Балистот си доби име на улица во Чаир

НовАсном најостро ја осудува албанската политичка партија ДУИ и нејзиниот  градоначалник Висар Ганиу за именувањето на улица според нацистичкиот соработник Сул Хотла. Ваквиот чин е  возвишување на идејата за голема Албанија и значи рехабилитација на нацифашизмот во Македонија. Ова е само еден чекор од серијата каде се „оживуваат“ нацистичките албански колаборатори кои се бореа за голема Албанија, колејќи ги слободоумните македонци, на сметка на територијата на Република Македонија.

Ваквиот чин на албанската политичка партија ДУИ во Република Македонија,  е уште една потврда дека тие се изворот на меѓуетничка нетрпеливост и се „генератори“ за продлабочување на јазот помеѓу заедниците во Македонија но и сериозна закана за мирот и стабилноста на нашата земја.

Од друга страна ова е потврда дека Рамковниот договор не е база за стабилност на државата и државниот апарат изграден врз база на истиот договор, практично е нефункционален. Чуму постои Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, кое е водено од ДУИ, кога имаме глорификација на нацифашистите кои го продлабочуваат етничкиот јаз во земјава?

Каде се сега т.н. наши стратешки партенри, САД, мисијата на ЕУ и останатите да реагираат на оваа глорификација на нацифашизмот во Македонија? Дали молчат зошто ја имаат целосната подршка на ДУИ?

Уште полошо е фактот дека најголемите политички партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ кротко си ќутат на ваквите анти-македонски чекори на ДУИ. Владее чувството дека и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ молчат не сакајќи да ја вознемират ДУИ знаејќи дека токму ДУИ се тие кои ги бираат нив за партнери во оваа нефункционална рамовна влада.

Молкот на нашите стратешки партенри, САД, мисијата на ЕУ, Германија како и на СДСМ и ВМРО-ДМПНЕ значи само подршка на ваквите чекори на ДУИ.

НовАсном никогаш нема да прифати балистите да имаат свои обележја во Република Македонија, знаејќи дека истите обележја се анти-македонски, се на сметка на нашата земја а се во корист за идејата на Голема Албанија.

Ова е уште една потврда дека Рамковната Македонија е мртва и дека ние македонците треба да си ја вратиме Република Македонија во наши раце каде што секој граѓанин, ќе има еднакви можности за просперитетен живот во здрава животна средина.