Отворање на уставот – враќање на Република Македонија

НовАсном смета дека отворањето на Уставот и негова измена,  е вистинскиот и историски момент да се следи политичката волја на Македонската нација да живее во своја држава и да влезе во ЕУ достоинствено, гордо и еднакви како и сите останати народи во ЕУ.  Во исто време, отворањето на Уставот треба да се искористи да се направат фундаментални измени во истиот каде што ќе се воспостават основите за вистинска и целосна независност на судството, уставниот суд и јавното обвинителство. 

Во тој контекст она што треба да се следи е политичката волја на македонската нација изразена на референдумот на 8 Септември 1991 и 30 Септември 2018 година. Македонската нација на два референдум потврди дека сака да биде дел од Европската Унија под вековното и уставно име на својата држава, Република Македонија и исклучиво со зачуван идентитет, имено само како  Македонци, без други додавки кои значат негово национално обезличување. Затоа овој период кога се отвара Уставот е  моментот да се следи политичката волја на Македонците и да се врати името Република Македонија како  што тоа македонската нација го посакува. 

Во исто време, НовАсном се залага за имплементација на 4-6 уставни измени по теркот на научната студија на професорот Лабовиќ, со кои ќе се отвори патот кон оставарување на вистинска и целосна независност и самостојност на судскиот совет, уставниот суд и јавносто обвинителство. Цениме дека имплементацијата на предложените уставни измени во овие круцијални институтции ќе донесе до многу подобри решенија него било кој Европски реформски пат кој сега се заговара. Сега е време за вистинки уставни реформи кои навистина ќе ја придвижат нашава земја кон политичките стремежи на македонската нација и ќе овозможат длабоки реформи во општеството чии бенефит ќе ги имаат сегашните и идните генерации.

Косовска хипокризија пресликана дома

НовАсном смета дека, последните настани на северот на Косово, се само уште една потврда дека политиката која ја води западот кон Косово на чело со САД,  ЕУ, Берлин, Париз и Лондон е катастрофално неуспешна, полна со хипокризија, двојни стандарди а се базира на кршење на резолуциите на ОН.  За потсетување, спротивно на Резолуцијата 1244 на ОН, резолуција која самите западни земји ја изгласаа, во 2008 година западот го признаа Косово како независна држава и направија еден меѓународен преседан чии последици ги трпиме секојдневно а беа изразени пред два дена на северот на Косово.
Хипокризијата и двојните стандарди на нашите стратешки западни сојузници не е лимитирано само со нивната косовска политика, туку западната политика на хипокризија и двојни стандарди е норма која е присутна секојдневно во нивните ставови за усвојување на Уставните измени и влез на Бугарите во нашиот устав. Од нас се бара влез на Бугарите во нашиот устав а ниедна од  тие западни земји, не бара Бугарите да ги почитуваат основните човекови права на македонците во Пиринска Македонија, почитувањето на Поглавјето на ЕУ врз кои ЕУ е заснована како што се фундаменталните права на граѓаните на Европа – членовите 12, 21 и 22. При тоа нема да ги споменуваме и останатите поглавја како членот 167, Директивата 2000/43/ЕУ – принципот на еднаков третман без разлика на етничката припадност и други.
Ваквата политика на хипокризија и двојни стандарди, ние македонците ги отфрливме со нашето основано несогласување, Бугарите да влезат во уставот на Република Македонија и никаква медумска кампања од страна на владата, медумски емисии составени од лажни аналитичари кои имаат исти заклучоци, ниту пак ниеден западен дипломат може да не убеди да го смениме нашето мислење.
Ние македонците, сакаме да бидеме рамнкоправни во ЕУ и да влеземе гордо и рамноправно исправени како Република Македонија и никако поинаку. На тоа не обврзуваат двата референдума, едниот од 8 септември 1991 година а вториот, на 30 септември, 2018.  Секоја друга политичка опција е силување на волјата на македонската нација да биде дел од Европското семејство горда и достоинствена.

