Осуда на политика на САД кон нас

НовАсном остро ја осудува изјавата на Стејт Департментот дадена за Гласот на Америка дека, САД очекуваат т.н. “Северна Македонија”, ‘да го одржи духот на Договорот од Преспа. Укажуваме дека, Стејт Департментот треба да ја напушти дискриминаторната  политика на форсирање договори кои длабоко се дискриминаторски према македонската нација а договорот од Преспа и Бугарскиот договор во основа се такви, дискриминаторски према македонската нација. Преку овие два договори, Грција и Бугарија, и ja наметнаа својата домашна дискриминаторска политика базирана на кршење на основните човекови права на Македонците и врз Република Македонија. Силни сведоштва за ваквата политика на кршењето на основините човекови права на Македонците во Грција и Бугарија се бројните пресуди против овие земји во Судот за Човекови права во Стразбург.   

Исто така факт е дека на 30 септември 2018 година, Македонската нација резолутно, јасно и кристално јасно кажа НЕ во НАТО и ЕУ под името Северна Македонија. Ова е политичката вољја на македонскиот народ од која, ние од НовАсном, но и поголемиот дел од македонскиот народ,  не отстапуваме и никакви политики или пак извршни наредби од претедателот на САД нема да не одвратат од нашето основно човеково право но и љубов, ние, нашата земја да си ја нарекуваме  Република Македонија. Ваквиот наш став ќе биде за век и веков, се додека не си го вратиме нашето свето име Република Македонија. Македонскиот народ има природно и секакво друго право да се поврзува со територијата на која вековно живее . Ве повикуваме, да ја смените вашата политика која е против националните интереси на Македонскиот Народ.

Нов Изборен законик – крај на независното политичко делување

НовАсном го осудува изменувањето на членовите 61 и 62 од Изборниот законик со кој се наметна нов услов за учество на  независна листа за советници, градоначалници и пратеници со собирање потписи  од 1% од избирачите во Избирачкиот список во изборната единица, општината, односно Градот Скопје. Најпогодени независни листи од овој закон се независните листи за Советот и на градоначалникот на град Скопје кои ќе треба да соберат 4630 потписи за да се најдат на избор за Градоначалник или пак за Советник во градското собрание. Како и за независните листи за парламентарни избори каде во просек се потребни околу 2800 потписи, во зависност од изборната единица, за да се најдат како кандидати за прламентарни избори.  

Со оглед дека за формирање на политичка партија која може да настапи на локални или парламентарни избори потребни се 1000 заверени потписи, новиот закон ги става независните кандидати во подредена, не еднаква положба. Ове измени на избирачкиот законик се директен напад врз демокртијата, слободубедувањето, независниот активизам и љубовта која независните кандидати ја имаат сакајќи да имплементираат позитивни промени во нашата татковина Македонија. Независните кандидати се чистата и некорумпирана  цврста политичка сила која може вистински да влијае врз политичките движења во ова наше политичко корумпирано општество.

Свесни сме дека партиите на власт и во опозиција се уплашени од независните кандидати, кои на минатите локални избори добија вкупно 65,308 гласа и 67 советници кои се појавија во 34 општини од 80 општини во дравава. Уште еднаш се потврдува фактот дека големите партии соработуват меѓу себе за да си го сочуваат својот политички комодитет додека пред нас глумат спротиставеност, анимоцитет и нетрпеливост. Со ваков Изборен Законик, партиската политичка хегемонија се зацврстува и потенцијалната изборна партиска неказнивост се зајакнува на сметка на независните листи кои можат да испорачаат вистинска политичка казна на избори.

Молкот на ОДХР и на ОБСЦЕ кажува многу за нашите надворешни т.н. политички партнери кои молчејќи ги поджуваат овие недемократски измени.

Сметаме дека изборниот законик треба да овозможува еднаквост во можноста за политичко делување на поединци, здруженија или пак постоечките партии. Новоизбраниот изборен законик не овозможува еднаквост во политичкото делување и ги става независните кандидати за пратеници и советници и градоначалник во Скопје во подредена положба и затоа сметаме дека истиот треба да се смени. Решенијата содржани во минатиот изборен законик донесен во 2021 се доволно добри за да потикнат независно делување на независните кандидати и враќање на истите е вистинско решение за потикнување на изворната демократија, слободумност и активизам во Република Македонија.

