И поред декларацијата на советот на град Благоевград за забраната на Македонскиот културен клуб Никола Вапцаров од Благоевград, членовите на забранетото здружение Македонски клуб за етничка толеранција синоќа одржаа седница. На седницата присутните го разгледаа писмото добиено од Комисијата за заштита на дискриминација на Република Бугарија и се расправаше по истото.
Со тоа, членовите на клубот демонстрираа храброст, непокор и слободоумие и ќе продолжат со собирање во просториите на клубот Никола Вапцаров во Благоевград се до негово затворање, ако воопшто тоа се случи.
Правото на здружување е фундаментално право втемелено во Членот 2 од Договорот на ЕУ и е едно од темелните вредности на Европската Унија. Со вчерашната одлука на советот на Град Благоевград, се рушат темелните вредности на Европската Унија.
Еве го резултатот од потпишаниот договор за добрососедство со Република Бугарија, Бугарски одлуки со кои се рушат темелните вредности на Европската Унија која не реагира на истите.
Организацијата НовАсном целосно го подржува клубот Никола Вапцаров во неговите напори да Македонците од Бугарија се здружуваат во здруженија а со забранетата организација Македонски клуб за етничка толерација од Благоевград превзема конкретни чекори со кои ги промовира и брани европските темелни вредности. Во скоро време ќе бидете известени за конкретните чекори кои НовАсном ги превзема заедно со забранетото здружение Македонски клуб за етничка толераницја кои, доколку се следи правото на ЕУ, ќе имаат далекусежни можни последици врз Република Бугарија.