Ковачески, премиер кој никогаш не е избран на избори, ја стокми новата предавничка владина постава за да се обиде да направи уште едно предавство стокмено против македонските национални интереси а се со цел, да се задоволат западните геополитички интереси кои ги користат локалните албански политички марионети и да се задоволат големобугарските асимилаторски апетити, од друга страна.
Новото предавство кое го подготвува Ковачевски нема никакава врска со нашиот т.н. ‘Европски Пат’, туку, само ќе ја отвори уценувачката бугарска врата пошироко преку која ќе влезе нова лавина уцени од бугарска страна. Овие уцени се јавно и јасно искажани во резолуцијата на Бугарскиот Парламент од 9 Октомври 2019. Ковачевски и целиот политички врв спремен за нови уставни измени треба да објасни како ќе се справи со бугарските уцени втемелени во оваа резолуција на Бугарскиот Парламент?
Дали е спремен да прифати дека ние сме Бугари до 1945 година и да ги шмиргла спомениците од НОБ зошто, на нив пишува, ‘бугарски фашискитчи окупатор’?
Како ќе се справи со идните бугарски уцени меѓу кои ќе биде и барањето Бугарите во Македонија да ја учат бугарската а не македонската историја?
Ова се само мал дел од многуте забелешки кои оваа влада не ги адресира ниту пак се предмет на анализа.
Оваа политика ја одвлекува целата политичка јавност во погрешна насока и не e насочена на решавање на суштинсктие проблеми во државата.
НовАсном категорично се спротиставува на секоја промена на Уставот кое не е насочена кон враќање на Уставното име Република Македонија.
Градењето на правна држава каде што секој граѓанин ќе има еднакви услови за нормален економски живот е нашата иднина. Сметаме дека добра подлога за овие решенија е научната студија на професорот Миодраг Лабовиќ со кое се даава добра основа за независни институтции и намалено учество на корупцијата и лоповлукот во нашата држава.