Нов Асном ја осудува црната листа на Стејд Департментот на која од неодамна се најде и градоначалникот на општина Карпош, претседателски кандидат и лидер на партијата ГРОМ Г-дин Стевче Јакимовски и неговото потесно семејство. Со овој чин, Соединетите Американски држави директно се мешаат во политичките процеси во Македонија и се обидуваат да ги моделираат претстојните парламентари и претседателски избори во Република Македонија. Ваквиот начин на флагрантно и директно мешање во политиката во Македонија нема за цел спречување на корупцијата или пак декларативно владеење на правото. И поред црната листа на САД, корупцијата ќе цвета, судскиот систем и понатаму ќе служи на тесно партиските интереси а вработувањата во држаната администрација ќе бидат поткупниот влог за да се добијат изборните гласови.  

Имајќи во предвид дека живееме во загаден политички амбиент, претпоставка е дека секој политички функционер кој што е на официјална функција има сторено корумпиран акт или акти од потежок или полесен карактер. Во вакви услови,  секое ставање на функционери на црната листа на САД е само беден избор на подобни и неподобни корумпирани политичари со кои САД ќе соработува или не.  Црната листа на САД не е подложна на никаков правен праведен процес во кој лицата кои се поставени на истата имаат фер третман и можат да се бранат со аргументи. Листата е правена по таен, нетранспарентен и недемократски административен процес со криетриуми непознати на јавноста. Ова е спротивно од секое транспарентно демократско владеење на правото и правдината. 

Во последните две серии на именување лица кои се на црната листа, повеќето се македонци и има само еден албанец. Небаре албанските политичари во Македонија се кристално чисти пред законот.  Барем да го почитуваа Охридскиот договор, кој силно го подржуваа, и да се придржуваа кон формулата 25%. Пристрасноста на САД околу националностите кои се најдоа на последните црни листи е очигледна. 

НовАсном се залага за потполно владеење на правото за секој граѓанин без исклучок и сметаме дека нам ни требаат суштински, длабоки и темелни реформи кои ќе резултираат во градење на практично и вистинско еднакво општество за сите. Во таа насока, цениме дека решенијата за независни инситуции во судството, ЈО, државната администрација и Уставниот суд кои се содржани во научната студија на професорот Лабовиќ, се добра основа за менување на уставот на државата а при тоа и да се врати името Република Македонија.

Г-дин Османи не го познава уставниот поредок на македонската држава

Министерот за Надворешни работи Господин Бујар Османи, по професија лекар, со давање законски решенија за прием на мерки на странски држави САД, Обединетото Кралство, или било која друга држава,  уште еднаш покажува дека не го познава уставниот и законскиот правен поредок на нашата македонска држава. Имено, Министерот за Надворешни работи не е овластен, ниту надлежен, за превземање и вклучување на вакви мерки во уставот на нашата суверена македонска држва.  Ваква активност, давање законски решенија за преим на мерки на странски држави во нашата македонска држава, не е позната во меѓународното право и меѓународниот правен поредок. Министерот за Надворешни Работи со ваквите мерки, кои јавно ги предлага, го урива уставниот поредок и правниот поредок на македонската држава. Исто така, со ваква негова незаконска активност ја подведува нашата држава со статус на понижена држава-протекторат која служи на странски туѓи интереси. Криминалот кој го детектираат САД, Обединетото Кралство како и било која друга држава во нашата држава, се решава на билатерален однос меѓу државите во соработка со Министерството за внатрешни работи и Државното Јавно Обвинителство во македонската држава. Ваквите недопуштени активности на Министерот за Надворешни Работи се сведуваат на криминални активности на рушење на македонската држава.

Ако и М-НАВ падне, ќе имаме целосна племенска поделеност

НовАсном најостро го осудува теророт кој ДУИ го спроведе во М-Нав како и владината племенска одлука со кои се постави уште еден војник на ДУИ за директор на М-Нав. Се сомневаме дека новиот директор на М-Нав, Асани, ќе одолее на притисоците на неговите сопартијци од ДУИ, и ги поништи неодамнешните сомнителни вработувања по племенско-партиска линија водена од ДУИ.

