Слава му на Гоце

Денеска, на 150 годишнината на денот на раѓањето на големиот Македонски Револуционер Гоце Делчев овде во Кукуш, Македонската нација стои исправена со слични ако не и исти предизвици кои ги имаше Гоце.

Гоце се бореше за Македонија на Македонците — ние ја немаме Република Македонија, Гоце го разбираше светот како културно поле за натпревар на народите — денеска во дел од Европската Унија основните човекови права на Македонците да го изучуваат својот јазик, да се собираат во културни, религиозни и политички движења им се скратува а серијата на пресуди за кршењето на нивните права пред судот за Човекови права во Стразбург се игнорира, а ЕК не го спроведува занонот на ЕУ и не ги казнува членките на ЕУ кои го кршат основното човеково право на Македонците во ЕУ.

Уште полошо, денеска политичката воља на Македонскиот народ изразена на референдумот од 8 Септември 1991 и 30 септември 2018 не се почитува и неговото основно право на самоопределување не се почитува. Затоа ја немаме Република Македонија

Ние од НовАсном заедно со Млади на Македонија се обрзуваме да го следиме патот на Гоце Делчев и да се избориме за нашите основни човекови права и правото на самоопределување, право втемелено во повелбата на Обединетите Нации. Од патот што го трасира Гоце не се откажуваме и ги повикуваме сите патриоти да ни се придружат во нашата борба за да повторно бидеме победници.

Слава му на Гоце