Денес, кога одбележуваме 31 година од спроведениот референдум во 1991, на кој,над 95 посто од македонскиот народ и македонските граѓани се изјаснија за самостојна и суверена држава- Република Македонија, организацијата НОВАСНОМ, гласно прашува: Дали независноста за која се определија граѓаните, требаше да има ваков лик и за која Македонија гласавме???
Денеска, како резултат на погубните и самоуништувачки политики на оваа одродничка и ненародна власт на СДСМ, ние ја немаме Република Македонија, ја имаме Северна Македонија која сегашниве политички елити ја слават како да е Република Македонија.
За потсетување, никој од нас ( 95 проценти од граѓаните) што излегоа на гласање на рефереднумот од 8 Септември 1991, не гласаше за гнасното име Северна. Овој став го потврдивме со неизлегувањето на референдумот на 31 Септемви 2018 година каде што јасно и гласно кажавме дека не сакаме да бидеме дел од НАТО и ЕУ како Северна Македонија.
НОВАСНОМ смета дека денешното славење на независноста на Републиката е лицемерен, лажен и циничен потег на владејачкото мнозинство кое бескруполозно го гази основното човеково право на мнозинската воља на народот да го определи името на својата земја како што сака. Политиката на газење на достоинството и гордоста наша, е тренд кој и понатаму ќе продолжи, тоа е сега дел од Европскиот пат зацртан преку исполнување на понижувачкиот Преспански и деградирачки Бугарски договор.
НОВАСНОМ смета дека оваа петтоколонашка власт, ќе дозволи македонскиот народ, чекорејќи на патот кон Европската Унија, и понатаму да биде биде деградиран, понижен и ќе дозволи штетни договори со кои се менува македонскиот идентитет и засебност.
Организацијата НОВАСНОМ, смета дека тоа е апсолутно неприфатливо за нас Македонците и повикува на конечно единство на Македонскиот народ, како основен предуслов за зачувување на македонските национални интереси, македонскиот идентитет и македонскиот јазик како столб на Македонската засебност и држава.
Наша задача, цел и обврска е да го вратиме нашето достоинство, гордост и чест и да го вратиме нашето уставно име- Република Македонија, да изградиме правно и вистински демократско општество, каде секој граѓанин ќе има еднакви услови за просперитетен живот во здрава животна средина.
Македонски народе, нека е честит и вековит 8 септември, денот на независноста на Република Македонија.