Категорија: Новости

НАТО ќе не бричи!

Самитот на НАТО во Холандија донесе уште една потвда дека нашето членство во НАТО, не само што беше прескапа национална губитничка егзибиција, го изгубивме името  против нашата демократска воља изразена на референдумот од 2018 година, туку ќе биде економски понор во кој ние ќе одвојуваме секоја година стотици милиони евра за да ги пумпаме профитите на воените компании на нашите западни партнери. Немањето на наменска домашна воена индутрија налага на ваквиот заклучок.

Одобрената НАТО квота од 5% од БДП за делот во одбраната до 2035 година, која нашата делегација сервилно ја прифати Шпанија ја оспори, спрема БДП од минатата година би изнесувала 767 милони Евра. За споредба, капиталните инвестиции во буџетот од 2025, пред ребаласнот, се 763 милиони евра.

Зголемените трошоци за одбрана ќе предизвика дисбаланс во буџетот и негативно ќе влијае врз онака негативниот платен биланс со странство и зголемување на трговскиот дефицит. Т.Е. ќе се зголеми увозот, ќе увезуваме оружје, на сметка на извозот.

Потенцијални кратења ќе има секаде за да се троши на одбраната наместо на нашиот развој а зголемените трошкови во одбраната ќе наложи кратења на остатокот од буџетот кој не е законски опфтен. Ова подразбира можно кратење на капиталните инвестиции, но не е исклучено кратење во другите области каде што имаме насушна потреба за инвесирање како образованието и енергетиката кои можат и те како да бидат одличен генератор за поголем економски раст и животен стандард на Македонците. Зголемените воени буџетски трошоци на сметка на остатоткот од буџетот е одлична формула за да се осиромашува народот и економски назадува земјава.

1.5% од предвидените 5%, т.е. 230 милиони Евра би биле т.н. ‚НАТО инфраструктурен данок”, наши пари ќе се инвестираат во инфраструктура за тенковите на НАТО брзо и ефикасно поминуваат низ нашата држава. Ќе имаме зацврстени мостови и патишта додека 74% од опадните води нетретирано ќе ги загадуваат реките и езерата, една депонија нема да го процесиира отпадот по современи стандарди а општинската инфраструктура ќе биде крш. Секако политичките елти ќе не убедуваат дека тоа е врвот на нашиот развој како членка на НАТО.

НОВАСНОМ одлучно се спротиставува на следење на еконимски погубната квота од 5% која ќе го успори нашиот економски развој. Наместо трошење за одбраната, инвестициите треба да бидат насочени кон енергетиката и целта да бидеме енергетски независни, комлетна реновација на здравствените капацитети како и нивно кадровско зајакнување.

Непровоцирана агресија врз Иран

НовАсном остро ја осудува агресијата врз Иран која е спротивна со сите меѓународни норми за војување, меѓународното правен поредок и воспоставен безбедносен систем според ОН. Нашите стратешки партнери САД, предводени од претседателот Трамп, спротивно на уставот на САД кој вели дека само Конгресот на САД може да објави војна на земја која е сериозна воена закана по безбедноста на САД, го нападна Иран само и само за да ги задоволи домашни политички интереси кои се под влијание на Израелските интереси.

За потсетување, во Март годинава, директорката на Националната Безбедносна Агенција на САД, Тулси Габард, презентираше пред американскиот Сенат дека Иран не гради нуклеарни бомби ниту пак дека иранскиот религиозен лидер дал наредба да се рестартира иранската нуклеарна програма која беше прекината 2003 година. Од друга страна, директорот на Меѓународната Нуклеарна атомска агенција, Рафаел Гроси, потврди дека нема доказ дека Иран гради нуклеарно оружје. Со ова се потврдуваат лажните аргументи за нова војна од страна на западните сили предводиени од Израел.

