НовАсном остро ја осудува изјавата на Стејт Департментот дадена за Гласот на Америка дека, САД очекуваат т.н. “Северна Македонија”, ‘да го одржи духот на Договорот од Преспа. Укажуваме дека, Стејт Департментот треба да ја напушти дискриминаторната политика на форсирање договори кои длабоко се дискриминаторски према македонската нација а договорот од Преспа и Бугарскиот договор во основа се такви, дискриминаторски према македонската нација. Преку овие два договори, Грција и Бугарија, и ja наметнаа својата домашна дискриминаторска политика базирана на кршење на основните човекови права на Македонците и врз Република Македонија. Силни сведоштва за ваквата политика на кршењето на основините човекови права на Македонците во Грција и Бугарија се бројните пресуди против овие земји во Судот за Човекови права во Стразбург.
Исто така факт е дека на 30 септември 2018 година, Македонската нација резолутно, јасно и кристално јасно кажа НЕ во НАТО и ЕУ под името Северна Македонија. Ова е политичката вољја на македонскиот народ од која, ние од НовАсном, но и поголемиот дел од македонскиот народ, не отстапуваме и никакви политики или пак извршни наредби од претедателот на САД нема да не одвратат од нашето основно човеково право но и љубов, ние, нашата земја да си ја нарекуваме Република Македонија. Ваквиот наш став ќе биде за век и веков, се додека не си го вратиме нашето свето име Република Македонија. Македонскиот народ има природно и секакво друго право да се поврзува со територијата на која вековно живее . Ве повикуваме, да ја смените вашата политика која е против националните интереси на Македонскиот Народ.