Помошта на САД во судството, доказ дека не ни е потребна помош

НовАсном смета дека, лакрдијата со случувањата во Судскиот Совет како и писмото на амбасадорката на САД, Г-ѓа Аглер, упатено до нашите судски инстанци, е само една потврда дека САД, освен имањето пари, што ги фрлаат во македонскито судскиот систем, немаат визија и решенија како да ги решат проблемите во судството. Од друга страна, се потврдува по којзнае кој пат дека нашите политички т.н. елити, освен сервилност, послушност и поданост, секој закон ќе го прекршат за да се додворат до нашите стратешки партнери а при тоа задржувајќи си ја својата коруптивна позиција во општеството, без да се нудат решенија за истото. 

Фактот што САД признаваат дека имаат потрошено пола милјарди долари во разно-разни т.н. судски реформи а при тоа резултатот е никаков, потврдува дека нам, странците и нивните фушерски решенија, не ни се излез од нашево корумпирано судство. Напротив, САД со вакви писма упатени до Судскито Совет само сакаат да влијаат врз судски случаеви кои имаат политичка позадина и со тоа да ја обликуваат политичката реалност во Македонија. Целта на САД како и до сега, е моделирање на македонскиот политички блок според нивните потреби а при тоа оставајќи го албанскиот политички блок недопирлив, затоа што истиот е 100% сервилен кон нив.  

До сега, немаме осудено албански политичар за корупција во земјава, ниту пак амбасадата на САД има пратено писмо до судските власти на оваа тема.  

Испаѓа дека политичарите на ДУИ, кои владеат 20 години, се примерни анти коруптивни политичари со одличен анти коруптивни манири. 

НовАсном смета дека решенитето во судскиот систем во Македонија, треба да биде автохтоно и произлезено од наши домашни експерти кои добро ги познаваат добрите и лошите страни на македонското судство  а се со цел, да се достигне целосно независно судство отпорно на надворешни и внатрешни влијанија.

Македонија има одлични експерти кои можат да донесат соодветни, вистински и рационални законски решенија во судството, но се нема политичка воља истите да се ангажираат и решенијата да се имплементираат. Се замајува јавноста со т.н. европска агенда која ќе ни донесела подобро утре а при тоа се користи европското знаменце во парламентот да се носат коруптивни закони, случајот Бехтел и Анка земете го како пример.  

Предлозите на професорот Миодраг Лабовиќ презентирани во неговата научна студија, „Системско владеење на правото против системската корупција и организираниот криминал“,  за Судскиот совет се добра основа за вистински реформи во Судскиот совет. Ова подразбира менување на 3-5 членови од уставот како и законски измени од Законт за Судскиот совет.  Потребни ни се коренити и вистински праведни промени во судството, промени за кои сегашните политички елити не се подготвени да ги имплементираат.