Отворање на уставот – враќање на Република Македонија

НовАсном смета дека отворањето на Уставот и негова измена,  е вистинскиот и историски момент да се следи политичката волја на Македонската нација да живее во своја држава и да влезе во ЕУ достоинствено, гордо и еднакви како и сите останати народи во ЕУ.  Во исто време, отворањето на Уставот треба да се искористи да се направат фундаментални измени во истиот каде што ќе се воспостават основите за вистинска и целосна независност на судството, уставниот суд и јавното обвинителство. 

Во тој контекст она што треба да се следи е политичката волја на македонската нација изразена на референдумот на 8 Септември 1991 и 30 Септември 2018 година. Македонската нација на два референдум потврди дека сака да биде дел од Европската Унија под вековното и уставно име на својата држава, Република Македонија и исклучиво со зачуван идентитет, имено само како  Македонци, без други додавки кои значат негово национално обезличување. Затоа овој период кога се отвара Уставот е  моментот да се следи политичката волја на Македонците и да се врати името Република Македонија како  што тоа македонската нација го посакува. 

Во исто време, НовАсном се залага за имплементација на 4-6 уставни измени по теркот на научната студија на професорот Лабовиќ, со кои ќе се отвори патот кон оставарување на вистинска и целосна независност и самостојност на судскиот совет, уставниот суд и јавносто обвинителство. Цениме дека имплементацијата на предложените уставни измени во овие круцијални институтции ќе донесе до многу подобри решенија него било кој Европски реформски пат кој сега се заговара. Сега е време за вистинки уставни реформи кои навистина ќе ја придвижат нашава земја кон политичките стремежи на македонската нација и ќе овозможат длабоки реформи во општеството чии бенефит ќе ги имаат сегашните и идните генерации.