Автор: mkasnomadmn

Францускиот предлог се базира на предавничките политики на македонските политики елити

Организацијата НовАсном смета дека францускиот предлог за т.н. деблокада на почетокот на преговорите за членство на Македонија во ЕУ, е штетен документ, кој значи финална капитулација за Македонија. Францускиот предлог се базира на предавничката политика која, во Македонија ја водеа скоро сите влади, од нејзиното осамостојување до денеска, Курто и Мурто политичари кои се во фунција на продавање на идентитетот на македонскиот народ со цел да ја задржат и да останат на власт.  

Во последните 30 години, Курто и Мурто политичарите, постепено го продаваа идентитетот на македонскиот народ, го продадоа Македонското национално знаме, името на државата и името на Македонската православна црква. Македонија, за жал е еднинствената земја на пленатава која има направено вакви отстапки за некоја друга држава а на штета на Македонската нација.

При тоа не навлегуваме за отстапките кои се направени со Охридскиот договор, Пржинскиот договор, формирање на СЈО или пак несудењето на воените злосторници од нивните злодела итн.

Бугарија, која е окуражена од отстапките кои ги направија нашиве Курто и Мурто „политичари“ кон Грција, менување на знамето и Преспанскиот договор, и имајќи неприкосновено вето во Советот на Министри во ЕУ, ја гледа оваа ситуација како извонредна можност да си го оствари својот вековен сон и да ги принуди Македонците да постанат тоа што не се, да имаат бугарски корени, бугарска традиција и култура.


Организацијата НовАсном смета дека францускиот предлог за одблокирање на македонските евроинтеграции е страшно лош темел за решавање на наметнатиот и вештачки спор со Бугарија. Истиот води кон ново национално предавство и е резултат на погубната политика на Курто и Мурто каде што предавничките договори ги претставува како победнички додека губитничката политика продолжува.  

Организацијата НовАсном смета дека дојде време јасно да се спротивставиме на кроењето на нашата судбина од други сили, да им кажеме НЕ на бескрајните и срамни бугарски барања, на мизерната и срамна деградација што доаѓа од нашиот источен сосед.  

Од историски аспект, Македонската нација, денеска е исправена пред историски предизвик а тоа е формирање на нова политичка елита која, безрезервно, искрено и вистински ќе ги промовира и цврсто брани интересите на Македонската нација.  НовАсном е спремен за еден таков предизвик.

Црквата си доби Преспански Договор

НовАсном категорично се спротиставува на синодалниот акт за канонско и евхаристиско единство на ерархијата Охридска црква ( линк од актот) од страна на вселенската Патријашија. Со овој акт, во членот 3, Македонсктата Православна Црква – Охридска Археипескопија самата се откажа од името  Македонија и сите зборови кои произлегуваат од името Македонија. Со овој договор, црквата си доби свој, ‘Преспански Договор’, и се откажува од Македонштината.

Во иднина, ако овој акт се усвои од страна на МПЦ-ОА, секоја официјална комуникација која црквата ќе ја има со било која друга црква, или на официјален документ, ќе се одвива со името Охридска Архиепископија. Никаде нема да фигурира Македонска или било кој збор македонски. Во официјална комуникација и документација со секоја црква во иднина зборот Македонска ќе биде избришан, нема да постои и ќе биден заменет со Охридска.

Во овој контекст го прашуваме неговото блаженство Архиепископот Охридски И Македонски г.г. Стефан, кој ќе биде неговиот титулар во комуникација со Патријашијата? Дали ќе се вика Охридски и Македонски или само Охридски?

Во време на национални  држави и национални цркви, македонската нација ја изгуби државата Република Македонија а сега е на чекор да ја изгуби својата црква Македонска Православна Црква. Сите нации во наше опкружување имаат свои цркви и држави освен нашата.  Кога Македонскиот идентит се спори од Европска Грција и Бугарија, неприфатливо е за Македонската нација да нема таков идентитетски бедем како што е Македонската Парвославна Црква. Ова е нов пораз за македонската нација, пораз кој македонските политички елити го прикажуваат како победа, само затоа што нашата црква ќе може да комуницира и биде признаена како Охридска без да се постигне афтокефалноста. Губитничката политика продолжува.

