Прес Конференција за Македонските Медиуми

Денеска на Македонската Јавност ја презентиравме пријавата која ја поднесовме против Република Бугарија во Европската Комисија. На Прес – Конференцијата беа присутни членовите на забранетата организација, Македонски клуб за етничка толеранција од Благоевград, Г-дин Ангел Радонов, секретарот на организацијата Г- дин Ордан Грозданов и адвокатот што ја спреми претсавката Благоја Пандовски. НовАсном е инцијатор, организатор и координатор на претставката која е финансиски подржана од неколку македонски здруженија како Светскиот Македонски Конгрес од Канада, Македонскиот Меѓународен Комитет за Човекови Права од Канада, и македонските патриоти Симо Поповски од Лондон, Иљо Јанев од Брисел, и двајца анонимни донатори еден од Германија и еден од Австралија. Благодарност до сите кои помогнаа оваа пријава да постане реалност.

Од сега течат рокови кои Европската Комисија треба да ги запази за да покрене инцијатива кон Бугарија. Доколку Европската Комисија се сложи со нашето мислење, на Бугарија ќе им бидат скратени или прекинати Европските Фондови наменети кон нејзе. Но доколку Европската Комија ништо не превземе, тоа нам ни дава право да ја тужиме Европската Комисија пред судот за правда во Брисел, суд кој е дел од Европската Унија и има извршни ингеренции. Ние сме спремни за секоја варијанта знаејќи дека со нас е вистината, правдата и храброста.