Оставка на Министерот за Здравство

НовАсном најостро го осудува криминалниот, монструозниот и крајно нехуман однос на одредени здравствени работници на онкологија кои предизвикаа револт и вџашеност кај народот но и силен крик и повик за одговорност. Случувањата на онкологија ја прелеваат чашата на гневот кај македонецот кој е убеден дека криминалот на онкологија, години по ред се вршел со знаење на највисоките претставници на власта кои ништо не превземале да престане тивкото убивање на пациентите од најтешката болест кои тука дошле, барајќи ја последната шанса за спас од умирачка.

НовАсном прашува зошто досега нема одговорност, зошто нема оставки, зошто нема апсења, прашуваме каде е правдата за овој геноцид и криминал сторен од мафијашите во онкологија што само во оваа скандалозна Македонија го има. Искрено сочуствуваме со жртвите и болните од рак и искрено ја разбираме нивната болка, разочараност и целокупната состојба во која се наоѓаат.  Ова е дното на сите дна од македонското 30 годишното партизирано здравство кое, за жал го зема својот данок со најнечовечкиот однос што се случи на клиниката.  

Од друга страна, се прашуваме зошто баш сега, скандалот е во центарот на нашето внимание кога  во јавноста веќе три години циркулира информацијата која беше обелоденета од главниот и одговорен уредник на еден неделник во Македонија за криминалите на онкологија ? Зошто до сега немаше навремена и брза реакција од полициските и правосудните институции, каде беа обвинителите и другите одговорни до сега, зошто се чекало и молчело со години по ред, зошто не презеле ништо по службена должност по допрен глас, дали некој спречувал спроведување на истрага?   

НовАсном смета дека во Република Македонија имаме труло и болно здравство но и сериозен системски проблем во здравството кој е „симбол“ на сите досегашни партии на власт и опозиција. НовАсном бара оставкa од Министерот за здравство, тоа е најмалку што може да го стори заради сите починати пациенти на онкологија-жртви на медицинската мафија на клиниката.

Повеќе од очигледно е дека потребна ни е нова свежина и сила која одлучно ќе  спроведе здрави, суштински и функционални реформи што пак, ќе резултираат со професионално и непартиско здравство чиј фокус ќе биде пациентот а не криминалот и профитот.

Рамковниот мора да падне

Денеска на годишнината на потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, кој беше замислен да биде во духот на консезуалната демократија, 22 години подоцна, се претвори во нешто спротивно од духот на истиот и прерасна во флагрантно кршење на македонските национални интереси а неговата широка имплементација продуцира еден крајно нефункционален правен, економски и политички систем под кој сите ние живееме.

Иако првично замислен да се имплементира првенствено на општинско ниво, сега имаме речиси целосна Рамковизација на  Макаедонија која е на штета на меѓуетничките односи и соживот во Македонија. Со истата рамковизација на Македонија, се потврди тезата дека албанците не сакаат меќуетнички соживот со македонците. Потврда за ова се т.н. *балансер* при вработувањето во држанвата администрација, нелегалниот закон за јазици кои гарантира албанците да не се разбираат со македонците, како и законот за знамиња кој го крши суверенитетот на нашата држава. Дали го видовте знамето на голема Абаниија како се вееше вчера во Тетово позади плејадата на албански политичари кои му беа домаќини на Албен Курти? Дали еден албански политичар се огради од тоа знаме? Ете го резултатот од Рамковниот Договор.

Како резултат на рамковизацијата на Македонија, сега имаме едно племенско општествено уредување кое повеќе наликува на државно уредување од 16ти век,  а не на демкократско уредување базирано на владеењето на правото и меритократијата. Сите држвани претпријатија, министерства, судство, Јавно Обвинителство и државниот апарат е поделен по племенско етнички принцип кој секој ден потврдува дека е нефункционален и е товар на европската интеграција на Македонија. И тука е најголемиот апсурд со Рамковниот договор, ни беше представен како неопходен дел од патот кон ЕУ а ниедна од ЕУ членките го немаат имплементирано.