Свежи се сеќавањата од потпишувањето од Преспанскиот договор кога на ист начин политичките елити се фалеа дека е одличен договор, а еве 4 години потоа, последиците се очигледни, за поголемиот дел од светот ние сме северномакедонци имаме северномакедонски премиер и претседател.

Го замолуваме Синодот на МПЦ-ОА да ја преиспита својата штетна одлука со кој се брише Македонија и зборовите што произлегуваат од зборот Македонија од се што е црковно. Исто така апелираме до делегатите на Архиепископскиот црковен народен собор да го отфрлат актот на Вселенската Патријашија на следниот нивен собир и со тоа да се зачува Македонската Православна Црква – Охридска Арехипескопија, Јустијана Прима

Против возвишување на Нацистичките соработници

Денес на денот на антифашистичката борба 9 Мај 2022, НовАсном со загриженост ги следи општествените текови во кои возвишувањето на нацистичките соработници е норма а запоставување на борците на анти фашизмот е тренд.

Денеска, балистот и нацистички соработник Џемо Хаса си има име на улица во Гостивар и биста во с. Симница, додека сојузнинкот на Хитлер и Мусолини, Ванчо Михајлов си има свој клуб во Битола. Целата оваа глорификација на нацистичките соработници е покрената од домашната проевропска политичка т.н. елита и од Европска Бугарија, кои лобираа и одобрија овие докажани соработници на нацизмот, да имаат свој белег во општествениот живот во Македонија.

Никој од нашите борци и идеолози, кои се бореа и загинаа за АСНОМ-ска Македонија, не се бореа за да овие нацистички соработници имаат свои обележја во нашата татковина, во Македонија. Под закрилата на светла Европска перспектива и немање алтернативна визија за иднината на Македонија, актуелните домашни политичари со сета своја сила се обидуваат административно да го избришат македонскиот народ, со тоа што преговараат за алтернативен идентитет во преговорите со Бугарија, а сето ова под покровителство  на Европската Унија.

Предлагаме со закон да се забрани глорификацијата на нацистичките соработници и употребата на нивните симболи.

Од друга страна, по многу нешта овие времиња наликуваат како оние од пред 1944 година, времиња кога македонскиот народ  немаше своја држава, кога  сонот за самостојна Република Македонија беше сеприсутен и желбата да се живее слободно очигледна. Победата над фашизмот е наш светол симбол и потврда дека ова актуелно  политичко лудило , неприфатено  од македонскиот народ,  што се потврди и со референдумот на 30 Септември 2018 година, може повторно да се победи со сплотеност, одлучност, знаење и посветеност.

Наша цел е повторно да бидеме победници и затоа ни е потребен НовАсном, за да изградиме нова иднина, нова држава, да изградиме правно општество  каде што секој човек ќе има еднакви можности за просперитетен живот во здрава животна средина.

Ден на Македонскиот Јазик

После забраната за влез на претседателот на НовАсном во Хеленската Република, активисти на организацијата денеска се во Постол- Европска Грција, местото каде што е роден Крсте Петков Мисирков- еден од основоположниците на современиот македонски јазик, автор на првата книга и првото списание на современ македонски јазик. Одовде, му оддаваме почит и благодарност за неговата животна борба за зачувување на македонскиот јазик и за подобра положба на македонскиот народ. Одовде, од неговото родно место, нагласуваме дека Мисирков, во своите писанија користел азбука што е база за денешната македонска кирилична азбука. Авторот на книгата „За македонцките работи“, сметал и напишал дека „ Македонецот не треба да се слева и да се обезличува живеејќи меѓу Бугари и Срби“.

Денеска, во 21 век, македонската нација, за жал се наоѓа во слична ако не и иста ситуација во која живеел Крсте Петков Мисирков, кога на македонците им се бранел македонскиот мајчин јазик. Денеска овде во Европска Грција, и покрај потпишувањето на предавничкиот Преспански договор, соочени сме со силни напади за оспорување на автентичноста на македонскиот јазик а на македонците им се оспорува правото да го изучуваат својот мајчин јазик. Жалосно е што, денеска, кршењето на основните човекови права на македонците во дел од ЕУ е норма.

Ние од НовАсном, даваме завет дека ќе го следиме и ќе го продолжиме делото и борбата на Крсте Петков Мисирков, ќе се бориме и избориме за зачувување на нашиот мајчин македонски јазик и за нашето основно човеково право на самоопределување, право втемелено во повелбата на Обединетите Нации.

