Петровден

Во светото писмо стои запишано: ,,Преку ноќта Павле имаше видение: стоеше пред него еден човек, македонец, кој го молеше и му велеше: ,,дојди во Македонија и помогни ни!”
По тоа видение веднаш посакавме да тргнеме за Македонија, бидејќи сфативме дека Господ нѐ повикал таму да го разгласуваме Евангелието.”

Вториот ден од крајот на Петровденскиот пост или кај народот познат како Павловден, векови наназад се одбележува на еден посебен начин во Мијачкиот дел, во манастирот св. Петар и Павле во село Галичник.

И ден денес преку одбележувањето на ,,Галичката свадба” која го манифестира враќањето на печалбарите во родните краишта, а преку пискотот на зурлата и екот на тапанот, преку ситните и бавни чекори на ,,Тешкото” и ехото низ Реканскиот дел, се испраќа силен сигнал за постоење на еден посебен народ со свој фолклор и традиција различни од останатите народи. А за тоа што значи народ говори и преродбеникот, историчарот, војводата и пред и над сѐ Македонецот Ѓорѓија Пулески, кој уште пред 150 години во својот ,,тријазичник на македонски, турски и албански јазик”истакнува: ,, Народ се вељид људи који се од еден род и кои зборувајед еднаков збор, и који живувајед и се другарад еден со други, и који имајед јаднакви обичаји и песни и весеља; тије људите ји викајед народ, а место во које живувад народ се вељид отечество од тои народ.
Така и Македонциве се народ и местово њивно је Македонија.”

И по навршувањето на 150 годишнината од издавањето на овој тријазичник, кај нас ништо не е сменето. Нашето постоење како посебен народ и денес е оспорено од оние кои уште тогаш претставувајќи се како наши ,,браќа” зад грб се трудат да го сотрат нашиот корен. Но едно забораваат, а тоа е дека ова е библиска земја која самиот апостол Павле ја одбрал за да го започне Христојанството во онаа Европа која како блудница демне над нас. И не е можно да се избрише она кое самиот бог го запишал во светото писмо и го оставил ова парче земја да се бори против злото. И тешко е, а ќе биде и потешко, но и самиот Исус бил предаден и распнат од својот ,,ближен”, но воскреснал и со прошка победил. И пак ќе се раѓа плод македонски, се додека го сееме семето наше преку овие култирни манифестации, преку фолклорот и традицијата која јасно не одвојува од сите останати!

Автор, ‚‚Савата‘‘