Месец: м.г

Продолжување со не ефикасни економски мерки

НовАсном ги анализираше последните владини мерки во однос на потрошувачката кошничка и лимитирање на маржите и смета дека само преку оптимални пазарни услови и здрава конкуренција пазарот може да постигне најниски цени на производите што ги нуди. Тоа е есенцијата на пазарната економија која природно гарантира најмали цени на производите и услугите.

Во тој контекст последните владини мерки на лимитирање на бруто профитните маржи и  замрзнување на цените  на дел од прехрамбените производи, што се докажано не ефикасни економски мерки кои не резултираат со саканите ефекти, во исто време додатно ги оптоваруваат фирмите кои се опфатени од истите не ефикасни владини мерки.

Нашето тврдење, кое е истористи докажано и се учи во основите на макроекономијата, е поткрепено и со податоците од статистиката која вели дека минатата година инфлацијата беше на високо ниво од 4.4% и поред тоа што имаше две рунди на лимитирање на маржите на продуктите во малопродажба се со цел да се намали инфлацијата.

Како додатен негативен фактор кој ја прави владината мерка не ефективна е големиот увоз на храна во вредност од милјарда и шеесет и седум милиони евра годишно. Цената на оваа храна е увозна и владата не може да ја котролира увозната цена која во минатото беше извор на инфлацијата а со тоа ја прави владината мерка додатно не ефикасна.

Познати несакани ефекти на оваа не ефикасна владина мерка се и недостатокот на намирници во маркетите и ценовната варијација пред владината мерка да се имплементира кои највеќе го осеќа нашиот напатен народ. Зголемување на сивата економија во делот на производи на мало на сметка на намалениот промет на маркетите е уште еден не сакан ефект кој дирекнто го намалува полнењето на буџетот.

Главен фокус на борбата за еднакви пазарни услови кои гарантираат најниски пазарни цени е борбата против сивата економија и фокус на работата на државната пазарна инспекција кон зелените пазари и нивна задолжителна фискализација.  

Ослободувањето на царините на храната од увоз е уште едно ефективно решение за кое се залагаме. Со оваа мерка потенцијално ќе се намалат цените на храна која ја увезуваме во вредност од една милјарда евра на годишно ниво.

Со примена на овие две економски мерки ефектот врз цените ќе биде многу поголем него досегашните докажани не ефективни мерки.