Со рамковниот договор, националните и идентитетски права на албанците се загарантирани но не и на Македонците. За сите одредби кои се од албански национални интереси потребно е дво- третинска скогласност на пратениците од албанска националност во Парламентот, но тоа не важи и за Македонците кога се работи за нивните етнички прашања. За пример е Бугарскиот догвор за т.н. добрососедство кој исклучиво ги засега Македонците, истиот се донесе со просто мнозинвство во Парламентот каде што поголемиот дел од пратениците Македонци не се сложија со истиот. Заради овие аномалии кои се спротинви на Македонските национални инстереси имаме албанец министер за надворешни работикој преговара со Република Бугарија за изричито македонски идентитетски одредби. Сето ова е само голема потврда дека нам Македонците оваа држава не ни е по наш терк. Оваа вештачка творевина Северна не ги задоволува интерсите на Македонскта нација.
НовАсном смета дека дојдено е времето да се укине Рамковниот договор и да се возообнови Република Македонија која ќе почива на АСНОМски демократски принципи на меритократија, еднаквост и правдина.  

Враќање на уставното име Република Македонија е нашата безалтернатива- ЧЕСТИТ ИЛИНДЕН!

Организацијата НовАсном, денеска на годишнината на двата Илиндена, 120 години од Илинденското востание и 79 години од Првото заседание на АСНОМ, на нашите борци им оддава бескрајна почит за нивното херојство и животите дадени во светата борба за слободна, независна и самостојна Македонија. Денеска на овој светол ден-голем Македонски национален и православен празник, громогласно потсетуваме дека ниту еден загинат борец за Македонија, не го даде својот живот за Северна Македонија.   

Северна Македонија е грдо и наметнато име кое го бојкотиравме на референдумот на 30 Септември 2018 година и наша обврска, цел и задача е враќање на уствното име Република Македонија.  

Тоа е желбата на Македонскиот народ и на сите народи кои имаат почит кон нас, знаеќи дека сакаме мирољубив соживот, базиран на почитување на основните човекови права на сите граѓани на Македонија но и за сите наши соседи. И затоа, не постои партија, партиски или светски  лидери што, ќе не одвратат да си го вратиме достоинството и дигнитетот, да си го врати името Република Македонија.  

Коските на загинатите борци за Македонија, нивната храброст, издржливост и интелигенција, се нашиот светол факел кој успешно ќе ни ја осветли саканата цел. Овој предизвик е генерациски предизвик пред кои спремно исправени стоиме и цврсто сме уверени дека во нашата генерациска борба ние повторно ќе бидеме победници.  

Тоа е нашата праведна  борба против одродниците и сите оние кои неправедно ни го одзедоа најсветото и вековното. Тоа е нашата праведна  борба за слободна и независна македонска држава, правна и праведна за нас и нашите идини генерации. 

Почитувани Македонки и Македонци во Република Македонија и насекаде во светот, организацијата НовАсном Ви  честита 120 години од Илинденското востание и 79 години од Првото заседание на АСНОМ,  честит Илинден, нашата победоносна битка е во тек. 

Балистот си доби име на улица во Чаир

НовАсном најостро ја осудува албанската политичка партија ДУИ и нејзиниот  градоначалник Висар Ганиу за именувањето на улица според нацистичкиот соработник Сул Хотла. Ваквиот чин е  возвишување на идејата за голема Албанија и значи рехабилитација на нацифашизмот во Македонија. Ова е само еден чекор од серијата каде се „оживуваат“ нацистичките албански колаборатори кои се бореа за голема Албанија, колејќи ги слободоумните македонци, на сметка на територијата на Република Македонија.

Ваквиот чин на албанската политичка партија ДУИ во Република Македонија,  е уште една потврда дека тие се изворот на меѓуетничка нетрпеливост и се „генератори“ за продлабочување на јазот помеѓу заедниците во Македонија но и сериозна закана за мирот и стабилноста на нашата земја.

Од друга страна ова е потврда дека Рамковниот договор не е база за стабилност на државата и државниот апарат изграден врз база на истиот договор, практично е нефункционален. Чуму постои Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, кое е водено од ДУИ, кога имаме глорификација на нацифашистите кои го продлабочуваат етничкиот јаз во земјава?

Каде се сега т.н. наши стратешки партенри, САД, мисијата на ЕУ и останатите да реагираат на оваа глорификација на нацифашизмот во Македонија? Дали молчат зошто ја имаат целосната подршка на ДУИ?

