Месец: м.г

Европската Комисија сака ‚војна‘ со НовАсном

Вчерашната посета на престедсателката на Европската Комија, Урсула вон дер Лајен на Република Македонија или на нивната творевина „Северна“, потврди неколку непријатни вистини креирани од Европската Унија и Европската Комија во однос на македонската нација. 

Европската Комисија покажува гротеска хипокризија и лага со отфрлањето на претставката на НовАсном и Македонскиот клуб за етничка толеранција од Благоевград против Р. Бугарија доставена до Европската Комисија на 29 Август 2022 година. Во објаснението дадено до НовАсном, Европската Комисија меѓу другото вели дека нашата претставка дадена до ЕК е во доменот на заштита на човековите права на македонците во Бугарија и дека ЕК нема ингеренции да делува во овој домен. До Р. Бугарија било тоа да го уреди. 

Преставката која ја поднесовме до ЕК против Бугарија во ниеден дел не споменува заштита на човековите права на Македонците во Р. Бугарија. Нашата претставка е во доменот на веќе донесени одлуки на Европскиот Суд за првда, Европската комисија, директиви како и кршењето на неколку членови од фундаменталните права од договорот на Европската Унија. 

Во своето објаснување, Европската Комисија воопшто не ги адресира нашите тврдења дека со нерегистрацијата на Македонскито клуб за етничка толеранциа од Благоевград, Бугарија го крши Договорот на ЕУ во доменот на фундаменталните права, членовите 12, 21 и 22. 

Фундаментланите права од договорот на Европската Унија се еден од столбовите врз кои почива Европската Унија. Тие се основни, базични и имаат примат во ЕУ. Еден од нашите аргументи е дека Бугарија крши три члена (12, 21,22), од фундаменталните права  од договорот на ЕУ. Овие членови се во доменот на слободата на здружување и асоцијација, недискриминацијата и културна, религиозна и јазична различност. Ние сметаме дека со нерегистрацијата на Македонскиот клуб за етничка толеранција, Р. Бугарија ги крши овие три члена од договорот на ЕУ и со тоа Европската Комисија треба да реагира и да и наложи на Р. Бугарија да го регистрира клубот од Благоевград. Во спротивно, Европската Комисија треба да воведе санкции кон Бугарија. Една од санкциите кои ЕК ги има на располагање се скратување на ЕУ фондовите се додека Р. Бугарија не дозволи регистрација на Македонскиот клуб за етничка толеранција од Благоевград. Сметаме дека Европската Комисија ги има овие ингеренции. 

Со неадресирањето на нашите аргументи во нашата претставка против Р.Бугарија во однос на кршењето на фундаменталните права од договорот на ЕУ, Европската Комисија само потврдува дека ние сме во право и ни го отвара патот да поднесеме тужба против Европската Комисија во Судот за правда во Луксембург. 

Во овој момент, нашите  европски адвокати од Париз ја разгледуваат овааа можност додека ние подготвено го очекуваме нивниот сигнал. 

Третманот на Македонците во Бугарија не соодветнува со нивните фундаментални права кои ЕУ ги нуди а Европоската Комисија од нас очекува тие права да ги почитуваме во Македонија додека ништо не прави истите права да ги почитуваат земјите членки како Р. Бугарија. Со ова. Европската Комисија проектира една хипокризија и двојни стандарди кои не поминуваат кај нас Македонците. 

Нам не ни треба ЕУ каде што, ние Македонците ќе ги немаме оснвонвите чвоекови права. Нам не ни треба ЕУ каде што владее хипокризија, двојни стандарди и кршењето на ЕУ законите. Нам ни треба Европска Унија каде што, Македонците ќе ги имаат истите права кои ги имаат и другите народи во Европа. Тоа сега не е случај а  нашиот пат кон ЕУ е обична идентитетска провалија, пат низ кој, ние Македонците постпено ги губиме нашите идентитетски обележја до финално обезличување на самите себеси.   

