НовАсном испраќа честитки до центарот за Македонски јазик во Лерин и негова конечна регистрација. Со среќа нека ви е, нека ви се множат учениците.
Месец: м.г
На Борел око не му трепнуе за македонците во Егејска и Пиринска Македонија
НовАсном смета дека, додека Г-дин Борел во владата на РМ имаше прес конференција, каде што му беа поставени однапред нарачани три прашања, во Бугарија и Грција, членки на ЕУ, се кршат основните човекови права на македонците. При тоа, Г-дин Борел око не му трепнува за кршењето на основните човекови права на македонците во ЕУ зошто знае дека со себе го имаше сервилниот Премиер Ковачевски кој ја одигрува Бугарската агенда чија крајна цел е правно бришење на македонската нација. Една од првите чекори кон таа цел е внесување на Бугарите во нашиот устав.
Вистинските прашања на кои Г-дин Борел треба да одговори пред македонската нација е до кога Европската Комисија ќе ги толерира Бугарија и Грција да во континуитет ги кршат законите на Евопа? Зошто Европската Комисија која има надлежности за санкции кон Грција и Бугарија ништо не превзема и не ги санкционира истите?
Според ова, патот на оваа вештачка творба Северна, кон Европската Униа е пат кој води кон идентитетска бездна за Македонската нација, чији влез во ЕУ ќе биде и воедно правно исчезнување на Македонската нација. НовАсном ја посакува Европската Дестинација каде што Македонците ќе бидат рамноправни со сите други нарои а не ние да бидеме нерамноправни меѓу рамноправните.
НовАсном е изричито против ваквиот конципиран Европски пат и смета дека барањето на алтернативни развојни решенија каде што секој граѓанин на нашата држва ќе има исти економски можности е патот кон успехот.