Антимакедонската политика во ЕУ е широкоградна

Гласање за извештајот за Македонија во ЕУ парламентот, потврди непријатни констатации за нашите безалтернативни политички елити кои влезот во ЕУ го гледаат како единствено решение  

Прво, кршењето на основните човекови права и ксенофобична политика против Македонците е длабоко навлезена во Европскиот Парламент а бришењето на македонскиот јазик од извештајот, е доказ за ксенофобичната политика. 

Но, Европскиот Парламент не единсвена институција во креирањето на анти-македонски политики во склопот на ЕУ. Европската Комисија и судот за правда во Луксембург, се исто така коспонзори на антимакедонската политика. За потсетување, НовАсном заедно со забранетиот Македонски клуб од Благоевград, поднесе претставка против Бугарија во Европската Комисија во септември 2023 за кршење на фундаменталните права на граѓаните на ЕУ (член 12), правото на формирање граѓански здруженија. Претставката беше одбиена од Европската Комисија. Потоа поднесовме тужба против Европската Комисија во судот за правда врз иста основа. Судот за правда ја разгледа тужбата против Европската Комисија и се прогласи за ненадлежен да го решава горчливиот проблем. Со ваквите постапки, Европската Комисија заедно со судот за правда, покажаа дека кршењето на основните човекови права на Македонците и неследењето на Европското право внатре во Европската Унија е системска и е навлезена во сите институционални пори во ЕУ. Носители на ваквата антимакедонска политика се грчката и бугарската држава кои ги користат ЕУ институциите за спроведување на нивните политики.  За жал, преку Преспанскиот и Бугарскиот договор, антимакедонската политика е длабото навлезена во нашето општество и последиците ги чуствуваме секојдневно.  
Второ, целокупната политика на ЕУ е безалтернативност, водена од водечкиот македонски политички естаблишмент е стратешка грешка и секојдневно доживува дебакл на сите страни. Тоа се манифестира преку нови бугарски уцени и понижувања или пак понижувања од страна на ЕУ Парламентот. Политичката траекторија наметната под условите содржани во преспанскиот и бугарскиот договор неминовно носи кон правно самоуништување на Македонците.  
НовАсном се залага за бескомпромисно следење на политичката вољја на  Македонскта нација содржана во референдумската вољја од 8 септември 1991 и 30 септември 2018 година како и за креирање на функционално општество каде што секој граѓанин ќе има еднакви можности за лабав живот во здрава животна средина. Ова подразбира превземање на фундаментални реформи како департизација и намалување на државната администрација, тотално независно судство, јавно обвинителство кое вистински ќе се справи со политичката корупција, образование кое ќе креира вистинско знаење, современи здравствени услуги и независна енергетска политика.  
Нашата вистинска и единствена Македонска национална безалтернатива е враќањето на името Република Македонија која ќе почива на АСНОМ-ските, сега избришани принципи. Оваа наша национална безалтернатива е вистинскиот чекор кон подобро утре каде што ние Македонците ќе се чуствуваме свој на свое. Колку побргу ова го спознаеме како нација, толку подобро. НовАсном е подготвен за сите предизвици кон нашиот безалтернативен национален пат наречен Република Македонија.

Сашо Маневски, Претседател НовАсном

Подржано од Наша Македонија, организација од Австралија.