Министерот за Надворешни работи Господин Бујар Османи, по професија лекар, со давање законски решенија за прием на мерки на странски држави САД, Обединетото Кралство, или било која друга држава, уште еднаш покажува дека не го познава уставниот и законскиот правен поредок на нашата македонска држава. Имено, Министерот за Надворешни работи не е овластен, ниту надлежен, за превземање и вклучување на вакви мерки во уставот на нашата суверена македонска држва. Ваква активност, давање законски решенија за преим на мерки на странски држави во нашата македонска држава, не е позната во меѓународното право и меѓународниот правен поредок. Министерот за Надворешни Работи со ваквите мерки, кои јавно ги предлага, го урива уставниот поредок и правниот поредок на македонската држава. Исто така, со ваква негова незаконска активност ја подведува нашата држава со статус на понижена држава-протекторат која служи на странски туѓи интереси. Криминалот кој го детектираат САД, Обединетото Кралство како и било која друга држава во нашата држава, се решава на билатерален однос меѓу државите во соработка со Министерството за внатрешни работи и Државното Јавно Обвинителство во македонската држава. Ваквите недопуштени активности на Министерот за Надворешни Работи се сведуваат на криминални активности на рушење на македонската држава.
Месец: м.г
Ако и М-НАВ падне, ќе имаме целосна племенска поделеност
НовАсном најостро го осудува теророт кој ДУИ го спроведе во М-Нав како и владината племенска одлука со кои се постави уште еден војник на ДУИ за директор на М-Нав. Се сомневаме дека новиот директор на М-Нав, Асани, ќе одолее на притисоците на неговите сопартијци од ДУИ, и ги поништи неодамнешните сомнителни вработувања по племенско-партиска линија водена од ДУИ.
Во исто време, организацијата НовАсном му дава целосна и безрезервна подршка на струковиот Синдикат на контрололите на летање и нивниот претседател г-дин Тасевски, во нивната заложба за запазување на професионализмот, меритократијата и меродавноста во М-Нав. Само со имплементација на меритократијата и висок професионализам, нашата држава ќе тргне напред, никако поинаку.
Свесни сме дека последниот бастион на професионализам и меритоктратија е М-Нав која е контролирана од Еуроконтрол и ако оваа институција падне на овој испит, тогаш ќе имаме целосна племенска поделеност во сите пори на нашиот државен систем. Ваквиот нефункционален и племенски поставен систем наречен Северна Македонија наликува на општество од 16 век каде националноста, а особено албанската националност е најбитна, за да се добие работа во државната администрација. Свежи се сеќавањата на неодамнешните повици за работен оглас во Државна Болница каде што еден од критериумите за да се вработи лекар е да се биде албанец. Ова апсолутно ги влошува меѓуетничките односи и води кон услови на перманентна меѓуетничка недоверба, албанците од една страна наспроти сите останати граѓани на нашата држава. НовАсном се залага за праведно правно општество каде што секој индивидуалец, независно дали е Македонец, Албанец или припадник на било која друг етнички етникум, ќе има еднакви можности за нормален економски живот во здрава животна средина и каде што нашите деца и внуци, ќе ја гледаат својата иднина во оваа земја а не таму некаде во странство далеку од нас