Организацијата НовАсном смета дека францускиот предлог за т.н. деблокада на почетокот на преговорите за членство на Македонија во ЕУ, е штетен документ, кој значи финална капитулација за Македонија. Францускиот предлог се базира на предавничката политика која, во Македонија ја водеа скоро сите влади, од нејзиното осамостојување до денеска, Курто и Мурто политичари кои се во фунција на продавање на идентитетот на македонскиот народ со цел да ја задржат и да останат на власт.
Во последните 30 години, Курто и Мурто политичарите, постепено го продаваа идентитетот на македонскиот народ, го продадоа Македонското национално знаме, името на државата и името на Македонската православна црква. Македонија, за жал е еднинствената земја на пленатава која има направено вакви отстапки за некоја друга држава а на штета на Македонската нација.
При тоа не навлегуваме за отстапките кои се направени со Охридскиот договор, Пржинскиот договор, формирање на СЈО или пак несудењето на воените злосторници од нивните злодела итн.
Бугарија, која е окуражена од отстапките кои ги направија нашиве Курто и Мурто „политичари“ кон Грција, менување на знамето и Преспанскиот договор, и имајќи неприкосновено вето во Советот на Министри во ЕУ, ја гледа оваа ситуација како извонредна можност да си го оствари својот вековен сон и да ги принуди Македонците да постанат тоа што не се, да имаат бугарски корени, бугарска традиција и култура.
Организацијата НовАсном смета дека францускиот предлог за одблокирање на македонските евроинтеграции е страшно лош темел за решавање на наметнатиот и вештачки спор со Бугарија. Истиот води кон ново национално предавство и е резултат на погубната политика на Курто и Мурто каде што предавничките договори ги претставува како победнички додека губитничката политика продолжува.
Организацијата НовАсном смета дека дојде време јасно да се спротивставиме на кроењето на нашата судбина од други сили, да им кажеме НЕ на бескрајните и срамни бугарски барања, на мизерната и срамна деградација што доаѓа од нашиот источен сосед.
Од историски аспект, Македонската нација, денеска е исправена пред историски предизвик а тоа е формирање на нова политичка елита која, безрезервно, искрено и вистински ќе ги промовира и цврсто брани интересите на Македонската нација. НовАсном е спремен за еден таков предизвик.