Северна Македонија нема ништо со денот на македонската револуционерна борба

Денес, СДС-овската творевина Република Северна Македонија, востановена со предавничкиот преспански договор кој беше прифатен и од опозиционерската ВМРО-ДПМНЕ, го слави денот на македонската револуционерна борба. Се слави во чест на шесте интелектуални револуционери кои 1893 година ја формираа Македонската револуционерна организација, револуционери кои, организацијата не ја формираа за да се борат за некаква си Северна Македонија. Шестемина револуционери интелектуалци: Дамјан Груев, д-р Христо Татарчев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Христо Батанџиев и Андон Димитров, за своја цел, ниту во програмата за дејствување, ја немале автономијата на Северна Македонија туку автономија на Република Македонија. НовАсном смета дека, СДС-овската творевина Република Северна Македонија, нема никаква поврзаност ниту пак била една од целите на Македонскта револуцонерна организација и дека, секоја поврзаност помеѓу Северна Македонија и овие шест млади интелектуалци кои ја оформија Македонската револуционерна организација е безсмилена, лажна и неискрена.

НовАсном смета дека СДС-овската творевина Република Северна Македконија е предавство на идеалите на шесте млади интелектуалци и Македонската револуцонерна организација. Одговорноста за оваа безсмислена ситуација каде што ние македонците славиме македонски револуционерен празник во Северна Македонија ја имаат владеачката СДС но и опозиционерската ВМРО-ДПМНЕ кои го прифатија предавничкиот преспански договор.

Со имплементација на предавничкиот Преспански договор, се прекина било каква поврзаност меѓу нашите револуционери кои се бореа за Република Македонија и творевината Северна Македонија, и затоа славењето на македонски револуцонерен празник во Северна Македонија е безсмислено. Предавничкиот Преспански договор креаира нова политичка реалност и многу нелогичности во однос на нашите безсмртни ревоуционери кои го дадоа својот живот за Република Македонија.

НовАсном им одава бескрајна почит на овие шест млади интелектуани револуцинери и родољуби кои, во виорите и бигорите, ја изнедрија Македонската револуционерна организација. Денешниот Преспанскиот договор, нас Македонците не врати во нивно време и нашите идеали се исти како и нивните. Имено, да се бориме за Република Македонија која ќе почива на АСНОМ-ските принципи, каде што секој граѓанин ќе има еднакви можности за просперитетен живот во здрава животна средина.

Нека ни е честит 23 октомври,Денот на Македонската револуционерна борба и ден-потсетник дека наша национална цел е враќањето на уставното име Република Македонија која е столб на нашиот вековен стремеж да живееме во своја држава чие име искрено и со силна жар го љубиме и почитуваме.

НовАсном присутен на тркалезна маса во Пула

Во организација на Г-дин Алдо Климан, Македонскиот културен форум од Пула и Градската библиотека и читална во Пула денес и утре се одржува тркалезна маса ,,Македонскиот идентитет во европскиот историски мозаик“. Наш представник присуствува на тркалезната маса на чија маса ќе присуствуваат видни македонски интелектуалци и патриоти. На првиот ден од тркалезната маса, беше прикажан историски филм снимен 1923 година во Софија, по повод 20-годишнината од Илинденското востание. Настанот бил организиран од македонската емиграција во Бугарија. 120 години од Илинденското востание, делата на илинденците се нашиот мотив да продолжиме со нашата борба да се ослободиме од идентитетското ропсвто во кое западнавме во оваа вештачка творевина наречена “Северна“. Предизвикот на оваа генерација македонци е враќање на уставното име Република Македонија и ослободување од идентитеското ропство во кое западнавме со имплементирањето на Преспанскиот и Бугарскиот договор.

Борбата за Р. Македонија продолжува

Организацијата НОВАСНОМ, денеска, на 82 годишнината од  Денот на народното востание на македонскиот народ, оддава огромна почит кон сите востаници во борбата против фашизмот и фашистичкиот окупатор на македонската земја. Денеска, со огромен пиетет, оддаваме признание за македонските херои кои, ја започнаа борбата за слобода и ослободување на македонскиот народ и македонската земја од окупаторите фашистички. Тие, храбро се бореа и гинеа за самостојна Македонија, за самобитност и самостојност на македонскиот народ.

