30Окт На отварање на Македонскиот Клуб во Благоевград Под силно полициско обезбедување, организацијата НовАсном денеска беше во Благоевград рамо до рамо со нашите пријатели и роднини од Пиринска Македонија на свеченото отварање на културниот клуб ‘Никола Вапцаров’.Сашо Маневски заедно со неколку членови на организацијата оствари средби со претседателите и членовите на забранетите организации од Пиринска Македонија, вклучувајќи ги, ОМО Илинедн, ОМО Илинден – Пирин, Македонски клуб за етничка толераниција и други.На средбата со нашите пријатели од Пиринска Македонија разговаравме за конкретната соработка која ја водиме се со цел подобрување и остварување на основните човекови права на Македонците во Пиринска Македонија.“Нашата соработка трае и се повеќе ќе се продлабочува, во следниот период јавноста ќе дознае за конкретните чекори кои ги превземаме за подобрување на основните човекови права на Македонците во Република Бугарија и заштитата на вредностите на Европската Унија во Бугарија’, ова го изјави Престедателот на НовАсном Сашо Маневски.Честито отварање на Клубот ‘Никола Вапцаров’, нека истиот клуб биде мост на културна соработка на сите граѓани во Република Бугарија.Во исто време сакаме да се заблагодариме на Бил Николов од Македонското меѓународното движење за човекови права без кого ова отварање ќе беше неможно.