Пред Иран да биде нападнат, САД беше во шеста рунда преговори со Иран за својата нуклеарна програма и се имаше осет дека американската дипломатијата ќе обезбеди решение за иранските нуклеарни амбиции имајќи иранска согласност за тоа. Неочекуваниот и непровоциран напад врз Иран е само потврда дека САД не се стабилен меѓународен преговарачки партнер кој не може да спроведе договор. Додатна констатација на досегашното конто на американсата димпломатија која го спроведе бобмаридрањето на Југославија и нелегалното отуѓување на Косово, бомбардирањето на Либија, Сирија и редица други земји. Со ова се потврдува тезата дека надворешната политика на САД е немелнива без разлика дали на нејзино чело ќе дојде претседател од редовите на демократите или пак репубиканците од чии редови е претседателот Трамп.

Брза Пруга – Пат до финансиски понор

НовАсном ja поздравува секоја стратешка инвестициска иницијатива која ќе значи придонес во економскиот раст на Република Македонија. Оттука, ја поздравуваме иницијативата на владата за градење брза пруга Гевгелија – Табановце, но, сметаме дека таа, ќе биде неисплатлива инвестиција и лесно може да биде голема пречка за нашиот иден економски развој.
НовАсном направи анализа на плановите за развој на железничката пруга Солун до Идомени, на грчка граница, при што веднаш станува воочливо дека грчката страна не планира градба на пруга со две линии од Солун до границата со Македонија. Наместо тоа, планирана е санација и модернизација на постоечката единечна траса и достигнување на максимална брзина од 160км/час. Ова соодветствува со предвидената брзина на пругата Гевгелија до Табановце. Но ако од наша страна се изгради двојна пруга кога на грчката страна имаме единечна пруга, тогаш инвестицијата во втората пруга од наша страна е губитнички потег и беспотребно давање пари кое ќе предизвика т.н. тесно грло во делот од Солун до Идомени. Тоа значи дека ние, ќе изградиме пруга со два колосека која скапо ќе не чини и која нема да донесе соодветни приходи ( ќе биде понепрофитабилна) заради единечната траса од грчка страна. Предвидената изградба на двојна пруга е неоптимално трошење на појзамените пари за градба на истата, и го прави проектот понеисплатлив имајќи ги во предвид лимитираните капацитети на единечната пруга од грчка страна.  
НовАсном и предлагаа на владата, добро да ги обмисли чекорите во таа насока и да прејде на фазно градење на пругата Гевгелија-Табановце. Предлагаме да се изгради единечна пруга во прва фаза, да се разработи коридорот десет и кога капацитетот на истиот ќе биде достигнат, тогаш да се прејде на изградба на втората пруга по истата делница. Ваквиот начин на градба овозможува лимитирање на финансиските, опереативните и градбените ризици и ефективна употреба на појзамените пари за градба на пругата.  
Во тој контекст, НовАсном ја подржува иницијативата на Здружението на инженери на Република Македонија, за дислокација на сегашната предвидена железничка траса и градење на нова железничка траса која нема да го попречи идниот развој на проектот Вардарска Долинa. Сегашните планови за градба на брзата пруга го оневозможува идниот стратешки економски проект ‚Вардарска Долина‚ зошто идната изградена двојна железничка траса ќе оневозможи развој на проектот Вардарска Долина.
Доста е од непрофитабилни проекти во Република Македонија кои само им носат, долгорочна штета на граѓаните и лимитиран бенефит. 

Во Прилог повелете линкови од развјоните планови за пругата Идомени до Солун

https://www.railwaypro.com/wp/thessalonikis-strategy-for-2030/?utm_source=chatgpt.com

https://www.railwaypro.com/wp/alstom-to-deliver-signalling-systems-in-greece/?utm_source=chatgpt.com

Во атачмент повели детална финансиска анализа што направена од Сашо Маневски врз база на пресметките што професорот Дејан Трајковски ги подготви. 

Градски Воз – Економска Утка

Почитувани,

НовАсном смета дека инвестициите во јавното добро се од есенцијална потреба за подобрување на квалитетот на животот на населението а потоа и за подигнување на економскиот раст на Македонија.

Принципот на добро владеење налага анализа на што поголем број  инвестициски проекти во кои освен останатите елементи, ќе се проценуваат и според ефикасноста на повратот на инвестираниот капитал. За вложување на ограничените капитални инвестиции со кои управува држвата треба да биде избран оној проект кој има најголема ефикасност и носи најбрзо враќање на инвестицијата.

