Категорија: Issues

Францускиот Предлог: Предавство

Организацијата НовАсном после анализата на т.н. Француски Предлог, изразува огромна загриженост дека истиот е екстремно опасен по се што е македонско, дека длабоко навлегува и ги руши идентитетските одредби на македонската нација.

Во третиот член од документот за Европската Генерална Позиција [H1] за почеток на преговорите, двете страни Бугарската и Македонската ќе имаат можност да дадат свои интерпретации за Македонскиот јазик. Според  познатата Бугарска позиција, до пред 1945 година Македонскиот јазик бил Бугарски дијалект, истата оваа позиција ќе биде нотирана во официјален документ кој е дел од Европската Генерална Позиција.

Ова ќе биде прв официјален документ, каде што ние како држава имплицитно ја прифаќаме бугарската позиција, дека нашиот јазик до 1945 бил бугарски дијалект со тоа што прифаќаме во официјален ЕУ документ да стои бугарското гледиште за нашиот јазик. 

Овој нов момент, Бугарија ќе го искористи внатре во ЕУ, во сите документи каде ќе биде Македонскиот јазик преведен, да нотира дека тој бил бугарски дијалект до 1945. Со тоа не само што јазикот не е заштитен него преку овој член директно се напаѓа коренот на нашиот јазик и идентитет.  Апсолутно неприфатливо за нас.

Член 22 од истиот документ, според кој МНР се повикува дека е заштитен македонскиот јазик, има технички карактер и се бави со техниките и логистиката на преводот на документите во ЕУ на Македонски јазик. Но не се  бави со фундаментот на проблемот а тоа е дека Македонски јазик е бугарски дијаленкт до 1945 година и ќе бидат нотирани во дел од членот 3 од документот за Европската Генерална Позиција.              

Во член два од делот на документот, Заклукчоците на Европскиот Совет, имплементацијата на  Преспанскиот и Бугарскиот договор се внесени како дел од нашиот пат кон ЕУ. Значи не само Бугарија туку и Грција во секое време ќе можат да не уценуваат, услоуваат и рекетираат преку отфрлениот на референдум, преспански договор. Цело тежиште на имплементација на двата договора, Преспански и Бугарски, е на наша страна и нема ништо што би ги приморало Грција и Бугарија да ги имплементираат истите договори од нивна страна. Ова значи дека кршењето на правата на Македонците во Грција и Бугарија ќе продолжи да биде норма, додека Европската Унија преку разни нејзини органи, ќе нотира проблеми кај нас а не кај Грција и Бугарија. Апослутно неприфатливо

Вметнување на Бугарите во нашиот устав пред да почнат преговорите нотирано во Член 11 од документот на заедничка ЕУ позиција. Ова е додатна уценувачка алатка да преку член 5 од Европската Генерална Позиција, Бугарија ќе бара ние да ги исполнуваме правата на бугарите во Македонија преку исполнување на Копенхашките критериуми за почитување на правата на малцинствата. Целото тежиште за исполнување на правата на малцинставата се ставени кај нас а не кај Бугарија. И пак, во конктинуитет ние ќе имаме проблеми со нашите малцинства, демек, не сме давале доволно права на Бугарите во Македонија додека Бугарија во континуитет ќе ги крши основните човекови права на Македонците како што е нотирано во 14 пресуди на Евроспкиот Суд за Човекови Права. Апсолутно неприфатливо

И за крај, сржта на предавстото лежи во Членот 14 од документот заедничка ЕУ позиција и Член 3 од заклучоците на Европскиот Совет. И двата члена реферираат на протоколот кој е постигнат меѓу Бугарија и Македонија на 4 Јуни, Дочје Веле го објави а нашава влада го крие. Преку мултидисциплинарната експертска комисија Бугарија ќе не прави бугари по сите основи. Тоа е нашиот пат до ЕУ, прифатен од ЕУ, аминуван од САД, одобрен од Претседателот Пендаровски и Премиерот Таче и апсолутно неприфатлив за нас Македонците.

Во тој контекст се прашуваме дали Престедателот Пендаровски и Премиерот Таче се нашата перфектна Пета колона или не?


 [H1]

Пописот е Измама

Пописот од 2021 година е политички мотивирана измама со која се задоволуваат потребите на една етничка група на граѓани на сметка на македонскиот народ заедно со другите етнички заедници. Со тоа што пописот се изведе со помош на погрешна методологија, со недостаток на евиденција во форма на запис и со немање на двојна проверка на оние кои беа опфатени со пописот истиот беше препознаен како непријателски чин и како таков беше бојкотиран од страна на дел од Македонците.

Според тежината на овие недостатоци, самиот попис и резултатите произлезени од пописот за нив, како и за сите слободоумни граѓани на Македонија, може да се опишат како неверодостојни.

Според лажните податоци од Заводот за Статистика, податоците од 132,260 сограѓани не фигурираат никаде како нацоналност во ваква значанја статистичка операција базирана на национални бројки. Токму овие се Македонците кои во голем број не излегоа на пописот. Ова се должи на недовербата на Македонците кон политичката елита во Македонија, која ги запоставува националните интереси на Македонците со цел да остане на власт.

Понатаму, погрешната методологија доведе до тоа да броиме жители кои според податоците кои се пристапни на властите живеат надвор од државата. Ниедна држава во светот не ги брои иселените граѓани. Според Обединетите Нации и Еуростат, попис се спроведува само на постојаните жители на една држава. Ние имаме 63,731 Македонци кои не живеат во Македонија и фигурираат како т.н. нерезиденти. Тоа е уште една лажна бројка која е апсурдна. Имаме сомнеж дека албанските граѓани кои не се жители на Македонија се евидентирани како постојани жители во Македонија за да се зголеми бројката на македонски граѓани кои се изјасниваат како Албанци според својата етничка припадност.

Одлуката целокупниот попис да се спроведе дигитално со помош на така наречениот “Cloud”, доведе до ситуација во која немаме податоци во хартиена форма. Тоа е проблем имајќи во предвид дека не постои дигитална форма на заштита на податоци која штити 100% од хакерски напади, отварајќи можност за манипулација на податоците содржани на серверот. Во отсуство на хартиена форма за внесување на податоците, дигиталната форма е подложна на промени кои не можат лесно да се откријат и се по дефиниција недоволно веродостојни.

Друга загриженост е немањето двојна контрола, т.е. двојни попишувачи од различна етничка заедница, пред се од Македонската и Албанската заедница, како и не постоење на контрола на изјавите на граѓаните што се попишуваат. Тоа доведе да не може да се верификува бројот на Албанците во Македонија. Во овој попис попишувачите беа претставници од локалното население кои ги попишуваа своите сограѓани. Вака собраните податоци не подлежат на независна верификација и можат да служат како средство за обезбедување на лажна статистичка состојба а со тоа и статус кво на политичката сцена во Македонија во догледна иднина.

Поради многубројните пропусти, како и лажниот манипулативен пристап кон пописот, организацијата НовАсном го смета овој попис како нелегитимен и штетен за македонската држава и нејзините граѓани. НовАсном застанува на страната на разбудените Македонци и сите граѓани на Македонија кои не ги признаваат резултатите на овој лажиран и штетен попис.