Во исто време, организацијата НовАсном му дава целосна и безрезервна подршка на струковиот Синдикат на контрололите на летање и нивниот претседател г-дин Тасевски, во нивната заложба за запазување на професионализмот, меритократијата и меродавноста во М-Нав. Само со имплементација на меритократијата и висок професионализам, нашата држава ќе тргне напред, никако поинаку.

Свесни сме дека последниот бастион на професионализам и меритоктратија е М-Нав која е контролирана од Еуроконтрол и ако оваа институција падне на овој испит, тогаш ќе имаме целосна племенска поделеност во сите пори на нашиот државен систем. Ваквиот нефункционален и племенски поставен систем наречен Северна Македонија наликува на општество од 16 век каде националноста, а особено албанската националност е најбитна, за да се добие работа во државната администрација. Свежи се сеќавањата на неодамнешните повици за работен оглас во Државна Болница каде што еден од критериумите за да се вработи лекар е да се биде албанец. Ова апсолутно ги влошува меѓуетничките односи и води кон услови на перманентна меѓуетничка недоверба, албанците од една страна наспроти сите останати граѓани на нашата држава. НовАсном се залага за праведно правно општество каде што секој индивидуалец, независно дали е Македонец, Албанец или припадник на било која друг етнички етникум,  ќе има еднакви можности за нормален економски живот во здрава животна средина и каде што нашите деца и внуци, ќе ја гледаат својата иднина во оваа земја а не таму некаде во странство далеку од нас

Охридскиот мора да падне!

Оградувањето на ДУИ од секакава одговорност за музејот во Сопот е еден блед обид на ДУИ да ја прикрие реалноста која веќе 22 години ја креираат и промовираат а тоа е етничка нетрпеливост и поделеност и одржување и промовирање на идејата за Голема Албанија. 

Потврда за оваа поделеност ја имаме секаде, од нелегалното веење на знамето на Република Албанија до неуставноста и имплементација на законот за јазици кој е гарант за поделеноста на нашето општество. Повеќе од очигледно е дека Охридскиот договор, воведен како модел за меѓуетнички соживот, не ја оствари својата функција. Напротив, за ДУИ, Охридскиот договор, кој првично требаше да се имплементира во најголемиот дел во локалната самоуправа, беше само попатна станица за негова понатамошна широка имплементација во државните институции и законите кои ги регулираат државните институции. Со тоа, се постигна она што Али Ахмети го потврди во Сопот, ‘Албанците да бидат господари на оваа земја’. 

Широката имплементација на Охридскиот рамковен договор низ институциите на нашата држава гарантира племенска поделеност и сервилност кон Албанците наспроти сите други. Овој начин на функционирање на нашата држава е во спротивност на сите модерни демократски принципи и воопшто не се применуваат во модерните демократии каде што владее демократската волја на манозинството. 

Охридскиот договор и негова широка имплементација гарантира владеење на малцинството врз мнозинството и во континуитет генерира фрустрација и недоверба кај не албанското население.  Време е ние Македонците да се обединиме за да го вратиме нашето вековно име, Република Македонија која ќе почива на асномските принципи ослободена од стегите на Охридскиот, Преспанскиот и Бугарскиот договор. 

Европската Комисија сака ‚војна‘ со НовАсном

Вчерашната посета на престедсателката на Европската Комија, Урсула вон дер Лајен на Република Македонија или на нивната творевина „Северна“, потврди неколку непријатни вистини креирани од Европската Унија и Европската Комија во однос на македонската нација. 

Европската Комисија покажува гротеска хипокризија и лага со отфрлањето на претставката на НовАсном и Македонскиот клуб за етничка толеранција од Благоевград против Р. Бугарија доставена до Европската Комисија на 29 Август 2022 година. Во објаснението дадено до НовАсном, Европската Комисија меѓу другото вели дека нашата претставка дадена до ЕК е во доменот на заштита на човековите права на македонците во Бугарија и дека ЕК нема ингеренции да делува во овој домен. До Р. Бугарија било тоа да го уреди. 

Преставката која ја поднесовме до ЕК против Бугарија во ниеден дел не споменува заштита на човековите права на Македонците во Р. Бугарија. Нашата претставка е во доменот на веќе донесени одлуки на Европскиот Суд за првда, Европската комисија, директиви како и кршењето на неколку членови од фундаменталните права од договорот на Европската Унија. 

