ПРОТОКОЛИ НА ЦИКЛИЧНИТЕ МУДРЕЦИ

Сеништа висат над светот. Тоа се алчност, беда и моќ. Ветената еднаквост и правда израсна во хорор. Др Османи знае дека пропагандата е моќ проповеда распад на западниот Балкан – барут за нова војна на Балканот. Тоа е желбата? Џихад –УЧК? Партиите ќутат – измеќаруваат. Медиумите се џинови на моќ, но и тие кокетираат. Предавството е „опиум“ за Македонија – од Римјаните, падот на цар Самоил, Османлиите, Македонската револуција, меѓу партизаните, фило-бугарштината на функционери тогаш и сега, слугување на НКВД. Абвер, Гестапо, Арачиновското предавство со избркани луѓе без домови, понижени бранители, небулози во црквата, а сега бедно слугување на сите можни разузнавачки служби – источни, западни и џихадистички. Др. Османи вели дека е „господар на светот“ – можеби најавува пан-џихадизам. Гледајте -„Токсиколошката клиника“ е портрет на иднината. Путинофили и Хамасофили врие, плева, џган, сите-урааааа… а „официјално“ е обратно. Под дејство на ген. Крајачиќ, Тимофеев и круговите на Визнер, Филби, Елиот, маса од НКВД-исти работеше во главните институции на СФРЈ и Македонија – ЦК, Собрание, ЈНА, МАНУ, СИД, образование, филм, медиуми и медицинските установи. Под контрола на Гелен, Фелфе, Скорзени, Арбенџи (Бали Комбетар и УЧК со Бериша), Марковиќ, Курт Валдхајм, Стане Доланц, ген. Љубичиќ, ген. Крајачиќ, ген. Копиниќ, Артуковиќ (јуниор), Туџман, Хорватиќ, координирано со службите БНД, ЦИА, МИ6, НКВД (подоцна КГБ), Сигурими (Албанија), МВР (Бугарија) и наши соработници со Абвер, имаше функционери -„увозници“ на луѓе од Албанија и Косово, што продолжува и сега. Во „љубов“ се со бугаро-империја. Па сега „чуриме“ од етнофобен футуризам, џихадизам, нарко-трафицирање и хомо-органо-трафицирање во Македонија. Индустрискиот капитализам (ќерки на ИГ Фарбен) мутира во финансиски – либерал и пост-либерал капитализам. Така, секој финансиски „шуб“, носи војна. Амбасадорот Карапетров пред 15 години рече дека во Украина ќе има ужасна војна и поделба на државата. Бугарија виси на ивица. Прима огромни фондови од ЕУ, а народот е во беда. Блискиот исток е „перманентна војна“ – верска, психичка, финансиска, ресурсна, шпионска. Џихадистите имаат доволно оружје да ја прегазат Европа. Тие ја еродираат Америка и Русија. Обединатите нации – ха-хааа -се само гласачка карикатура! Путин е продукт на „Голгота проект“ (Андропов, Суслов, Горбачов, Буш, Бжежински) за распад на СССР, заедно со Југославија и матење на нашите глави. Македонија е „нова Казабланка“.

Албанската мафија (читај книги на Бабановски, Лучиќ и Џон Лукас) е една од најмоќните во светот и според ФБИ и Агенција за наркотични средства е прва во светот за трафицирање на кокаин (околу 200 милијарди долари) и третина на хероин (неколку трилиони). Потоа – марихуана, амфетамин, фентамин, луѓе, органи, горива, храна, ликвидации, политика итн. Царуваат во Лондон, Њујорк, Холивуд, Ротердам, Антверп, Марсеј, Напуљ, Корзика, Јуж-Америка, Русија, Балкан… Нашите политичари се „скутирани“ – ни да писнат! Огромни „црни фондови“ „фурлаат“ со гласањето сега. Еве ги – „Курто и Мурто“. Владеат клановите Дуќанџик и Беланока, низ светот (Красничи-Маноку-Кастелано-Гачанин-Дервишан…). Полиција – ни да писне! Ќе има гужви – се вмешува србската и руската мафија. Толку од мене деца.

Самуел Садикарио Колономос – бивш професор – доктор, пензионер, старец