж болат и ја параат душата на секој вистински Македонец.
НовАсном го потсетува сенаторот Марфи дека, Македонија заглави во Европската интеграција како резултат на неисполнувањето на обврските кои Западот, чиј предводник е САД, ги имаше према нас. САД и ЕУ, на Македонија и ветија почеток на преговорите со ЕУ, ако го промениме уставното име, нашето вековно име, Република Македонија. Оваа политичка гарнитура за која, ја свитка кичмата и, името го дадоа, против слободумната воља на народот, изразена на 30 Септември 2018. САД и ЕУ и Западот во целина, даденото ветување за почетокот на  преговорите на Македонија со ЕУ,  не си го исполнија.

Со ова се потврдува дека на Западот не треба да му се верува, дека Западот не ги исполнува своите договори со своите сојузници и стратешки партнери и дека, Западот е нестабилен наш сојузник.

Кога на сето ова ќе ги додадеме и срамните идентитески уцени содржани во Францускиот предлог, тогаш апсолутно е јасно зошто е огромна и оправдана нашата тотална скептичност према понудениот пат кон ЕУ.  
НовАсном јасно и гласно го отфла вака понудениот т.н. пат кон ЕУ каде што ние-Македонците, треба самите да се откажеме од себе си.  
НовАсном смета дека сплотеноста и единството на Македонците, сега како никогаш досега во историјата, треба да биде силно и нескршливо и дека тоа ќе е формулата за формално отфрлање на Бугарскиот и Преспанскиот договор и враќање на името Република Македонија онака како што кажува нашата воља изразена на два референдума 8 Септември 1991 и 30 Септември 2018.
НовАсном смета дека македонската нација има квалитетни кадри што ќе предложат вистински реформи за напредок на македонската држава каде што секој граѓанин ќе има еднакви можности за просперитетен живот во здрава животна средина а  идни генерации Македонци, својата иднина да  ја градат во современа и вистински демократска држава-Република Македонија

Помошта на САД во судството, доказ дека не ни е потребна помош

НовАсном смета дека, лакрдијата со случувањата во Судскиот Совет како и писмото на амбасадорката на САД, Г-ѓа Аглер, упатено до нашите судски инстанци, е само една потврда дека САД, освен имањето пари, што ги фрлаат во македонскито судскиот систем, немаат визија и решенија како да ги решат проблемите во судството. Од друга страна, се потврдува по којзнае кој пат дека нашите политички т.н. елити, освен сервилност, послушност и поданост, секој закон ќе го прекршат за да се додворат до нашите стратешки партнери а при тоа задржувајќи си ја својата коруптивна позиција во општеството, без да се нудат решенија за истото. 

Фактот што САД признаваат дека имаат потрошено пола милјарди долари во разно-разни т.н. судски реформи а при тоа резултатот е никаков, потврдува дека нам, странците и нивните фушерски решенија, не ни се излез од нашево корумпирано судство. Напротив, САД со вакви писма упатени до Судскито Совет само сакаат да влијаат врз судски случаеви кои имаат политичка позадина и со тоа да ја обликуваат политичката реалност во Македонија. Целта на САД како и до сега, е моделирање на македонскиот политички блок според нивните потреби а при тоа оставајќи го албанскиот политички блок недопирлив, затоа што истиот е 100% сервилен кон нив.  

До сега, немаме осудено албански политичар за корупција во земјава, ниту пак амбасадата на САД има пратено писмо до судските власти на оваа тема.  

Испаѓа дека политичарите на ДУИ, кои владеат 20 години, се примерни анти коруптивни политичари со одличен анти коруптивни манири. 

НовАсном смета дека решенитето во судскиот систем во Македонија, треба да биде автохтоно и произлезено од наши домашни експерти кои добро ги познаваат добрите и лошите страни на македонското судство  а се со цел, да се достигне целосно независно судство отпорно на надворешни и внатрешни влијанија.

Македонија има одлични експерти кои можат да донесат соодветни, вистински и рационални законски решенија во судството, но се нема политичка воља истите да се ангажираат и решенијата да се имплементираат. Се замајува јавноста со т.н. европска агенда која ќе ни донесела подобро утре а при тоа се користи европското знаменце во парламентот да се носат коруптивни закони, случајот Бехтел и Анка земете го како пример.  

Предлозите на професорот Миодраг Лабовиќ презентирани во неговата научна студија, „Системско владеење на правото против системската корупција и организираниот криминал“,  за Судскиот совет се добра основа за вистински реформи во Судскиот совет. Ова подразбира менување на 3-5 членови од уставот како и законски измени од Законт за Судскиот совет.  Потребни ни се коренити и вистински праведни промени во судството, промени за кои сегашните политички елити не се подготвени да ги имплементираат. 

Денот на победата – потсетник да се забрани глорификацијата на нацизмот

Денес на денот на антифашистичката борба 9 Мај 2022, НовАсном со загриженост ги следи општествените текови во кои возвишувањето на нацистичките соработници е норма а запоставување на борците на анти фашизмот е тренд. 

Денеска, балистот и нацистички соработник Џемо Хаса си има име на улица во Гостивар и биста во с. Симница. Целата оваа глорификација на нацистичките соработници е покрената од домашната проевропска политичка т.н. елита која не води сметка за нашето болно минато и одобри овој  докажан соработник на нацизмот, да има свој белег во општествениот живот во Македонија.  

Никој од нашите борци и идеолози, кои се бореа и загинаа за АСНОМ-ска Македонија, не се бореа за да овој нацистички соработник има свое обележје во нашата татковина, во Македонија. Под закрилата на светла Европска перспектива и немање алтернативна визија за иднината на Македонија, актуелните домашни политичари со сета своја сила се обидуваат административно да го избришат македонскиот народ, со тоа што преговараат за алтернативен идентитет преку историската комисија, а сето ова под покровителство  на Европската Унија.  

Предлагаме со закон да се забрани глорификацијата на нацистичките соработници и употребата на нивните симболи. 

Од друга страна, по многу нешта овие времиња наликуваат како оние од пред 1944 година, времиња кога македонскиот народ  немаше своја држава, кога  сонот за самостојна Република Македонија беше сеприсутен и желбата да се живее слободно очигледна. Победата над фашизмот е наш светол симбол и потврда дека ова актуелно  политичко лудило , неприфатено  од македонскиот народ,  што се потврди и со референдумот на 30 Септември 2018 година, може повторно да се победи со сплотеност, одлучност, знаење и посветеност.  

Наша цел е повторно да бидеме победници и затоа ни е потребен НовАсном, за да изградиме нова иднина, нова држава, да изградиме правно општество  каде што секој човек ќе има еднакви можности за просперитетен живот во здрава животна средина.