Во своето објаснување, Европската Комисија воопшто не ги адресира нашите тврдења дека со нерегистрацијата на Македонскито клуб за етничка толеранциа од Благоевград, Бугарија го крши Договорот на ЕУ во доменот на фундаменталните права, членовите 12, 21 и 22. 

Фундаментланите права од договорот на Европската Унија се еден од столбовите врз кои почива Европската Унија. Тие се основни, базични и имаат примат во ЕУ. Еден од нашите аргументи е дека Бугарија крши три члена (12, 21,22), од фундаменталните права  од договорот на ЕУ. Овие членови се во доменот на слободата на здружување и асоцијација, недискриминацијата и културна, религиозна и јазична различност. Ние сметаме дека со нерегистрацијата на Македонскиот клуб за етничка толеранција, Р. Бугарија ги крши овие три члена од договорот на ЕУ и со тоа Европската Комисија треба да реагира и да и наложи на Р. Бугарија да го регистрира клубот од Благоевград. Во спротивно, Европската Комисија треба да воведе санкции кон Бугарија. Една од санкциите кои ЕК ги има на располагање се скратување на ЕУ фондовите се додека Р. Бугарија не дозволи регистрација на Македонскиот клуб за етничка толеранција од Благоевград. Сметаме дека Европската Комисија ги има овие ингеренции. 

Со неадресирањето на нашите аргументи во нашата претставка против Р.Бугарија во однос на кршењето на фундаменталните права од договорот на ЕУ, Европската Комисија само потврдува дека ние сме во право и ни го отвара патот да поднесеме тужба против Европската Комисија во Судот за правда во Луксембург. 

Во овој момент, нашите  европски адвокати од Париз ја разгледуваат овааа можност додека ние подготвено го очекуваме нивниот сигнал. 

Третманот на Македонците во Бугарија не соодветнува со нивните фундаментални права кои ЕУ ги нуди а Европоската Комисија од нас очекува тие права да ги почитуваме во Македонија додека ништо не прави истите права да ги почитуваат земјите членки како Р. Бугарија. Со ова. Европската Комисија проектира една хипокризија и двојни стандарди кои не поминуваат кај нас Македонците. 

Нам не ни треба ЕУ каде што, ние Македонците ќе ги немаме оснвонвите чвоекови права. Нам не ни треба ЕУ каде што владее хипокризија, двојни стандарди и кршењето на ЕУ законите. Нам ни треба Европска Унија каде што, Македонците ќе ги имаат истите права кои ги имаат и другите народи во Европа. Тоа сега не е случај а  нашиот пат кон ЕУ е обична идентитетска провалија, пат низ кој, ние Македонците постпено ги губиме нашите идентитетски обележја до финално обезличување на самите себеси.   

Северна Македонија нема ништо со денот на македонската револуционерна борба

Денес, СДС-овската творевина Република Северна Македонија, востановена со предавничкиот преспански договор кој беше прифатен и од опозиционерската ВМРО-ДПМНЕ, го слави денот на македонската револуционерна борба. Се слави во чест на шесте интелектуални револуционери кои 1893 година ја формираа Македонската револуционерна организација, револуционери кои, организацијата не ја формираа за да се борат за некаква си Северна Македонија. Шестемина револуционери интелектуалци: Дамјан Груев, д-р Христо Татарчев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Христо Батанџиев и Андон Димитров, за своја цел, ниту во програмата за дејствување, ја немале автономијата на Северна Македонија туку автономија на Република Македонија. НовАсном смета дека, СДС-овската творевина Република Северна Македонија, нема никаква поврзаност ниту пак била една од целите на Македонскта револуцонерна организација и дека, секоја поврзаност помеѓу Северна Македонија и овие шест млади интелектуалци кои ја оформија Македонската револуционерна организација е безсмилена, лажна и неискрена.

НовАсном смета дека СДС-овската творевина Република Северна Македконија е предавство на идеалите на шесте млади интелектуалци и Македонската револуцонерна организација. Одговорноста за оваа безсмислена ситуација каде што ние македонците славиме македонски револуционерен празник во Северна Македонија ја имаат владеачката СДС но и опозиционерската ВМРО-ДПМНЕ кои го прифатија предавничкиот преспански договор.