Организацијата НОВАСНОМ, смета дека, денеска, за жал дојде време, кога треба да кажеме дека заради оваа одродничка власт, предадени се нивните идеали и визии, нивната борба и жртви се погазени и дека Република Македонија ја ликвидираа, ја заменија со Северна, ја нагрдија, ја обезличија и им ги одзедоа правата и достоинството на Македонците. Денеска, пред Македонската нација, „висат“ истите пранги окупаторски, истите закани за целосно деградирање и девалвирање на достоинството на Македонците, за газење и бришење на историјата Македонска, демнат подли обиди за бугаризација, да се сотрат традициите, обичаите и културата Македонска. И сето тоа, со амин на оваа неспособна, одродничка и предавничка власт која мизерно и со свиткана кичма, молчешкум ја гледа агресијата за крај на постоењето на Македонците.

И затоа, организацијата НОВАСНОМ смета дека, дојде време кога гласно мора да кажеме дека борбата за ослободување на Македонија ПРОДОЛЖУВА. Оваа борба е новата револуција на сите нас-македонските патриоти, оваа борба е нашиот генерациски предизвик и крик на Македонците против преспанскиот договор, против т.н. „заедничка историја“ со Бугарија, против македонскиот јазик да бидне дијалект на бугарскиот. Оваа борба е за нашето вековно и уставно име Република Македонија и дека е ДОСТА од „бугарска демократија“, ДОСТА од бугарски клубови во Македонија, ДОСТА од дволичните игри на меѓународната заедница и од апетитите на нивните миленичиња Грција и Бугарија-најсиромашната земја во ЕУ. Оваа борба, значи ДОСТА за поделбите и КРАЈ за оваа марионетска и профашистичка власт. Оваа борба е нашиот Македонски восклик за живот и слобода, за бесмртност на македонизмот со кој и денес над Македонија се раѓа, ново сонце на слободата. 

Македонци, нека ни е честит 11 октомври, денот на непокорот и Ден на народното востание на македонскиот народ.

ДА ЖИВЕЕ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.

Отворање на уставот – враќање на Република Македонија

НовАсном смета дека отворањето на Уставот и негова измена,  е вистинскиот и историски момент да се следи политичката волја на Македонската нација да живее во своја држава и да влезе во ЕУ достоинствено, гордо и еднакви како и сите останати народи во ЕУ.  Во исто време, отворањето на Уставот треба да се искористи да се направат фундаментални измени во истиот каде што ќе се воспостават основите за вистинска и целосна независност на судството, уставниот суд и јавното обвинителство. 

Во тој контекст она што треба да се следи е политичката волја на македонската нација изразена на референдумот на 8 Септември 1991 и 30 Септември 2018 година. Македонската нација на два референдум потврди дека сака да биде дел од Европската Унија под вековното и уставно име на својата држава, Република Македонија и исклучиво со зачуван идентитет, имено само како  Македонци, без други додавки кои значат негово национално обезличување. Затоа овој период кога се отвара Уставот е  моментот да се следи политичката волја на Македонците и да се врати името Република Македонија како  што тоа македонската нација го посакува. 

Во исто време, НовАсном се залага за имплементација на 4-6 уставни измени по теркот на научната студија на професорот Лабовиќ, со кои ќе се отвори патот кон оставарување на вистинска и целосна независност и самостојност на судскиот совет, уставниот суд и јавносто обвинителство. Цениме дека имплементацијата на предложените уставни измени во овие круцијални институтции ќе донесе до многу подобри решенија него било кој Европски реформски пат кој сега се заговара. Сега е време за вистинки уставни реформи кои навистина ќе ја придвижат нашава земја кон политичките стремежи на македонската нација и ќе овозможат длабоки реформи во општеството чии бенефит ќе ги имаат сегашните и идните генерации.