Ваквиот начин на добро економско и финансиско владеење гарантира и најголем економски раст на Македонија.

Во случајот на проектот ’Градски Воз‘ одлуката за финансирање е веќе донесена без комплетирана визибилити студија, ниту пак е направена економска експертиза за ислпатливоста на проектот. Неубедливите уверувања и желби на директорот на МЖ Инфраструктура Синиша Ивановски се потврда за ‘исплатливоста‘ на проектот.

Ваквиот начин на донесување одлуки за инвестиции во инфрастурктурата е индикатор за неколку неповолни состојби во однос на начинот на работата на владата на Република Македонија:

Прво: Владата нема изготвено инвестициски проекти со завршени визибилити студии и оценка за нивната исплатливост. Да имаше, истите ќе ги претставеше и ќе се одлучуваше кои проекти заслужуваат да бидат предмет на капитални инвестиции предвидени со тековниот буџет. Заклучокот е дека недостасуваат предлог инвестициски проекти во време кога владата се промовира како про бизнис влада!

Ова е уште една потврда за неефикаснаноста и слабата професионална ефикасност на државната администрација која не е кадарна да изработи квалитетни предлог инвестициски проекти.

Второ: владата не способна да ги реализира очекуваните капитални инвестиции.

За оваа констатацја ни говори ниското нивно на реализација на инвестициите кои до сега, според Министерството за Финансии, изнесуваат 20% иако веќе 40% од годината измина.  Заклучокот е дека во услови на  слаба реализација на капиталните инвестиции,  владата прибегнува кон недоволно квалитетно изработени проекти за да се прикаже во позитивно светло и да ни покаже дека вредно работи за доброто на сите нас.

Ова потврдува дека таа ги троши нашите пари за капитални инвестиции неодговорно, а тие носат низок коефициент на враќање на инвестираниот капитал.

Ваквиот начин на работа на владата, која себе се претставува како про бизнис влада, во конинуитет води кон слаб економски раст, кој и оваа година, според Светска Банка, повторно ќе биде најмал на Балканот.

Лошото менаџирање на парите на граѓаните што го практикуваше СДСМ сега продолжува и под палката на премиерот Мицковски.

Тоа го потврдува и слабиот досегашен петгодишен период кој се одликува со најслаб раст на нашата економија во Западен Балкан – периодот  од кога станавме НАТО членка !

Честит Први Мај

На народот на Ленка и Рацин, на Тутуноберачите и Печалбарите му го честитаме од се срце денот на трудот.

Во годината на падот на УСАИД, потсетуваме дека творештвото на овој народ умеело да ги жигоса подеднакво кодшот и дембелот, измамникот и скржавецот. И денес, кога се сеќаваме на стихот на библијата – во потта своја ќе го печалиш својот леб – не можеме а да не го поставиме повторно прашањето. Како дојдовме до тоа, вредниот и чесниот да црвенеат пред децата и ближните, а измамникот и лукавиот да бидат препознати како врв на општествениот и стопанскиот успех?

Во името на трудот, во името на честа, во името на потта, го поздравуваме народот на трудбениците, на жетварите и на работниците.

Да ни живее трудот!

НовАсном одаде почит на Јане Сандански

Вчера, 27 Април, 2025, НовАсном положи цвеќе во Мелник на споменикот на Јане Сандански и покрај бројните бугарски провокации. Јане е нашата инспирација за нашата борба за ослободување од ропството наречено Северна и враќање на нашето достоинство и самопочит. Нема откажување од оваа наша Света Цел се додека не ја постигнеме истата. Следете не за да повторно бидеме победници…

Православен во НАТО??

