Организацијата НовАсном, денеска на годишнината на двата Илиндена, 120 години од Илинденското востание и 79 години од Првото заседание на АСНОМ, на нашите борци им оддава бескрајна почит за нивното херојство и животите дадени во светата борба за слободна, независна и самостојна Македонија. Денеска на овој светол ден-голем Македонски национален и православен празник, громогласно потсетуваме дека ниту еден загинат борец за Македонија, не го даде својот живот за Северна Македонија.
Северна Македонија е грдо и наметнато име кое го бојкотиравме на референдумот на 30 Септември 2018 година и наша обврска, цел и задача е враќање на уствното име Република Македонија.
Тоа е желбата на Македонскиот народ и на сите народи кои имаат почит кон нас, знаеќи дека сакаме мирољубив соживот, базиран на почитување на основните човекови права на сите граѓани на Македонија но и за сите наши соседи. И затоа, не постои партија, партиски или светски лидери што, ќе не одвратат да си го вратиме достоинството и дигнитетот, да си го врати името Република Македонија.
Коските на загинатите борци за Македонија, нивната храброст, издржливост и интелигенција, се нашиот светол факел кој успешно ќе ни ја осветли саканата цел. Овој предизвик е генерациски предизвик пред кои спремно исправени стоиме и цврсто сме уверени дека во нашата генерациска борба ние повторно ќе бидеме победници.
Тоа е нашата праведна борба против одродниците и сите оние кои неправедно ни го одзедоа најсветото и вековното. Тоа е нашата праведна борба за слободна и независна македонска држава, правна и праведна за нас и нашите идини генерации.
Почитувани Македонки и Македонци во Република Македонија и насекаде во светот, организацијата НовАсном Ви честита 120 години од Илинденското востание и 79 години од Првото заседание на АСНОМ, честит Илинден, нашата победоносна битка е во тек.