Уште полошо е фактот дека најголемите политички партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ кротко си ќутат на ваквите анти-македонски чекори на ДУИ. Владее чувството дека и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ молчат не сакајќи да ја вознемират ДУИ знаејќи дека токму ДУИ се тие кои ги бираат нив за партнери во оваа нефункционална рамовна влада.

Молкот на нашите стратешки партенри, САД, мисијата на ЕУ, Германија како и на СДСМ и ВМРО-ДМПНЕ значи само подршка на ваквите чекори на ДУИ.

НовАсном никогаш нема да прифати балистите да имаат свои обележја во Република Македонија, знаејќи дека истите обележја се анти-македонски, се на сметка на нашата земја а се во корист за идејата на Голема Албанија.

Ова е уште една потврда дека Рамковната Македонија е мртва и дека ние македонците треба да си ја вратиме Република Македонија во наши раце каде што секој граѓанин, ќе има еднакви можности за просперитетен живот во здрава животна средина.

САД упадна во политичко -судскиот систем

НовАсном го осудува упадот во нашиот политички систем кој го изврши администратицата на претседателот Бајден со назначувањето на градоначалникот Мерко како персона нон-грата во САД за наводни коруптивни дејствија и вршење притисок врз судството. Не го браниме г-динот Мерко, ниту пак имаме намера да застанеме на нечија страна освен на страната на правдата но, уверени сме дека со овој чин, САД сака да ги моделира политичките процеси во Македонија а при тоа користејќи ги фините флоскули како владеење на правото, борба против корупцијата и.т.н. Со кои докази располага администрацијата на Бајден врз кои ги носи своите одлуки? Дали транспарентно се дадени т.н. докази на увид на јавноста за да ги процени наводните докази? Преку кој правен процес е направена оваа одлука? Дали на г-дин Мерко му е овозможено да ги разгледа т.н. докази и да се брани од истите?   

Доколку САД сакаа нешто вистински да направат за нашето судство до сега ќе имаше резултати имајќе во предвид дека до сега, според нивните кажувања, потрошиле околу 500 милиони долари.   

Дали не е корупција или пак неспособност да фрлиш 500 милиони долари во реформа за македонското судство а при тоа да немаш никакви резултати во истото?   

Да потсетиме, во последните 22 години, ДУИ е на власт 20 години, додека амбасадата на САД го врти истиот наратив околу борбата со корупцијата и владењето на правото, нема ниеден албански политичар осуден за корупција, а деновиве слушаме внукот на г-динот Ахмети го откупил бизнис центарот „Соравија“ за милионски суми. Ете ја таа искреност за борбата против корупцијата, ветинг и што уште не, за која ушите ни се полнат во последниве две и пол децении. Дали Ахмети ќе го прати својот син обвинител да го истражи потеклото на парите на неговиот братучет?   

НовАсном се залага за потполно владеење на правото за секој граѓанин без исклучок и сметаме дека нам ни требаат суштински, длабоки и темелни реформи кои ќе резултираат во градење на практично и вистинско еднакво општество за сите. Во таа насока, цениме дека решенијата за независни инситуции во судството, ЈО, државната администрација и Уставниот суд кои се содржани во научната студија на професорот Лабовиќ, се добра основа за менување на уставот на државата а при тоа и да се врати името Република Македонија. 

Бунт на Македонскиот Дух на Непокор

Не е можно да си Македонец или да живееш во Македонија, а да не бидеш исткаен со разбојот на историјата. Македонецот историски е духовно проткаен, Библиски – својата земја си ја нарекува Мајка Македонија. За Македонецот – обичниот човек, минатото, древните градби, црквите, писанијата и симболите го градат неговото битие и битисување. Шеснаесетзрачното сонце е наш симбол на светлината, вистината и правдата. Независноста на Република Македонија засекогаш ја овековечивме со веењето на сонцето од Кутлеш.
Сега дојде време на предавници. Политичари на власт од 2017 година, државата ја претворија во ПРОТЕКТОРАТ. Судиите и обвинителите односно правосудството на оваа ненародна власт со пресуди и казни на македонските граѓани сакаат да го избришат името, Република Македонија. Сакаат да го избришат шеснаесетзрачното македонско сонце – симбол на независноста на македонскиот народ и Македонија.
Се крева гласот на Македонецот! Нема да може да ни ја земете и украдете светлината и правдата во Македонија!

