Не за заедница на албански општини

Организацијата НовАсном, смета дека, идејата за создавање на албански општини во Македонија е уште еден доказ, дека на предлагачите на оваа идеја не им е битен соживотот, мирот и иднината на Македонија туку, битна им е идејата за неформална федерализација на Македонија преку која ќе се реализира идејата за голема Албанија.
Сметаме дека, ова е пораз на прозападната политика во Македонија што ја води оваа одродничка власт и која е промотор на сите политички договори во Македонија, кои божем, идат во насока за зачувување на мирот и стабилноста а всушност, води до разнебитување на Македонија.

Наголемите македонски политички партии класифицирани како „Курто и Мурто“ партии, се само инструмент на реализација на големоалбанските апетити во Македонија на штета на македонските национални интереси. Со нивна помош се врши разнебитувањето на нашата држава.
Воедно, како аргумент за формирање на заедница на албански општини се користи минатиот лажен попис каде се вели дека албанците наводно биле 30% од популатцијата во Македонија. Истиот попис, имаше нелегитимна статистичка методологија, и беше одобрен од двете најголеми македонски политички партии во нашиот Парламент.
Во пописната анализа која за НовАсном ја изработи проф. д-р Благица Новковска, се заклучува, „Во заклучок може да се каже дека е направен пописен инжинеринг за договорени политички цели, спротивно на сите статистички принципи и меѓународни стандарди. Податоците произведени на таков начин не само што не можат да бидат употребени за прецизни анализи и креирање политики, туку можат да нанесат огромна штета со нивна употреба“.
НовАсном се залага за промена на уставниот поредок и враќање на името Република Македонија како и градење на правно општество каде што секој граѓанин на Република Македонија ќе има еднакви можности за просперитетен живот во здрава животна средина. Ги имаме решенијата како да се стигне до оваа цел а научната студија на професор Лабовиќ е добра основа за тоа.