Со имплементација на предавничкиот Преспански договор, се прекина било каква поврзаност меѓу нашите револуционери кои се бореа за Република Македонија и творевината Северна Македонија, и затоа славењето на македонски револуцонерен празник во Северна Македонија е безсмислено. Предавничкиот Преспански договор креаира нова политичка реалност и многу нелогичности во однос на нашите безсмртни ревоуционери кои го дадоа својот живот за Република Македонија.

НовАсном им одава бескрајна почит на овие шест млади интелектуани револуцинери и родољуби кои, во виорите и бигорите, ја изнедрија Македонската револуционерна организација. Денешниот Преспанскиот договор, нас Македонците не врати во нивно време и нашите идеали се исти како и нивните. Имено, да се бориме за Република Македонија која ќе почива на АСНОМ-ските принципи, каде што секој граѓанин ќе има еднакви можности за просперитетен живот во здрава животна средина.

Нека ни е честит 23 октомври,Денот на Македонската револуционерна борба и ден-потсетник дека наша национална цел е враќањето на уставното име Република Македонија која е столб на нашиот вековен стремеж да живееме во своја држава чие име искрено и со силна жар го љубиме и почитуваме.

НовАсном присутен на тркалезна маса во Пула

Во организација на Г-дин Алдо Климан, Македонскиот културен форум од Пула и Градската библиотека и читална во Пула денес и утре се одржува тркалезна маса ,,Македонскиот идентитет во европскиот историски мозаик“. Наш представник присуствува на тркалезната маса на чија маса ќе присуствуваат видни македонски интелектуалци и патриоти. На првиот ден од тркалезната маса, беше прикажан историски филм снимен 1923 година во Софија, по повод 20-годишнината од Илинденското востание. Настанот бил организиран од македонската емиграција во Бугарија. 120 години од Илинденското востание, делата на илинденците се нашиот мотив да продолжиме со нашата борба да се ослободиме од идентитетското ропсвто во кое западнавме во оваа вештачка творевина наречена “Северна“. Предизвикот на оваа генерација македонци е враќање на уставното име Република Македонија и ослободување од идентитеското ропство во кое западнавме со имплементирањето на Преспанскиот и Бугарскиот договор.

Борбата за Р. Македонија продолжува

Организацијата НОВАСНОМ, денеска, на 82 годишнината од  Денот на народното востание на македонскиот народ, оддава огромна почит кон сите востаници во борбата против фашизмот и фашистичкиот окупатор на македонската земја. Денеска, со огромен пиетет, оддаваме признание за македонските херои кои, ја започнаа борбата за слобода и ослободување на македонскиот народ и македонската земја од окупаторите фашистички. Тие, храбро се бореа и гинеа за самостојна Македонија, за самобитност и самостојност на македонскиот народ.

Организацијата НОВАСНОМ, смета дека, денеска, за жал дојде време, кога треба да кажеме дека заради оваа одродничка власт, предадени се нивните идеали и визии, нивната борба и жртви се погазени и дека Република Македонија ја ликвидираа, ја заменија со Северна, ја нагрдија, ја обезличија и им ги одзедоа правата и достоинството на Македонците. Денеска, пред Македонската нација, „висат“ истите пранги окупаторски, истите закани за целосно деградирање и девалвирање на достоинството на Македонците, за газење и бришење на историјата Македонска, демнат подли обиди за бугаризација, да се сотрат традициите, обичаите и културата Македонска. И сето тоа, со амин на оваа неспособна, одродничка и предавничка власт која мизерно и со свиткана кичма, молчешкум ја гледа агресијата за крај на постоењето на Македонците.

И затоа, организацијата НОВАСНОМ смета дека, дојде време кога гласно мора да кажеме дека борбата за ослободување на Македонија ПРОДОЛЖУВА. Оваа борба е новата револуција на сите нас-македонските патриоти, оваа борба е нашиот генерациски предизвик и крик на Македонците против преспанскиот договор, против т.н. „заедничка историја“ со Бугарија, против македонскиот јазик да бидне дијалект на бугарскиот. Оваа борба е за нашето вековно и уставно име Република Македонија и дека е ДОСТА од „бугарска демократија“, ДОСТА од бугарски клубови во Македонија, ДОСТА од дволичните игри на меѓународната заедница и од апетитите на нивните миленичиња Грција и Бугарија-најсиромашната земја во ЕУ. Оваа борба, значи ДОСТА за поделбите и КРАЈ за оваа марионетска и профашистичка власт. Оваа борба е нашиот Македонски восклик за живот и слобода, за бесмртност на македонизмот со кој и денес над Македонија се раѓа, ново сонце на слободата. 