НовАсном со вџашеност ја прими веста за анти-рускиот самит во престолнината на православна Романија на кој што се бара потполно збришување на руската држава од лицето на планетата земја. Подршката на безброј честопати најминорни ако не и фиктивни организации на малубројни етнички групи, а кој доаѓа од истакнати стратешки мислители од тип на Јануш Бугајски добива на овој начин тежина и легитимитет кои никако не ги заслужува. Апелираме во овиде денови на велигденска радост до братскиот православен романски народ да ги препознае и отфрли надворешните паразити. Во исто време, ја повикуваме македонската политичка класа да ги обнароди сите дипломатски контакти кои ги има со вакви парадипломатски структури.

https://www.freenationsrf.org/en

Без гаранции барај си друго чаре

Вчерашната изјава на еврокомесарката за проширување Марта Кос дека нема гаранции за нови условувања на нашиот пат кон ЕУ е уште една потврда за безидејната надворешна политика на Владата на Република Македонија.

Таа се темели на барањето гаранции за предвидливост на нашиот пат кон ЕУ наспроти можните идни уцени од страна на соседите. Главната досегашна надворешна политика координирано водена од Премиерот, Претседателот и Министерот за надворешни работи се состоеше од дипломатска офанзива за исправноста на нашите ставови, при тоа игрнорирајќи го начинот на носење одлуки во ЕУ, значењето на поимот гаранции и политичката воља на Македонскиот народ.

Да бараш гаранции за својот идентитет од страна на институциите на ЕУ или пак одредени членки е апсурдно затоа што не постојат гаранции во меѓународните односи. Истите не се издаваат од страна на унијата, ниту пак земјите членки практикуваат давање гаранции.

Ова барање го игнорира принципот на носење одлуки со консензус во Советот на Министри – тело кое првенствено носи политички одлуки, а второстепено – меродавни, базирани на исполнување на поглавјата во преговори со ЕУ.

Изјавата на Кос само ја потврди ваквата безидејна и погрешна надворешна политика заснована  на игнорирање на интересот на Македонскиот народ демократски изразен на референдумите на 8 Септември 1991 и 30 Септември 2018 година кои гласеа: не во ЕУ под името Северна Македонија.

Кога на сево ова ќе ја додадеме изјавата на Министерот за Надворешни работи на Бугарија, Георг Георгиев, дека внесување на Бугарите во уставот не е единствениот услов за преговори, тогаш се комплетира сликата за нашата политичка елита, позиција и опозиција. Двете најголеми македонски партии  водат погрешна надворешна политика која резултира со подреденост и пониженост во однос на соседите на патот кон ЕУ. При тоа се запоставуваат важни потенцијални алтернативни економски развојни можности и развивање на структурни реформи во образованието, здравството и во државната администрација.

НовАсном смета дека барањето алтернативни економски решенија е дел од економскиот прогрес на Македонија имајќи го во предвид спориот раст на ЕУ. Македонскиот извоз на европскиот пазар во 2024 година е намален за повеќе од 5% во однос на претходната 2023 година.

Во тој контекст врвен приоритет треба да биде постигнување на договор за слободна трговија со Кина од каде што увезуваме повеќе од една милјарда евра годишно и тоа токму за производи за широка потрошувачка. Со укинување на царините на производите од Кина ќе се намалат цените на проиводите кои граѓаните ги користат најмногу. Оваа мерка е многу поефикасна од обидите за  ограничување на маржите или пак за замрзнување на цените на мало што владата очајно се обидува успешно да ја спроведе.  

Апел за мир

НовАсном со загриженост го набљудува процесот на вооружување на Европскиот Континент. Потсетуваме дека за прв пат после 1945 година, ѕвецкањето со оружјето на големо навлегува во Европските држави. Во тој поглед потсетуваме на трагичните последици на сите претходни милитаризации во последните неколку века. Ја поздравуваме акцијата на движењето, ‘Пет Ѕвезди‘ во Италија, кои први го кренаа гласот против ова лудило. Ја повикуваме македонската јавност да ја избере страната на мирот. Единствениот избор на малите правдољуби и слободољубиви народи.

Продолжување со не ефикасни економски мерки

НовАсном ги анализираше последните владини мерки во однос на потрошувачката кошничка и лимитирање на маржите и смета дека само преку оптимални пазарни услови и здрава конкуренција пазарот може да постигне најниски цени на производите што ги нуди. Тоа е есенцијата на пазарната економија која природно гарантира најмали цени на производите и услугите.

