НовАсном го осудува изменувањето на членовите 61 и 62 од Изборниот законик со кој се наметна нов услов за учество на независна листа за советници, градоначалници и пратеници со собирање потписи од 1% од избирачите во Избирачкиот список во изборната единица, општината, односно Градот Скопје. Најпогодени независни листи од овој закон се независните листи за Советот и на градоначалникот на град Скопје кои ќе треба да соберат 4630 потписи за да се најдат на избор за Градоначалник или пак за Советник во градското собрание. Како и за независните листи за парламентарни избори каде во просек се потребни околу 2800 потписи, во зависност од изборната единица, за да се најдат како кандидати за прламентарни избори.
Со оглед дека за формирање на политичка партија која може да настапи на локални или парламентарни избори потребни се 1000 заверени потписи, новиот закон ги става независните кандидати во подредена, не еднаква положба. Ове измени на избирачкиот законик се директен напад врз демокртијата, слободубедувањето, независниот активизам и љубовта која независните кандидати ја имаат сакајќи да имплементираат позитивни промени во нашата татковина Македонија. Независните кандидати се чистата и некорумпирана цврста политичка сила која може вистински да влијае врз политичките движења во ова наше политичко корумпирано општество.
Свесни сме дека партиите на власт и во опозиција се уплашени од независните кандидати, кои на минатите локални избори добија вкупно 65,308 гласа и 67 советници кои се појавија во 34 општини од 80 општини во дравава. Уште еднаш се потврдува фактот дека големите партии соработуват меѓу себе за да си го сочуваат својот политички комодитет додека пред нас глумат спротиставеност, анимоцитет и нетрпеливост. Со ваков Изборен Законик, партиската политичка хегемонија се зацврстува и потенцијалната изборна партиска неказнивост се зајакнува на сметка на независните листи кои можат да испорачаат вистинска политичка казна на избори.
Молкот на ОДХР и на ОБСЦЕ кажува многу за нашите надворешни т.н. политички партнери кои молчејќи ги поджуваат овие недемократски измени.
Сметаме дека изборниот законик треба да овозможува еднаквост во можноста за политичко делување на поединци, здруженија или пак постоечките партии. Новоизбраниот изборен законик не овозможува еднаквост во политичкото делување и ги става независните кандидати за пратеници и советници и градоначалник во Скопје во подредена положба и затоа сметаме дека истиот треба да се смени. Решенијата содржани во минатиот изборен законик донесен во 2021 се доволно добри за да потикнат независно делување на независните кандидати и враќање на истите е вистинско решение за потикнување на изворната демократија, слободумност и активизам во Република Македонија.