НовАсном смета дека, последните настани на северот на Косово, се само уште една потврда дека политиката која ја води западот кон Косово на чело со САД, ЕУ, Берлин, Париз и Лондон е катастрофално неуспешна, полна со хипокризија, двојни стандарди а се базира на кршење на резолуциите на ОН. За потсетување, спротивно на Резолуцијата 1244 на ОН, резолуција која самите западни земји ја изгласаа, во 2008 година западот го признаа Косово како независна држава и направија еден меѓународен преседан чии последици ги трпиме секојдневно а беа изразени пред два дена на северот на Косово.
Хипокризијата и двојните стандарди на нашите стратешки западни сојузници не е лимитирано само со нивната косовска политика, туку западната политика на хипокризија и двојни стандарди е норма која е присутна секојдневно во нивните ставови за усвојување на Уставните измени и влез на Бугарите во нашиот устав. Од нас се бара влез на Бугарите во нашиот устав а ниедна од тие западни земји, не бара Бугарите да ги почитуваат основните човекови права на македонците во Пиринска Македонија, почитувањето на Поглавјето на ЕУ врз кои ЕУ е заснована како што се фундаменталните права на граѓаните на Европа – членовите 12, 21 и 22. При тоа нема да ги споменуваме и останатите поглавја како членот 167, Директивата 2000/43/ЕУ – принципот на еднаков третман без разлика на етничката припадност и други.
Ваквата политика на хипокризија и двојни стандарди, ние македонците ги отфрливме со нашето основано несогласување, Бугарите да влезат во уставот на Република Македонија и никаква медумска кампања од страна на владата, медумски емисии составени од лажни аналитичари кои имаат исти заклучоци, ниту пак ниеден западен дипломат може да не убеди да го смениме нашето мислење.
Ние македонците, сакаме да бидеме рамнкоправни во ЕУ и да влеземе гордо и рамноправно исправени како Република Македонија и никако поинаку. На тоа не обврзуваат двата референдума, едниот од 8 септември 1991 година а вториот, на 30 септември, 2018. Секоја друга политичка опција е силување на волјата на македонската нација да биде дел од Европското семејство горда и достоинствена.