НовАсном на мета на Грција, забрани влез за претседателот на организацијата

Денеска на граничниот премин на Република Македонија со Европската Унија, Богородица кај Гевгелија, на македонскиот државјанин Сашо Маневски, активист за човекови права и претседател на македонската органиација НовАсном, му беше забранет влез на територијата на нашиот јужен сосед. 

Според Маневски, граничната полиција не му дала никакво образложение за причините освен да се обрати до Хеленската амбасада во Скопје.  

Маневски вели, ‘ Ова е срам за Европската Унија, срам за Елеснката репиблика без никаква причина да забраниш влез на еден обичен граѓанин кој сака добро соседски односи со Македонија. Го повикувам МНР и Господинот Министер Османи директно да интервенира во името на правдата и законот

САД не го Почитуваат Преспанскиот Договор

НовАсном внимателно го разгледа извештајот на Стејт Департментот и Министерството за Финансии на САД во врска со блокирање на имотот на Сашо Мијалков и Никола Груевски во САД, нивното назначување како лица кои биле инволвирани во корупција, мито и кршењето на законите поради што, се ставени на листата на санкции на американското Министерство за финансии.

Не навлегуваме детално во процесот на донесување на ваква одлуки и врз кој правен процес, администраторите во САД ја базираат нивната одлука, ниту пак имаме намера да ги браниме лицата Никола Груевски и Сашо Мијалков. Но она што загрижува е фактот дека Министерството за Финансии на САД во графата на националност, ја користи Северна Македонија за лицата Сашо Мијалков и Никола Груевски.

Ваквиот став на Министерството на Финансии на САД е спротивен од одредбата 3.б од Преспанскиот Договор каде што се вели дека „Националноста на Втората страна ќе биде Македонец/Граѓанин на Република Северна Македонија“.

Жалиме што САД не ги почитуваат договорите кои и самите ги поттикнувале и подржувале со што,  самите се ставаат во незавидно хипокритична ситауација која, очекувано, кај граѓаните влева недоврба во политиката која ја спроведуваат на овие простори. Како и да е, го подржуваме фактот што САД не ги почитуваат одредбите од Преспанскиот Договор зошто сметаме дека иститот не само што ќе го поништиме и укинеме, туку прашање е само на време, кога тоа ќе го направиме.

НовАсном се залага за вистински ефикасно и независно судство како најдобар начин да се врати довербата кај граѓаните кон институциите но и за перманентна борба против системската корупција што го „окова“ македонското општество. НовАсном се залага за правичен судски систем, за владеењето на правото и правната сигурност на граѓаните како темелна вредност што треба да го краси нашето општество и секој поединец во државата, без исклучок. 

Правото на самоопределување е основно човеково право втемелено во повелбата на ОН и од тоа право ние не се откажуваме се додека не си ги оствариме нашите национални цели.

Да Живее Република Македонија.

Чествување на Јане, Мелник Р. Бугарија

Денеска, забранети организации од Република Бугарија заедно со НовАсном го чествуваа денот на убивството на големиот Македонски Револуционер Јане Сандански овде во Мелник, Република Бугарија. Заедно имаме разбирање дека Македонската нација стои исправена со слични ако не и исти предизвици кои ги имаше Јане.

Јане се бореше за Македонија на Македонците — ние ја немаме Република Македонија, Јане сонуваше за Македонцитеда бидат признаени за она што се. Денеска во дел од Европската Унија основните човекови права на Македонците да го изучуваат својот јазик, да се собираат во културни, религиозни и политички движења им се скратува а серијата на пресуди за кршењето на нивните права пред судот за Човекови права во Стразбург се игнорира, а ЕК не го спроведува занонот на ЕУ и не ги казнува членките на ЕУ кои го кршат основното човеково право на Македонците во ЕУ.

Уште полошо, денеска политичката воља на Македонскиот народ изразена на референдумот од 8 Септември 1991 и 30 септември 2018 не се почитува и неговото основно право на самоопределување не се почитува. Затоа ја немаме Република Македонија

Ние од НовАсном се обрзуваме да го следиме патот  на Јане Сандански и да се избориме за нашите основни човекови права и правото на самоопределување, право втемелено во повелбата на Обединетите Нации. Од патот што го трасира Јане не се откажуваме и ги повикуваме сите патриоти да ни се придружат во нашата борба за да повторно бидеме победници.

