НовАсном внимателно го разгледа извештајот на Стејт Департментот и Министерството за Финансии на САД во врска со блокирање на имотот на Сашо Мијалков и Никола Груевски во САД, нивното назначување како лица кои биле инволвирани во корупција, мито и кршењето на законите поради што, се ставени на листата на санкции на американското Министерство за финансии.
Не навлегуваме детално во процесот на донесување на ваква одлуки и врз кој правен процес, администраторите во САД ја базираат нивната одлука, ниту пак имаме намера да ги браниме лицата Никола Груевски и Сашо Мијалков. Но она што загрижува е фактот дека Министерството за Финансии на САД во графата на националност, ја користи Северна Македонија за лицата Сашо Мијалков и Никола Груевски.
Ваквиот став на Министерството на Финансии на САД е спротивен од одредбата 3.б од Преспанскиот Договор каде што се вели дека „Националноста на Втората страна ќе биде Македонец/Граѓанин на Република Северна Македонија“.
Жалиме што САД не ги почитуваат договорите кои и самите ги поттикнувале и подржувале со што, самите се ставаат во незавидно хипокритична ситауација која, очекувано, кај граѓаните влева недоврба во политиката која ја спроведуваат на овие простори. Како и да е, го подржуваме фактот што САД не ги почитуваат одредбите од Преспанскиот Договор зошто сметаме дека иститот не само што ќе го поништиме и укинеме, туку прашање е само на време, кога тоа ќе го направиме.
НовАсном се залага за вистински ефикасно и независно судство како најдобар начин да се врати довербата кај граѓаните кон институциите но и за перманентна борба против системската корупција што го „окова“ македонското општество. НовАсном се залага за правичен судски систем, за владеењето на правото и правната сигурност на граѓаните како темелна вредност што треба да го краси нашето општество и секој поединец во државата, без исклучок.
Правото на самоопределување е основно човеково право втемелено во повелбата на ОН и од тоа право ние не се откажуваме се додека не си ги оствариме нашите национални цели.
Да Живее Република Македонија.