НовАсном го осудува упадот во нашиот политички систем кој го изврши администратицата на претседателот Бајден со назначувањето на градоначалникот Мерко како персона нон-грата во САД за наводни коруптивни дејствија и вршење притисок врз судството. Не го браниме г-динот Мерко, ниту пак имаме намера да застанеме на нечија страна освен на страната на правдата но, уверени сме дека со овој чин, САД сака да ги моделира политичките процеси во Македонија а при тоа користејќи ги фините флоскули како владеење на правото, борба против корупцијата и.т.н. Со кои докази располага администрацијата на Бајден врз кои ги носи своите одлуки? Дали транспарентно се дадени т.н. докази на увид на јавноста за да ги процени наводните докази? Преку кој правен процес е направена оваа одлука? Дали на г-дин Мерко му е овозможено да ги разгледа т.н. докази и да се брани од истите?
Доколку САД сакаа нешто вистински да направат за нашето судство до сега ќе имаше резултати имајќе во предвид дека до сега, според нивните кажувања, потрошиле околу 500 милиони долари.
Дали не е корупција или пак неспособност да фрлиш 500 милиони долари во реформа за македонското судство а при тоа да немаш никакви резултати во истото?
Да потсетиме, во последните 22 години, ДУИ е на власт 20 години, додека амбасадата на САД го врти истиот наратив околу борбата со корупцијата и владењето на правото, нема ниеден албански политичар осуден за корупција, а деновиве слушаме внукот на г-динот Ахмети го откупил бизнис центарот „Соравија“ за милионски суми. Ете ја таа искреност за борбата против корупцијата, ветинг и што уште не, за која ушите ни се полнат во последниве две и пол децении. Дали Ахмети ќе го прати својот син обвинител да го истражи потеклото на парите на неговиот братучет?
НовАсном се залага за потполно владеење на правото за секој граѓанин без исклучок и сметаме дека нам ни требаат суштински, длабоки и темелни реформи кои ќе резултираат во градење на практично и вистинско еднакво општество за сите. Во таа насока, цениме дека решенијата за независни инситуции во судството, ЈО, државната администрација и Уставниот суд кои се содржани во научната студија на професорот Лабовиќ, се добра основа за менување на уставот на државата а при тоа и да се врати името Република Македонија.