Месец: м.г

Анти бизнис мерки на Мицковски

НовАсном остро ја осудува анти бизнис одлуката на владата за ограничување на највисоката трговска маржа на училишен прибор кој не само што е задоцнет туку е во прилог на зголемување на трошоците и неизвесноста на работењето на сите компании кои се инволвирани во бизнисот на училишен прибор како и во насока на неуспешно зауздување на т.н. инфлација со помош на неуспешно докажани економски мерки, замрзнување на цените. Со оваа мерка, Владата на Мицковски се стави на иста линија како и неговиот претходник, премиерот Ковачевски кој минатата година ги ограничуваше цените на мало и го укинуваше ДДВ-то на одредени неопходни производи, за да ја намали инфлацијата. Резултатот од сето тоа беше, според последниот извештај на светска банка на страна 37, да Македонија, во исто време кога имаше мерки на замрзнување на цените, имаше втора по ред најголема инфлација во регионот.

Замрзнување на цените како неефикасно лоша економска политика се учи во пораните предмети по економија на факултетите за Бизнис и Економија. Со жалење константираме дека советите за имплементација на овие мерки кои му се дадени на премиерот Мицковски се пред се емотивни наместо објективни.

Аналитичкото фокусирање на увозните царински декларации на дел од производите и нивните маржи во малопродажба е утната работа од страна на владата. Главен фокус на анализа треба да биде секторот кој се занимава со училишен прибор, нивното ниво на профити, маржи и оперативно работење, споредба на истото со регионалниот, Балканскиот Регион, за да се даде една објективна споредбена оценка дали навистина имаме пре – високи маржи кои резултираат со високи цени на училишни прибори.

Наместо тоа, владата направила проста анализа на маржите на одредени училишни прибори, и врз база на својата емотивна состојба, демек еве високи се маржите, и во желба да се освојат што повеќе симпатии кај своите гласачи, имплементира анти бизнис политика во име на заштита на потрошувачкиот стандард на граѓанинот.

Чекор во погрешен правец е наметнување на маржите зошто се имало монопол и дуопол во секторот за училишен прибор. Ваквото наметнување на маржите влева несигурност и страв кај целокупната бизнис заедница знаејќи дека владата има начин негативно да влијае врз оперативното работење и ценовната политика на фримите кои имаат своја сопствена корпоративна филозофија на работа се со цел да опстанат на пазарот.

Наспроти тоа, владата треба да обезбеди благопријатни бизнис услови и имплементира про-бизнис мерки кои ќе привлечат што повеќе фирми за училишен прибор влезат во нашиот пазар. Со тоа ќе се зголеми конкуренцијата на пазарот, која сама по себе гарантира ниска цена на производите. Во таа насока потребен е еднаков владин и државен третман на сите пазарни играчи за да се дигне нивото на бизнис клима. Нешто што сега не е случај.