Во тој контекст последните владини мерки на лимитирање на бруто профитните маржи и  замрзнување на цените  на дел од прехрамбените производи, што се докажано не ефикасни економски мерки кои не резултираат со саканите ефекти, во исто време додатно ги оптоваруваат фирмите кои се опфатени од истите не ефикасни владини мерки.

Нашето тврдење, кое е истористи докажано и се учи во основите на макроекономијата, е поткрепено и со податоците од статистиката која вели дека минатата година инфлацијата беше на високо ниво од 4.4% и поред тоа што имаше две рунди на лимитирање на маржите на продуктите во малопродажба се со цел да се намали инфлацијата.

Како додатен негативен фактор кој ја прави владината мерка не ефективна е големиот увоз на храна во вредност од милјарда и шеесет и седум милиони евра годишно. Цената на оваа храна е увозна и владата не може да ја котролира увозната цена која во минатото беше извор на инфлацијата а со тоа ја прави владината мерка додатно не ефикасна.

Познати несакани ефекти на оваа не ефикасна владина мерка се и недостатокот на намирници во маркетите и ценовната варијација пред владината мерка да се имплементира кои највеќе го осеќа нашиот напатен народ. Зголемување на сивата економија во делот на производи на мало на сметка на намалениот промет на маркетите е уште еден не сакан ефект кој дирекнто го намалува полнењето на буџетот.

Главен фокус на борбата за еднакви пазарни услови кои гарантираат најниски пазарни цени е борбата против сивата економија и фокус на работата на државната пазарна инспекција кон зелените пазари и нивна задолжителна фискализација.  

Ослободувањето на царините на храната од увоз е уште едно ефективно решение за кое се залагаме. Со оваа мерка потенцијално ќе се намалат цените на храна која ја увезуваме во вредност од една милјарда евра на годишно ниво.

Со примена на овие две економски мерки ефектот врз цените ќе биде многу поголем него досегашните докажани не ефективни мерки.

Да се ослободиме од политичките и економски стеги

Последниот извештај на Светска Банка за глобалната економскa прогноза во делот на Западен Балкан е потврда и констатација на реалноста во која запднавме по менувањето на името на нашата држава. Имено, Светска банка предвидува најмал раст на економијата на Македонија од 3% споредбено со остатокот од земјите на Западен Балкан, како Србија 4.2% , Босна и Херцеговина 3.2%, Црна Гора 3.5%, и Албанија 3.5%. Ваквата катастрофална економска состојба е само продолжение на досегашните лоши економски резултати кои нашата економија ги постигна од кога станавме членка на НАТО.

НовАсном ги извади податоците за економскиот раст на Западен Балкан, Централна Европа, и Светската економија во годините од 2021-2023 од дата базата на Светската Банка каде што се гледа дека Македонската економија во овој три годишен период оствари убедливо најмал економски раст од мизерни 2.59% годишно! Заклучоците од досегашите и идните перформанси се следни:

Прво, Владата на Мицковски, и поред својот силен медиумски ПР во делот на економијата,  имплементира неефикасни економски мерки. Една од нив е лимитирање на маржите во малопродажбата и спората дистрибуција на Унгарскиот заем под несоодветни критериуми кои ќе резултираат со најнизок економски раст на Западен Балкан.

Второ. И покрај обидот да се направи разлика помеѓу бившата владеачка гарнитурана СДСМ и ДУИ и сегашната влада, во суштина нема разлика во економските политики. До крајот на 2025, кога ВМРО-ДПМНЕ ќе е на власт, година и пол, ќе имаме најмал економски раст во Западен Балкан баш како и до сега кога владееа СДСМ и ДУИ.

Трето. Македонците се историско излажани за нивната иднина од своите политички елити, разни НВО организации, лажните економски аналитичари и западни дипломати. Тие не уверуваа дека кога ќе влеземе во НАТО, ќе ни се отворат ЕУ вратите, ќе имаме поголем економски раст, поголеми инвестиции, владеење на правото итд… итд.

