Месец: м.г

Погрешни владини анти-инфлаторни мерки

Економскиот тим на НовАсном детално ги анализира анти-инфлаторните мерки на владата донесени на 52 седница со кои се лимитира маржата на трговците на мало и големо како и новиот начин на пресметка на оперативните трошоци на трговците на мало.  

Проблемот на инфалијата во Македонија е тоа што истата е увезена како резултат на глобалните економски и геополитички токови. Инфлацијата ни е увезена заради огромното штампање на пари од страна на нашите стратешки партнери, Федералните Резерви, Европската Централна Банка, Канадската централна Банка и други, логистичките предизвици со производство и транспорт на роба, воведувањето на економски санкции кон Русија како и неможноста на Украина да ги пласира своите житни производи, ѓубрива и други производи на светскиот пазар. 

Честитики до нашата влада што се обидува да го реши овој глобален инфлациски проблем со локални решенија, но истите нема да имаат влијание врз намалувањето на инфлацијата туку во најдобра рака ќе го продлабочи јазот помеѓу трговците кои плаќаат и не плаќат данок.  Овие мерки се гасење на шумски пожар со детско лаживче. Владините анти инфлаторни мерки се само потврда дека се исплати да имаш малопродажен бизнис кој работи на диво зошто мерките не го лимитираат нивното работење и не го намалуваат нивниот профит за разлика од големо и малопродажните бизниси кои издаваат фискални смети, работат регуларно во склопот на законот и кои ги засега овие мерки.  

Причинителите на сегашната инфлацијата не се во доменот на можните владини мерки зошто истата инфлација е увезена однадвор, т.е. зголемувањето на цените на продуктите е одредено надвор од границите на нашата земја и во овој котнекст владините мерки нема да бидат ефикасни.  

НовАсном сугерира владата да се фокусира на мерки кои ќе овозможат поширока и еднаква конкуренција кај трговците на мало и големо, која конкуренција ќе доведе до намалување на малопродажните цени.  

Ова подразбира фискализација на сите диви и нелегални малопродажни објекти и бизниси како и зголемена контрола на постоечките малопродажни и големопродажни бизниси кои можеби работат полулегално и издаваат фискални сметки само во одредено време. Развивањето на економија каде што секој бизнис ќе работи под еднакви услови и еднакво ќе биде третиран е круцијално за здрава конкуренција која секогаш ќе пордуцира најниски цени како резултат на здравата конкруенција на пазарот.   

Францускиот предлог се базира на предавничките политики на македонските политики елити

Организацијата НовАсном смета дека францускиот предлог за т.н. деблокада на почетокот на преговорите за членство на Македонија во ЕУ, е штетен документ, кој значи финална капитулација за Македонија. Францускиот предлог се базира на предавничката политика која, во Македонија ја водеа скоро сите влади, од нејзиното осамостојување до денеска, Курто и Мурто политичари кои се во фунција на продавање на идентитетот на македонскиот народ со цел да ја задржат и да останат на власт.  

Во последните 30 години, Курто и Мурто политичарите, постепено го продаваа идентитетот на македонскиот народ, го продадоа Македонското национално знаме, името на државата и името на Македонската православна црква. Македонија, за жал е еднинствената земја на пленатава која има направено вакви отстапки за некоја друга држава а на штета на Македонската нација.

При тоа не навлегуваме за отстапките кои се направени со Охридскиот договор, Пржинскиот договор, формирање на СЈО или пак несудењето на воените злосторници од нивните злодела итн.

Бугарија, која е окуражена од отстапките кои ги направија нашиве Курто и Мурто „политичари“ кон Грција, менување на знамето и Преспанскиот договор, и имајќи неприкосновено вето во Советот на Министри во ЕУ, ја гледа оваа ситуација како извонредна можност да си го оствари својот вековен сон и да ги принуди Македонците да постанат тоа што не се, да имаат бугарски корени, бугарска традиција и култура.


Организацијата НовАсном смета дека францускиот предлог за одблокирање на македонските евроинтеграции е страшно лош темел за решавање на наметнатиот и вештачки спор со Бугарија. Истиот води кон ново национално предавство и е резултат на погубната политика на Курто и Мурто каде што предавничките договори ги претставува како победнички додека губитничката политика продолжува.  

Организацијата НовАсном смета дека дојде време јасно да се спротивставиме на кроењето на нашата судбина од други сили, да им кажеме НЕ на бескрајните и срамни бугарски барања, на мизерната и срамна деградација што доаѓа од нашиот источен сосед.  

Од историски аспект, Македонската нација, денеска е исправена пред историски предизвик а тоа е формирање на нова политичка елита која, безрезервно, искрено и вистински ќе ги промовира и цврсто брани интересите на Македонската нација.  НовАсном е спремен за еден таков предизвик.