Брза Пруга – Пат до финансиски понор

НовАсном ja поздравува секоја стратешка инвестициска иницијатива која ќе значи придонес во економскиот раст на Република Македонија. Оттука, ја поздравуваме иницијативата на владата за градење брза пруга Гевгелија – Табановце, но, сметаме дека таа, ќе биде неисплатлива инвестиција и лесно може да биде голема пречка за нашиот иден економски развој.
НовАсном направи анализа на плановите за развој на железничката пруга Солун до Идомени, на грчка граница, при што веднаш станува воочливо дека грчката страна не планира градба на пруга со две линии од Солун до границата со Македонија. Наместо тоа, планирана е санација и модернизација на постоечката единечна траса и достигнување на максимална брзина од 160км/час. Ова соодветствува со предвидената брзина на пругата Гевгелија до Табановце. Но ако од наша страна се изгради двојна пруга кога на грчката страна имаме единечна пруга, тогаш инвестицијата во втората пруга од наша страна е губитнички потег и беспотребно давање пари кое ќе предизвика т.н. тесно грло во делот од Солун до Идомени. Тоа значи дека ние, ќе изградиме пруга со два колосека која скапо ќе не чини и која нема да донесе соодветни приходи ( ќе биде понепрофитабилна) заради единечната траса од грчка страна. Предвидената изградба на двојна пруга е неоптимално трошење на појзамените пари за градба на истата, и го прави проектот понеисплатлив имајќи ги во предвид лимитираните капацитети на единечната пруга од грчка страна.  
НовАсном и предлагаа на владата, добро да ги обмисли чекорите во таа насока и да прејде на фазно градење на пругата Гевгелија-Табановце. Предлагаме да се изгради единечна пруга во прва фаза, да се разработи коридорот десет и кога капацитетот на истиот ќе биде достигнат, тогаш да се прејде на изградба на втората пруга по истата делница. Ваквиот начин на градба овозможува лимитирање на финансиските, опереативните и градбените ризици и ефективна употреба на појзамените пари за градба на пругата.  
Во тој контекст, НовАсном ја подржува иницијативата на Здружението на инженери на Република Македонија, за дислокација на сегашната предвидена железничка траса и градење на нова железничка траса која нема да го попречи идниот развој на проектот Вардарска Долинa. Сегашните планови за градба на брзата пруга го оневозможува идниот стратешки економски проект ‚Вардарска Долина‚ зошто идната изградена двојна железничка траса ќе оневозможи развој на проектот Вардарска Долина.
Доста е од непрофитабилни проекти во Република Македонија кои само им носат, долгорочна штета на граѓаните и лимитиран бенефит. 

Во Прилог повелете линкови од развјоните планови за пругата Идомени до Солун

https://www.railwaypro.com/wp/thessalonikis-strategy-for-2030/?utm_source=chatgpt.com

https://www.railwaypro.com/wp/alstom-to-deliver-signalling-systems-in-greece/?utm_source=chatgpt.com

Во атачмент повели детална финансиска анализа што направена од Сашо Маневски врз база на пресметките што професорот Дејан Трајковски ги подготви.