Украинска Криза – Генеза на Конфликтот

Др. Драган Петровиќ од Белградскиот Институт за Меѓународна политика и привреда дава детален приказ за етничката, социолошка и политичка структура на Украина. Се извинуваме на гледачите поради технички проблем крајот на видеото завршува без одјава.

Пописот е Измама

Пописот од 2021 година е политички мотивирана измама со која се задоволуваат потребите на една етничка група на граѓани на сметка на македонскиот народ заедно со другите етнички заедници. Со тоа што пописот се изведе со помош на погрешна методологија, со недостаток на евиденција во форма на запис и со немање на двојна проверка на оние кои беа опфатени со пописот истиот беше препознаен како непријателски чин и како таков беше бојкотиран од страна на дел од Македонците.

Според тежината на овие недостатоци, самиот попис и резултатите произлезени од пописот за нив, како и за сите слободоумни граѓани на Македонија, може да се опишат како неверодостојни.

Според лажните податоци од Заводот за Статистика, податоците од 132,260 сограѓани не фигурираат никаде како нацоналност во ваква значанја статистичка операција базирана на национални бројки. Токму овие се Македонците кои во голем број не излегоа на пописот. Ова се должи на недовербата на Македонците кон политичката елита во Македонија, која ги запоставува националните интереси на Македонците со цел да остане на власт.

Понатаму, погрешната методологија доведе до тоа да броиме жители кои според податоците кои се пристапни на властите живеат надвор од државата. Ниедна држава во светот не ги брои иселените граѓани. Според Обединетите Нации и Еуростат, попис се спроведува само на постојаните жители на една држава. Ние имаме 63,731 Македонци кои не живеат во Македонија и фигурираат како т.н. нерезиденти. Тоа е уште една лажна бројка која е апсурдна. Имаме сомнеж дека албанските граѓани кои не се жители на Македонија се евидентирани како постојани жители во Македонија за да се зголеми бројката на македонски граѓани кои се изјасниваат како Албанци според својата етничка припадност.

Одлуката целокупниот попис да се спроведе дигитално со помош на така наречениот “Cloud”, доведе до ситуација во која немаме податоци во хартиена форма. Тоа е проблем имајќи во предвид дека не постои дигитална форма на заштита на податоци која штити 100% од хакерски напади, отварајќи можност за манипулација на податоците содржани на серверот. Во отсуство на хартиена форма за внесување на податоците, дигиталната форма е подложна на промени кои не можат лесно да се откријат и се по дефиниција недоволно веродостојни.

Друга загриженост е немањето двојна контрола, т.е. двојни попишувачи од различна етничка заедница, пред се од Македонската и Албанската заедница, како и не постоење на контрола на изјавите на граѓаните што се попишуваат. Тоа доведе да не може да се верификува бројот на Албанците во Македонија. Во овој попис попишувачите беа претставници од локалното население кои ги попишуваа своите сограѓани. Вака собраните податоци не подлежат на независна верификација и можат да служат како средство за обезбедување на лажна статистичка состојба а со тоа и статус кво на политичката сцена во Македонија во догледна иднина.

Поради многубројните пропусти, како и лажниот манипулативен пристап кон пописот, организацијата НовАсном го смета овој попис како нелегитимен и штетен за македонската држава и нејзините граѓани. НовАсном застанува на страната на разбудените Македонци и сите граѓани на Македонија кои не ги признаваат резултатите на овој лажиран и штетен попис.

Интервју со Бранко Драгаш

Разговор со Г-дин Бранко Драгаш за сегашната економска ситуација и предстојната криза што надоаѓа и со негови предлог решенија како да се намалат ризиците од истата. Интервјуто наскоро на нашиот Рамбл канал.

Средба со Теша Тешановиќ

При посетата на Белград, Претседателот на НовАсном, Сашо Маневски имаше средба со сопственикот на Јутјуб Каналот БалканИфно, Г-дин, Теша Тешановиќ. На средбата беа примени совети од Теша за натамошниот развој на Јутјуб каналот на НовАсном и негова промоција во Македонија. Благодарност од срдечниот Теша.