Денеска, забранети организации од Република Бугарија заедно со НовАсном го чествуваа денот на убивството на големиот Македонски Револуционер Јане Сандански овде во Мелник, Република Бугарија. Заедно имаме разбирање дека Македонската нација стои исправена со слични ако не и исти предизвици кои ги имаше Јане.
Јане се бореше за Македонија на Македонците — ние ја немаме Република Македонија, Јане сонуваше за Македонцитеда бидат признаени за она што се. Денеска во дел од Европската Унија основните човекови права на Македонците да го изучуваат својот јазик, да се собираат во културни, религиозни и политички движења им се скратува а серијата на пресуди за кршењето на нивните права пред судот за Човекови права во Стразбург се игнорира, а ЕК не го спроведува занонот на ЕУ и не ги казнува членките на ЕУ кои го кршат основното човеково право на Македонците во ЕУ.
Уште полошо, денеска политичката воља на Македонскиот народ изразена на референдумот од 8 Септември 1991 и 30 септември 2018 не се почитува и неговото основно право на самоопределување не се почитува. Затоа ја немаме Република Македонија
Ние од НовАсном се обрзуваме да го следиме патот на Јане Сандански и да се избориме за нашите основни човекови права и правото на самоопределување, право втемелено во повелбата на Обединетите Нации. Од патот што го трасира Јане не се откажуваме и ги повикуваме сите патриоти да ни се придружат во нашата борба за да повторно бидеме победници.