Македонци, нека ни е честит 11 октомври, денот на непокорот и Ден на народното востание на македонскиот народ.

ДА ЖИВЕЕ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.

Отворање на уставот – враќање на Република Македонија

НовАсном смета дека отворањето на Уставот и негова измена,  е вистинскиот и историски момент да се следи политичката волја на Македонската нација да живее во своја држава и да влезе во ЕУ достоинствено, гордо и еднакви како и сите останати народи во ЕУ.  Во исто време, отворањето на Уставот треба да се искористи да се направат фундаментални измени во истиот каде што ќе се воспостават основите за вистинска и целосна независност на судството, уставниот суд и јавното обвинителство. 

Во тој контекст она што треба да се следи е политичката волја на македонската нација изразена на референдумот на 8 Септември 1991 и 30 Септември 2018 година. Македонската нација на два референдум потврди дека сака да биде дел од Европската Унија под вековното и уставно име на својата држава, Република Македонија и исклучиво со зачуван идентитет, имено само како  Македонци, без други додавки кои значат негово национално обезличување. Затоа овој период кога се отвара Уставот е  моментот да се следи политичката волја на Македонците и да се врати името Република Македонија како  што тоа македонската нација го посакува. 

Во исто време, НовАсном се залага за имплементација на 4-6 уставни измени по теркот на научната студија на професорот Лабовиќ, со кои ќе се отвори патот кон оставарување на вистинска и целосна независност и самостојност на судскиот совет, уставниот суд и јавносто обвинителство. Цениме дека имплементацијата на предложените уставни измени во овие круцијални институтции ќе донесе до многу подобри решенија него било кој Европски реформски пат кој сега се заговара. Сега е време за вистинки уставни реформи кои навистина ќе ја придвижат нашава земја кон политичките стремежи на македонската нација и ќе овозможат длабоки реформи во општеството чии бенефит ќе ги имаат сегашните и идните генерации.

Косовска хипокризија пресликана дома

НовАсном смета дека, последните настани на северот на Косово, се само уште една потврда дека политиката која ја води западот кон Косово на чело со САД,  ЕУ, Берлин, Париз и Лондон е катастрофално неуспешна, полна со хипокризија, двојни стандарди а се базира на кршење на резолуциите на ОН.  За потсетување, спротивно на Резолуцијата 1244 на ОН, резолуција која самите западни земји ја изгласаа, во 2008 година западот го признаа Косово како независна држава и направија еден меѓународен преседан чии последици ги трпиме секојдневно а беа изразени пред два дена на северот на Косово.
Хипокризијата и двојните стандарди на нашите стратешки западни сојузници не е лимитирано само со нивната косовска политика, туку западната политика на хипокризија и двојни стандарди е норма која е присутна секојдневно во нивните ставови за усвојување на Уставните измени и влез на Бугарите во нашиот устав. Од нас се бара влез на Бугарите во нашиот устав а ниедна од  тие западни земји, не бара Бугарите да ги почитуваат основните човекови права на македонците во Пиринска Македонија, почитувањето на Поглавјето на ЕУ врз кои ЕУ е заснована како што се фундаменталните права на граѓаните на Европа – членовите 12, 21 и 22. При тоа нема да ги споменуваме и останатите поглавја како членот 167, Директивата 2000/43/ЕУ – принципот на еднаков третман без разлика на етничката припадност и други.
Ваквата политика на хипокризија и двојни стандарди, ние македонците ги отфрливме со нашето основано несогласување, Бугарите да влезат во уставот на Република Македонија и никаква медумска кампања од страна на владата, медумски емисии составени од лажни аналитичари кои имаат исти заклучоци, ниту пак ниеден западен дипломат може да не убеди да го смениме нашето мислење.
Ние македонците, сакаме да бидеме рамнкоправни во ЕУ и да влеземе гордо и рамноправно исправени како Република Македонија и никако поинаку. На тоа не обврзуваат двата референдума, едниот од 8 септември 1991 година а вториот, на 30 септември, 2018.  Секоја друга политичка опција е силување на волјата на македонската нација да биде дел од Европското семејство горда и достоинствена.