Месец: м.г

Лицемерието на нашите Политичари Продолжува

Организацијата НовАсном со особено внимание ги следи настаните кои се одвиваат околу контроверзниот охриѓанец Христијан Пендиков, , кој постана „славен“ по кривичната пријава од полицијата за кокаин и секако, по неговата нелегална евакуација и транспорт до Бугарија а посебно, срамните реакцијата на Македонските владини претставници. 

Од целата оваа политичка гротеска се извлекуваат минимум три заклучоци:

Во име на Европската перспектива и т.н. добрососедски односи потенцијално се руши правната држава. Носење на криминалецот Пендиков во Бугарија автоматски, ги блокира или лимитира нашите истражни органи да си ја вршат својата работа. Оваа ситуација е непожелна, каде што нашите политичари задоволуваат туѓи политички апетити во име на Европската перспектива која води кон т.н. правна држава а при тоа рушејќи го нашиот правен систем. Апсурд. 

Дава еден мал приказ каква ќе биде идната бугарска политика кон нашиот т.н. Европски пат и доколку се дозволат Уставните Измени и вметнување на Бугарите во нашиот Устав. Целиот бугарски политички ешалон ја користи секоја можност за остварување на своите асимилаторски и нацистички политики насочени против Македонската нација за да можат да не уценуваат, доминираат во нивната политика против нас и нас да не стават во подредена положба.    

Уште еднаш се потврди лицемерната политика на македонската Влада и претседателот Пендаровски, кој минатата година тврдеше дека Гоце Делчев имал бугарски корени и со тоа, само ја охрабруваше па дури и поттикнуваше екстремната бугарска политика према нас за да денеска, предлага забрана за влез во државата на бугарски политички претставници. Потпишувањето на договорот за пријателство со Бугарија е погрешна политика на нашата влада вклучуивајќи го и претседателот Пендаровски  и со тоа им дава ветар во грб на екстремните бугарски барања и политики да бидат норма.  НовАсном се залага за почитување на правната држава, законите и правниот поредок без исклучок а реформите кон вистинско постигнување на правна држава треба да бидат дел од политиките на владата без разлика дали тоа е дел од Европската агенда или не.

Тиранската Средба – Непријателски Чин

Органицијата НовАсном смета дека неодамнешната, втора Тиранска средба, впрочем како и првата, одржана пред пет години е, врвен непријателски чин кон Република Македонија и македонскиот народ. НовАсном категорично се спротиставува на секоја политика формулирана и креирана надвор од Република Македонија што, ги задира националните интереси на македонскиот народ но и на сите останати граѓани на Републиката.

Органицијата НовАсном смета дека, состанокот на албанските партии од Македонија кај премиерот Еди Рама во Тирана-Албанија, е во насока на јакнење на  меѓуетничкиот раздор и разгорување на етничка нетолеранција и недоверба помеѓу Македонците и Албанците во Македонија. Се сомневаме дали македонските партии, пред се СДСМ, имаат точен и искрен податок од албанските политички лидери пред се од коалициониот партнер ДУИ, што точно се разговарало за иднината на државата и какви тоа „визии“ биле на политичкото „мени“ на масата на Еди Рама. Токму поради тоа, расте недовербата кај Македонците кон Албанците

Истовремено прашуваме зошто македонските партии, сите до една, конечно веќе еднаш не седнат на заедничка маса и зошто, за македонската иднина да разговараат албанските партии во Тирана а не и македонските партии во татковината, во Република Македонија?  Зошто македонските партии, сите до една, не манифестираат единство за клучните суштински и стратешки прашања и зошто немаат македонски „братски“ дијалог за иднината на Република Македонија? И најважното прашање: Зошто македонските и албанските партии во Република Македонија, сите до една, не седнат на заедничка маса, дома-тука во Скопје, да разговараат за македонската иднина, заеднички да „стокмат“ агенда во која, заеднички ќе ги детерминираат македонските интереси и приоритети за успех на нашата заедничка иднина? Зошто, браќа Македонци, конечно веќе еднаш, заеднички и братски, не порачаме: И без Македонците, нема Македонија?

Организацијата НовАсном смета дека оваа ненародна и одродничка власт, ја обезличи Република Македонија и насилно и предавнички ја прифати срамната географска одредница, Северна. Повикуваме и сакаме мирољубив соживот, базиран на почитување на законите и основните човекови права на сите граѓани на Македонија, на зачувувањето на македонското достоинство и дигнитетот, зачувување на македонскиот јазик и македонскиот идентитет.

Ове е генерациски предизвик пред кој, заеднички и братски треба цврсто исправени да стоиме. Тоа е нашата праведна  борба против одродниците и сите оние кои неправедно ни го одзедоа најсветото и вековното. Тоа е нашата праведна  борба за слободна и независна македонска држава за нас и нашите идни генерации.