Категорија: Новости

Слава му на Гоце

Денеска, на 150 годишнината на денот на раѓањето на големиот Македонски Револуционер Гоце Делчев овде во Кукуш, Македонската нација стои исправена со слични ако не и исти предизвици кои ги имаше Гоце.

Гоце се бореше за Македонија на Македонците — ние ја немаме Република Македонија, Гоце го разбираше светот како културно поле за натпревар на народите — денеска во дел од Европската Унија основните човекови права на Македонците да го изучуваат својот јазик, да се собираат во културни, религиозни и политички движења им се скратува а серијата на пресуди за кршењето на нивните права пред судот за Човекови права во Стразбург се игнорира, а ЕК не го спроведува занонот на ЕУ и не ги казнува членките на ЕУ кои го кршат основното човеково право на Македонците во ЕУ.

Уште полошо, денеска политичката воља на Македонскиот народ изразена на референдумот од 8 Септември 1991 и 30 септември 2018 не се почитува и неговото основно право на самоопределување не се почитува. Затоа ја немаме Република Македонија

Ние од НовАсном заедно со Млади на Македонија се обрзуваме да го следиме патот на Гоце Делчев и да се избориме за нашите основни човекови права и правото на самоопределување, право втемелено во повелбата на Обединетите Нации. Од патот што го трасира Гоце не се откажуваме и ги повикуваме сите патриоти да ни се придружат во нашата борба за да повторно бидеме победници.

Слава му на Гоце

Раѓање на нова нација – северномакедонци

По повод изјавата на претседателот на Владата на РМ Г-дин Ковачевски дадена во своето експозе на 15ти Јануари 2022 година дека, ‘разговорите со Република Бугарија ќе се интензивираат и никој не смее и нема да преговара за идентитетот на македонскиот народ’.

Го потсетуваме Претседателот на Владата дека слични изјави беа давани и пред да се потпише Преспанскиот Договор, но резултатите од потпишувањето на Преспанскиот договор се раѓање на нова нација која се повеќе е дел од реалноста во светските медиуми а за жал министерството за надворешни работи на нашата земја упорно молчи и не се произнесува и не ја корегира таа нова реалност.

Се повеќе светски медиуми како и нашите стратешки партнери САД и официјално го употребуваат терминот севеномакедонци и сверноакедонски. Ова е резултатот од потпишувањето на Преспанскиот договор, нанесена непоправлива штета на нашиот идентитет. Повелете линкови каде светски медиуми, стејт департемнтот и други нас не ословуваат со нов идентитет како што не е опфатен со Преспанскиот договор туку тоа е една нова реалност во која ние живееме а овде во Македонија се негира.

Ова е уште една потврда за штетноста и последиците од Преспанскиот договор  кој час поскоро треба да се раскине и потребата да се имплементираат реформи во насока на градење на правно општество каде што секоја индивдуа ќе има просперитетен живот во здрава животна средина.

Повелете линкови од светски медиуми и стејт департмент.

Ал Јазера, https://www.aljazeera.com/news/2022/1/20/north-macedonias-path-to-to-eu-membership-stumbles

Стејт Департмент, САД, https://www.state.gov/u-s-diplomats-build-cyber-defense-and-cybersecurity-partnerships-worldwide/

АНИ, Јужна Азија https://www.aninews.in/news/world/others/north-macedonias-parliament-elects-new-prime-minister20220117131706/

Планет Радио, Британија, https://planetradio.co.uk/greatest-hits/sussex/news/west-sussex-firefighters-donate-kit-to-north-macedonia/

 Пакистан Опсервер, https://pakobserver.net/afghan-youth-dies-from-exposure-on-n-macedonia-border/

Посета на Република Албанија

Делегација на НовАсном беше во посета на Општина Пустец, Република Албанија и оствари средба со Градоначалникот на Општина Пустец Г-дин Пали Колефски. Благодарност за гостопримливоста на нашинците од Пустец.

Судени зошто се деклариралe како Македонци

‘Со години лeжeвме во бугарски затвopи само бидејќи се деклapиpaвме како Македонци’. Разговор со Г-дин Стојан Георгиев, еден од основачите на ОМО Илинден – Пирин и сега почесен Претседател, и Г-дин Стојан Герасимов, член на органзиацијата, за кршењето на човековите права во членката на Еврпоска унија Република Бугарија, од времето на комунизмот па се до денеска.