Четврто, смената на уставното име претставуваше инцијална каписла за нови политички уцени од страна на ЕУ членките како Франција, Бугарија и Грција. Се најдовме во неподносливo потчинета состојба во однос на Грција и Бугарија, кои политички не изолираа на патот кон ЕУ.

Логичен е заклучокот дека со промената на уставното име немаме ни политички ниту економски бенефиции туку само додатен економски товар. Само за пример: од буџетот за 2024 за одбраната издвојуваме 5.857%, од кои преку 100 милиони евра кои се трошат за набавка на скапа западна воена опрема и се полнат буџетите на нашите западни сојузници во време кога во Македонија немаме ни една современа депонија за отпад! Училиштата ни се во катастрофални услови, болниците кадровски и технички недоволно опремени, низок е опфатот и третманот на отпадните води со што се загадуваат реките и езерата со необработени фекалии.

НовАсном предлага логички економско-политички мерки кои имаат за цел враќање на достонинството на Македонците и зголемена економска активност која ќе резултира со поголем економски раст од досегашниот.

Прекин на Преспанскиот и Бугарскиот договор како услов за враќање на достоинството на Македонецот и создавање на нови предуслови за јакнење на духот и свеста дека ние можеме да си ја изградиме Република Македонија со сопствени капацитети користејќи ги сите економски погодности кои ни се нудат.

Потпишување на договор за слободна трговија со Кина од каде што потекнува околу 10% од нашиот увоз. Со тоа ќе ги намалиме цените на производи за широка потрошувачка и ќе го зголемиме стандардот на граѓаните.

Прекин на следењето на надворешна ЕУ политика со оглед дека таму владее дискриманција врз македонците од Грција и Бугарија, а таа дискриминација е спротивна со нашиот вредносен карактер на целото наше општество.

Прекин на санкциите кон Русија со што ќе се зголемат приходите од извозот на овошје кој опадна и до 85% ! Зголемување на приходите од Тутунот, Машини и транспортни уреди. Оваа мерка е резултат на фактот дека и покрај санкциите повеќе земји членки на ЕУ активно тргуваат со Руската Федерација директно или преку трети земји.

Овие конкретни чекори се само првични чекори кон ослободување на политичките и економски стеги кои ни се наметнаа со Преспанскиот и Бугарскиот договор и безсмисленото следење на заедничката Европска Политика и истите се предуслов за поголем економски раст, поголем од досегашниот кој е најмал во регионов.

Престедателката Фон Дер Лајен ја подржува дискриминацијата врз македонците

Почитувана Претседателке Фон Дер Лајен, НовАсном  ви пожелуива пријатен престој во Македонија.

Ве молиме да ни одговорите, како да продолжиме на патот на нашата евроинтеграција имајки во предвид дека Европската Комисија се прогласува за ненадлежна да ја санкционира Република Бугарија за кршењето на Темелните вредности на ЕУ содржани во член 12 од Повелбата за Фундаменталните права на своите граѓаните?

Како да се интегрираме во ЕУ, кога во Република Бугарија и Грција постои дискриминација врз македонците која е подржана од самата Европса Комсија на чие чело сте вие?

Да потсетиме, НовАсном заедно со Македонскиот Клуб за Етничка Толеранција од Благоевград, поднесе претставка до Еворпската Комисија против забраната за регистрација на Пиринскиот клуб од страна на Бугарија. Во претствката, наведовме дека Бугарија ја крши темелната вредност на ЕУ содржана во Повелбата за Фундаменталните права на своите граѓани. Според членот 12, секој граѓанин на ЕУ има право да формира свои здруженија.

Република Бугарија го забранува формирањето на здружението, Македонски клуб за етничка толеранција, и има добиено пресуда против забраната на регистрација на клубот во Европскиот Суд за Човекови Права

Европската Комисија се прогласи за ненадлежна, со што зазеде дискриминаторски став кон македонците во Бугарија. Со ваквиот став, Европската Комисија ги крши основните човекови права на македонците во Бугарија.