Западот е нестабилен наш сојузник

НовАсном смета дека  пораката на американскиот сенатор Крис Марфи дадена при неговата посета на Република Македонија но и на амбасадорката на САД во Македонија, Анџела Агелер, се скандалозни и без преседан и дека всушност, ниту тие, ниту претседателот Бајден и неговата  администрацијата, немаат разбирање за чувствата на Македонските граѓани а уште помалку за Македонските национални интереси и идентитески проблеми што се јавија со Преспанскиот и Бугарскиот договор. Македонските граѓани оправдано се прашуваат каков е тој стратешки партнер кој се заканува и поставува ултиматуми и кој не ја препознава и почитува огромната посветеност на Македонија кон евроатланските интеграции и европскиот пат но и болните отстапки што се направени во таа насока. Зошто тие немаат сенс за валоризирање на тешките одлуки и политички отстапки што Македонија, на своја штета ги направи за напредување во евро-атлантските интеграции?

Сенаторот Марфи треба да знае, навистина да знае, дека нашиот пат кон ЕУ е премногу долг и дека нивните стратешко-пријателски „совети“, за уставните измени што треба Македонија да ги направи  до крајот на годинава, а кои ни ги наметнаа како обврска по ќејфот на нашиот источен сосед-најсиромашната членка на ЕУ, до срж болат и ја параат душата на секој вистински Македонец.
НовАсном го потсетува сенаторот Марфи дека, Македонија заглави во Европската интеграција како резултат на неисполнувањето на обврските кои Западот, чиј предводник е САД, ги имаше према нас. САД и ЕУ, на Македонија и ветија почеток на преговорите со ЕУ, ако го промениме уставното име, нашето вековно име, Република Македонија. Оваа политичка гарнитура за која, ја свитка кичмата и, името го дадоа, против слободумната воља на народот, изразена на 30 Септември 2018. САД и ЕУ и Западот во целина, даденото ветување за почетокот на  преговорите на Македонија со ЕУ,  не си го исполнија.

Со ова се потврдува дека на Западот не треба да му се верува, дека Западот не ги исполнува своите договори со своите сојузници и стратешки партнери и дека, Западот е нестабилен наш сојузник.

Кога на сето ова ќе ги додадеме и срамните идентитески уцени содржани во Францускиот предлог, тогаш апсолутно е јасно зошто е огромна и оправдана нашата тотална скептичност према понудениот пат кон ЕУ.  
НовАсном јасно и гласно го отфла вака понудениот т.н. пат кон ЕУ каде што ние-Македонците, треба самите да се откажеме од себе си.  
НовАсном смета дека сплотеноста и единството на Македонците, сега како никогаш досега во историјата, треба да биде силно и нескршливо и дека тоа ќе е формулата за формално отфрлање на Бугарскиот и Преспанскиот договор и враќање на името Република Македонија онака како што кажува нашата воља изразена на два референдума 8 Септември 1991 и 30 Септември 2018.
НовАсном смета дека македонската нација има квалитетни кадри што ќе предложат вистински реформи за напредок на македонската држава каде што секој граѓанин ќе има еднакви можности за просперитетен живот во здрава животна средина а  идни генерации Македонци, својата иднина да  ја градат во современа и вистински демократска држава-Република Македонија

Помошта на САД во судството, доказ дека не ни е потребна помош

НовАсном смета дека, лакрдијата со случувањата во Судскиот Совет како и писмото на амбасадорката на САД, Г-ѓа Аглер, упатено до нашите судски инстанци, е само една потврда дека САД, освен имањето пари, што ги фрлаат во македонскито судскиот систем, немаат визија и решенија како да ги решат проблемите во судството. Од друга страна, се потврдува по којзнае кој пат дека нашите политички т.н. елити, освен сервилност, послушност и поданост, секој закон ќе го прекршат за да се додворат до нашите стратешки партнери а при тоа задржувајќи си ја својата коруптивна позиција во општеството, без да се нудат решенија за истото. 