Село Поленица, Република Бугарија

Делегација на НовАсном беше во посета на Македонци патриоти од Пиринска Македонија, Р. Бугарија, село Поленица, Сандански, и оствари средба со првиот Претседател на ОМО Илинден Г-дин Стојан Георгиев и сегашниот член на Престедателството на ОМО Илинден Пирин Г-дин Стојко Стојков. Благодарност за срдечното гостопримство.

Можна идна Грчка Блокада

Делегација на НовАсном беше во посета на Еленската Република и забележа дека на сите информативни сообраќајни табли се уште пишува FYROM, таква држава ниту постоела ниту постои. Ние се прашуваме, дали Македонските власти имаат реагирано кон гаранторите на понижувачкиот Препсански договор или пак Еленската Република? Исто така, интернет сајтот на Еленското МНР се уште пишува дека Тито ја создал Македонија. Пак се прашуваме дали Македонските власти имаат реагирано кај Еленската Република за прикажување на погрешни историски факти? Ние од НовАсном, стравуваме дека со неменувањето на информативните табли во Еленската република како и не ратификувањето на понижувачкиот Преспански договор во Еленскиот Парламент, Еленската Република всушност има намера да го кочи патот на Република Македонија кон патот ЕУ во иднина и само прашање е време кога тоа ќе се случи.

Средба помеѓу НовАсном и МНА

Во црквата Св. Димитрија во село Селце, Прилеп, се одржи средба помеѓу членовите на здружението НовАсном и Македонска Национа Академија, МНА. Средбата се одржа во пријателска и срдечна атмосфера. Благодарност до Членовите на МНА овозможмувајќи на претседателот на НовАсном Сашо Маневски да ја претсави организацијата пред членовите на МНА. Двете страни се договорија да работат на конкретни заеднички проекти во иднина за да се реализираат Македонските Национални интереси.

Честит Ден на Нашата Борба

Денеска, кога Македонија го празнува Денот на македонската револуционерна борба и го слави 23 октомври 1893 година, кога во Солун, во куќата на солунскиот книжар Иван Хаџи Николов е основана Македонската револуционерна организација, нашата нација стои исправена пред слични и исти предизвици со кои се соочувале основоположниците на Организацијата.

Денеска, на Денот на македонската револуционерна борба, кој претставува и симбол на континуитетот на македонската борба за независност, нашата организација, НОВ АСНОМ, смета дека во Република Македонија потребно ни е вистинско обединување на нацијата и вистинско граѓанско помирување.

НОВ АСНОМ смета дека на современата и самостојна македонска држава, со понижувачкиот Преспански договор, ѝ се нанесени големи штети на нацијата, а Македонското прашање претставува фигура во комбинаториките на Балканот и сè уште не е решено..

Нашите роднини во Република Грција, кои го зборуваат македонскиот јазик, како што е дефинирано во понижувачкиот Преспански договор, не можат да си ги остварат своите основни човекови права, не можат да го учат својот мајчин јазик, не можат да се организираат во културни, политички и национални заедници. Кршењето на нивното основно човеково право во Грција е норма која е игнориранана од ЕУ, а е поддржана од оваа влада.

Во Бугарија, нашите роднини, и покрај 14. пресуди во Судот за човекови права во Стразбур против државата Бугарија, сè уште не можат да си ги остварат своите основни човекови права. A Европската комисија, чија должност по закон е да ги спроведува пресудите од Стразбур и да ја санкционира Бугарија, ништо не презема да се имплементира законот во Европската Унија, додека оваа влада го игнорира нивното постоење.

НОВ АСНОМ, оваа Северна не ја чувствува како своја, впрочем, како и мнозинството етнички Македонци. Желбите на НОВ АСНОМ се исти како и на дејците кои ја основаа Македонската револуционерна организација, Република Македонија преку цврсто здружување и обединување на македонскиот народ.

Ние ги сакаме правдата, човековите права и владеењето на правото на ист начин како што и Европската Унија се залага во своите извештаи кон нас и очекуваме владеењето на правото и човековите права да се почитуваат на целата територија на Европската Унија, а не само на нејзини поедини делови.

Нека ни е честит празникот, знаејќи дека повторно ќе бидеме победници.