Организацијата НовАсном интензивно ја следи ситуацијата во Украина и искрено жалиме за изгубените човечки животи, за илјадниците бегалци, за уништувањето на градовите низ Украина. НовАсном се залага за почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина. Сметаме дека доследното имплементирање на меѓународното право е обрска која треба да се почитува без исклучок. Потребно е еднаков третман и примена на меѓународното право секаде и од секого.
Во овој контекст со жалење гледаме како нашите политички елити се залагаат за делумно и ограничено спроведување на меѓународнот право. Се прашуваме зошто Господинот Али Ахмети кој го осуди кршењето на меѓународното право во Украина , не го осуди истото кршење на меѓународното право и кршењето на резолуцијата бр. 1244 на ООН и признавањето на Косово?
Која е разликата помеѓу кршењето на меѓународното право со нападот на Југославија и признавањето на Косово, со нападот на Украина и признавањето на Луганск и Донецк?
Зошто господинот Милошоски во својство на пратеник бара почитување на повелбата на ООН кога се работи за Украина, додека како член на поранешна македонска влада го призна Косово и со тоа флагрантно ја прекрши резолуцијата 1244 од ООН?
Свежи се сеќавањата кога нашите сојузници беа неми по пресудата на Меѓународниот суд за Правда дека Грција ја крши времената спогодба
Никој, апсолутно никој од нашите западни сојузници не ја осуди Грција за кршење на меѓународното право. Сега истите тие сојузници со полна уста кажуваат за кршењето на меѓународното право во Украина.
Ваквата хипокризија, лицемерие и дволичност е забележано и од Претседателот Пендаровски кој неодамна изјави, “Голема политичка штета прави тоа што нашите западни партнери по промената на името не ги започнаа преговорите со Македонија”, при тоа мислејќи на ветувањата што западните сојузници им ја дадоа на нашите политичари пред да се смени името.
Не очекуваме дека Престедателот Пендаровски ќе научи лекција од сето ова и ќе ја осуди на пример Грција за кршењето на Меѓународното право, со тоа што се уште на дел од Македонците бегалци од Егејска Македконија не им се дозволува да си ги посетат своите родни огништа.
Сепак знаеме едно, дека сега е вистинскиот момент за нас за да се свртиме кон себеси и имплементираме вистински реформи кои ќе резултираат со градење на правно општество каде што секој индивидуалец ќе има еднакви можности за просперитетен живот во здрава животна средина. Ова подразбира севкупни реформи во Судството, Јавното Обвинителство, Државната Администрација и Уставниот Суд со кој реформи ќе се подобрат условите за живот за сите нас
Автор: mkasnomadmn
Слава му на Гоце
Денеска, на 150 годишнината на денот на раѓањето на големиот Македонски Револуционер Гоце Делчев овде во Кукуш, Македонската нација стои исправена со слични ако не и исти предизвици кои ги имаше Гоце.
Гоце се бореше за Македонија на Македонците — ние ја немаме Република Македонија, Гоце го разбираше светот како културно поле за натпревар на народите — денеска во дел од Европската Унија основните човекови права на Македонците да го изучуваат својот јазик, да се собираат во културни, религиозни и политички движења им се скратува а серијата на пресуди за кршењето на нивните права пред судот за Човекови права во Стразбург се игнорира, а ЕК не го спроведува занонот на ЕУ и не ги казнува членките на ЕУ кои го кршат основното човеково право на Македонците во ЕУ.
Уште полошо, денеска политичката воља на Македонскиот народ изразена на референдумот од 8 Септември 1991 и 30 септември 2018 не се почитува и неговото основно право на самоопределување не се почитува. Затоа ја немаме Република Македонија
Ние од НовАсном заедно со Млади на Македонија се обрзуваме да го следиме патот на Гоце Делчев и да се избориме за нашите основни човекови права и правото на самоопределување, право втемелено во повелбата на Обединетите Нации. Од патот што го трасира Гоце не се откажуваме и ги повикуваме сите патриоти да ни се придружат во нашата борба за да повторно бидеме победници.
Слава му на Гоце
Енергетски Предизвици и Решенија
Разговор со Професор Д-р Константин Димитров за сегашната енергетска криза, генезата на истата како и предлог решенија за излез од истата.
Раѓање на нова нација – северномакедонци
По повод изјавата на претседателот на Владата на РМ Г-дин Ковачевски дадена во своето експозе на 15ти Јануари 2022 година дека, ‘разговорите со Република Бугарија ќе се интензивираат и никој не смее и нема да преговара за идентитетот на македонскиот народ’.
Го потсетуваме Претседателот на Владата дека слични изјави беа давани и пред да се потпише Преспанскиот Договор, но резултатите од потпишувањето на Преспанскиот договор се раѓање на нова нација која се повеќе е дел од реалноста во светските медиуми а за жал министерството за надворешни работи на нашата земја упорно молчи и не се произнесува и не ја корегира таа нова реалност.