Фактот што САД признаваат дека имаат потрошено пола милјарди долари во разно-разни т.н. судски реформи а при тоа резултатот е никаков, потврдува дека нам, странците и нивните фушерски решенија, не ни се излез од нашево корумпирано судство. Напротив, САД со вакви писма упатени до Судскито Совет само сакаат да влијаат врз судски случаеви кои имаат политичка позадина и со тоа да ја обликуваат политичката реалност во Македонија. Целта на САД како и до сега, е моделирање на македонскиот политички блок според нивните потреби а при тоа оставајќи го албанскиот политички блок недопирлив, затоа што истиот е 100% сервилен кон нив.  

До сега, немаме осудено албански политичар за корупција во земјава, ниту пак амбасадата на САД има пратено писмо до судските власти на оваа тема.  

Испаѓа дека политичарите на ДУИ, кои владеат 20 години, се примерни анти коруптивни политичари со одличен анти коруптивни манири. 

НовАсном смета дека решенитето во судскиот систем во Македонија, треба да биде автохтоно и произлезено од наши домашни експерти кои добро ги познаваат добрите и лошите страни на македонското судство  а се со цел, да се достигне целосно независно судство отпорно на надворешни и внатрешни влијанија.

Македонија има одлични експерти кои можат да донесат соодветни, вистински и рационални законски решенија во судството, но се нема политичка воља истите да се ангажираат и решенијата да се имплементираат. Се замајува јавноста со т.н. европска агенда која ќе ни донесела подобро утре а при тоа се користи европското знаменце во парламентот да се носат коруптивни закони, случајот Бехтел и Анка земете го како пример.  

Предлозите на професорот Миодраг Лабовиќ презентирани во неговата научна студија, „Системско владеење на правото против системската корупција и организираниот криминал“,  за Судскиот совет се добра основа за вистински реформи во Судскиот совет. Ова подразбира менување на 3-5 членови од уставот како и законски измени од Законт за Судскиот совет.  Потребни ни се коренити и вистински праведни промени во судството, промени за кои сегашните политички елити не се подготвени да ги имплементираат. 

Денот на победата – потсетник да се забрани глорификацијата на нацизмот

Денес на денот на антифашистичката борба 9 Мај 2022, НовАсном со загриженост ги следи општествените текови во кои возвишувањето на нацистичките соработници е норма а запоставување на борците на анти фашизмот е тренд. 

Денеска, балистот и нацистички соработник Џемо Хаса си има име на улица во Гостивар и биста во с. Симница. Целата оваа глорификација на нацистичките соработници е покрената од домашната проевропска политичка т.н. елита која не води сметка за нашето болно минато и одобри овој  докажан соработник на нацизмот, да има свој белег во општествениот живот во Македонија.  

Никој од нашите борци и идеолози, кои се бореа и загинаа за АСНОМ-ска Македонија, не се бореа за да овој нацистички соработник има свое обележје во нашата татковина, во Македонија. Под закрилата на светла Европска перспектива и немање алтернативна визија за иднината на Македонија, актуелните домашни политичари со сета своја сила се обидуваат административно да го избришат македонскиот народ, со тоа што преговараат за алтернативен идентитет преку историската комисија, а сето ова под покровителство  на Европската Унија.  

Предлагаме со закон да се забрани глорификацијата на нацистичките соработници и употребата на нивните симболи. 

Од друга страна, по многу нешта овие времиња наликуваат како оние од пред 1944 година, времиња кога македонскиот народ  немаше своја држава, кога  сонот за самостојна Република Македонија беше сеприсутен и желбата да се живее слободно очигледна. Победата над фашизмот е наш светол симбол и потврда дека ова актуелно  политичко лудило , неприфатено  од македонскиот народ,  што се потврди и со референдумот на 30 Септември 2018 година, може повторно да се победи со сплотеност, одлучност, знаење и посветеност.  

Наша цел е повторно да бидеме победници и затоа ни е потребен НовАсном, за да изградиме нова иднина, нова држава, да изградиме правно општество  каде што секој човек ќе има еднакви можности за просперитетен живот во здрава животна средина.