Пописот е Измама

Пописот од 2021 година е политички мотивирана измама со која се задоволуваат потребите на една етничка група на граѓани на сметка на македонскиот народ заедно со другите етнички заедници. Со тоа што пописот се изведе со помош на погрешна методологија, со недостаток на евиденција во форма на запис и со немање на двојна проверка на оние кои беа опфатени со пописот истиот беше препознаен како непријателски чин и како таков беше бојкотиран од страна на дел од Македонците.

Според тежината на овие недостатоци, самиот попис и резултатите произлезени од пописот за нив, како и за сите слободоумни граѓани на Македонија, може да се опишат како неверодостојни.

Според лажните податоци од Заводот за Статистика, податоците од 132,260 сограѓани не фигурираат никаде како нацоналност во ваква значанја статистичка операција базирана на национални бројки. Токму овие се Македонците кои во голем број не излегоа на пописот. Ова се должи на недовербата на Македонците кон политичката елита во Македонија, која ги запоставува националните интереси на Македонците со цел да остане на власт.

Понатаму, погрешната методологија доведе до тоа да броиме жители кои според податоците кои се пристапни на властите живеат надвор од државата. Ниедна држава во светот не ги брои иселените граѓани. Според Обединетите Нации и Еуростат, попис се спроведува само на постојаните жители на една држава. Ние имаме 63,731 Македонци кои не живеат во Македонија и фигурираат како т.н. нерезиденти. Тоа е уште една лажна бројка која е апсурдна. Имаме сомнеж дека албанските граѓани кои не се жители на Македонија се евидентирани како постојани жители во Македонија за да се зголеми бројката на македонски граѓани кои се изјасниваат како Албанци според својата етничка припадност.

Одлуката целокупниот попис да се спроведе дигитално со помош на така наречениот “Cloud”, доведе до ситуација во која немаме податоци во хартиена форма. Тоа е проблем имајќи во предвид дека не постои дигитална форма на заштита на податоци која штити 100% од хакерски напади, отварајќи можност за манипулација на податоците содржани на серверот. Во отсуство на хартиена форма за внесување на податоците, дигиталната форма е подложна на промени кои не можат лесно да се откријат и се по дефиниција недоволно веродостојни.

Друга загриженост е немањето двојна контрола, т.е. двојни попишувачи од различна етничка заедница, пред се од Македонската и Албанската заедница, како и не постоење на контрола на изјавите на граѓаните што се попишуваат. Тоа доведе да не може да се верификува бројот на Албанците во Македонија. Во овој попис попишувачите беа претставници од локалното население кои ги попишуваа своите сограѓани. Вака собраните податоци не подлежат на независна верификација и можат да служат како средство за обезбедување на лажна статистичка состојба а со тоа и статус кво на политичката сцена во Македонија во догледна иднина.

Поради многубројните пропусти, како и лажниот манипулативен пристап кон пописот, организацијата НовАсном го смета овој попис како нелегитимен и штетен за македонската држава и нејзините граѓани. НовАсном застанува на страната на разбудените Македонци и сите граѓани на Македонија кои не ги признаваат резултатите на овој лажиран и штетен попис.