Се повеќе светски медиуми како и нашите стратешки партнери САД и официјално го употребуваат терминот севеномакедонци и сверноакедонски. Ова е резултатот од потпишувањето на Преспанскиот договор, нанесена непоправлива штета на нашиот идентитет. Повелете линкови каде светски медиуми, стејт департемнтот и други нас не ословуваат со нов идентитет како што не е опфатен со Преспанскиот договор туку тоа е една нова реалност во која ние живееме а овде во Македонија се негира.
Ова е уште една потврда за штетноста и последиците од Преспанскиот договор кој час поскоро треба да се раскине и потребата да се имплементираат реформи во насока на градење на правно општество каде што секоја индивдуа ќе има просперитетен живот во здрава животна средина.
Повелете линкови од светски медиуми и стејт департмент.
Ал Јазера, https://www.aljazeera.com/news/2022/1/20/north-macedonias-path-to-to-eu-membership-stumbles
Стејт Департмент, САД, https://www.state.gov/u-s-diplomats-build-cyber-defense-and-cybersecurity-partnerships-worldwide/
АНИ, Јужна Азија https://www.aninews.in/news/world/others/north-macedonias-parliament-elects-new-prime-minister20220117131706/
Планет Радио, Британија, https://planetradio.co.uk/greatest-hits/sussex/news/west-sussex-firefighters-donate-kit-to-north-macedonia/
Пакистан Опсервер, https://pakobserver.net/afghan-youth-dies-from-exposure-on-n-macedonia-border/
Градоначалник на Пустец
Влијанијето и активностите на Бугарската држава виз а ви Македонската. Разговор со Градоначалникот на Општина Пустец, Република Албанија, Г-дин Пали Колефски
Посета на Република Албанија
Делегација на НовАсном беше во посета на Општина Пустец, Република Албанија и оствари средба со Градоначалникот на Општина Пустец Г-дин Пали Колефски. Благодарност за гостопримливоста на нашинците од Пустец.
Судени зошто се деклариралe како Македонци
‘Со години лeжeвме во бугарски затвopи само бидејќи се деклapиpaвме како Македонци’. Разговор со Г-дин Стојан Георгиев, еден од основачите на ОМО Илинден – Пирин и сега почесен Претседател, и Г-дин Стојан Герасимов, член на органзиацијата, за кршењето на човековите права во членката на Еврпоска унија Република Бугарија, од времето на комунизмот па се до денеска.
Г-дин Стојко Стојков, ОМО Илинден Пирин
Разговор со Членот на Претседателството на ОМО Илинден Пирин Г-дин Стојко Стојков за Основните Човекови права на Македонците во членката на Европската Унија Република Бугарија.
Село Поленица, Република Бугарија
Делегација на НовАсном беше во посета на Македонци патриоти од Пиринска Македонија, Р. Бугарија, село Поленица, Сандански, и оствари средба со првиот Претседател на ОМО Илинден Г-дин Стојан Георгиев и сегашниот член на Престедателството на ОМО Илинден Пирин Г-дин Стојко Стојков. Благодарност за срдечното гостопримство.
Пост-Преспански договор и човековите права на Македонците во Грција,
Г-дин Павле Воскопулос,, Pavlos Voskopoulos Filipov, ( Παύλος Βοσκόπουλος). Лерин, Грција
Можна идна Грчка Блокада
Делегација на НовАсном беше во посета на Еленската Република и забележа дека на сите информативни сообраќајни табли се уште пишува FYROM, таква држава ниту постоела ниту постои. Ние се прашуваме, дали Македонските власти имаат реагирано кон гаранторите на понижувачкиот Препсански договор или пак Еленската Република? Исто така, интернет сајтот на Еленското МНР се уште пишува дека Тито ја создал Македонија. Пак се прашуваме дали Македонските власти имаат реагирано кај Еленската Република за прикажување на погрешни историски факти? Ние од НовАсном, стравуваме дека со неменувањето на информативните табли во Еленската република како и не ратификувањето на понижувачкиот Преспански договор во Еленскиот Парламент, Еленската Република всушност има намера да го кочи патот на Република Македонија кон патот ЕУ во иднина и само прашање е време кога тоа ќе се случи.
Средба помеѓу НовАсном и МНА
Во црквата Св. Димитрија во село Селце, Прилеп, се одржи средба помеѓу членовите на здружението НовАсном и Македонска Национа Академија, МНА. Средбата се одржа во пријателска и срдечна атмосфера. Благодарност до Членовите на МНА овозможмувајќи на претседателот на НовАсном Сашо Маневски да ја претсави организацијата пред членовите на МНА. Двете страни се договорија да работат на конкретни заеднички проекти во иднина за да се реализираат Македонските Национални интереси.